@Gjoroski прочитав шо си напишал во постот, ама пак нешто не сфатив.
Еве ја рекреативно одам во теретана зошто сакам да се оформам малце и да накачам мускулна маса.
Е сеа дали ова со задолжителна потврда е стапено на сила ?
Каде е регулирано ова, во закон ли, во правилник на федерацијата ли ?
Ќе може ли да ни дадеш да видиме како е се тоа регулирано ?
Ќе треба ли ја сеа пример за од февруари да вадам потврда од спортска медицина ?
За оправданоста има и позитивни и негативни страни. Позитивно е секако тоа што сакате да ставите ред, што ќе мора некој да извади лиценца за да дава совети, зошто дефинитивно голем проблем е тоа што секој денес стана боди билдинг инструктор.
Од друга страна па за тие како мене да речеме што одат во теретана за рекреација и не зимаат ни протеини, а камо ли па хемии, ова ќе биде само непотребно малтретирање.
Не викам ни дека е неоправдано, ни дека е оправдано, неутрален сум. Само ме интересира тоа горе што прашав.