Потврда за вежбање/спортување?!

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Јас идам во теретана да возам точак, или да трчам на лента во период кога надвор е многу ладно (ноември, декември...), исто тоа што го правам на пример надвор во останатиот период од годината. И што сеа мене ќе ми треба потврда некоја за тоа. Ова се реализира со една цел и тоа е полнење на “буџет-от“.
Следно што ќе биде??? У маало да играш баскет или фидбалче и за тоа ќе треба потврда?!?!?
Не у маало ќе може да продолижиш и да се дрогираш без лиценца. Без гајле.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Ако возиш точак на кеј, дали треба посебна потврда за возењето и посебна потврда за тие 500 метра кај што треба да го носиш точакот во раце?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Јас идам во теретана да возам точак, или да трчам на лента во период кога надвор е многу ладно (ноември, декември...), исто тоа што го правам на пример надвор во останатиот период од годината. И што сеа мене ќе ми треба потврда некоја за тоа. Ова се реализира со една цел и тоа е полнење на “буџет-от“.
Следно што ќе биде??? У маало да играш баскет или фидбалче и за тоа ќе треба потврда?!?!?
Не знам колку е цената на таа потврда и колку професионално би се извршил тој преглед и дали ќе биде како и за повеќето лекарски уверенија само да се појавиш. Инаку за твое добро е да си ја испиташ здраствената состојба пред да се занимаваш со било каков спорт.
Не може за секоја ебана иницијатива да коментираме дека е за полнење на буџет. Аман.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Јас идам во теретана да возам точак, или да трчам на лента во период кога надвор е многу ладно (ноември, декември...), исто тоа што го правам на пример надвор во останатиот период од годината. И што сеа мене ќе ми треба потврда некоја за тоа. Ова се реализира со една цел и тоа е полнење на “буџет-от“.
Следно што ќе биде??? У маало да играш баскет или фидбалче и за тоа ќе треба потврда?!?!?
Жалосно е што не го прочита целосно текстот. Да прочиташе, ќе видеше дека по секоја цена не го полниме буџетот. Ништо чудно во скоро време да си плаќаме и за играње баскет или фудбалче во маало, со оглед на тоа што ќе играме на туѓ терен :)[DOUBLEPOST=1422529734][/DOUBLEPOST]
Ако возиш точак на кеј, дали треба посебна потврда за возењето и посебна потврда за тие 500 метра кај што треба да го носиш точакот во раце?
Ова е уште дена потврда за примерот удирање во гради и знаеење се. Прочитај убаво што пишува. Слободни активности, како посета на комшика и слично, не подлежи на потрврди или помеки. Се разбира, се додека посетата не е во теретана и во работно време :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@Gjoroski прочитав шо си напишал во постот, ама пак нешто не сфатив.
Еве ја рекреативно одам во теретана зошто сакам да се оформам малце и да накачам мускулна маса.
Е сеа дали ова со задолжителна потврда е стапено на сила ?
Каде е регулирано ова, во закон ли, во правилник на федерацијата ли ?
Ќе може ли да ни дадеш да видиме како е се тоа регулирано ?
Ќе треба ли ја сеа пример за од февруари да вадам потврда од спортска медицина ?

За оправданоста има и позитивни и негативни страни. Позитивно е секако тоа што сакате да ставите ред, што ќе мора некој да извади лиценца за да дава совети, зошто дефинитивно голем проблем е тоа што секој денес стана боди билдинг инструктор.
Од друга страна па за тие како мене да речеме што одат во теретана за рекреација и не зимаат ни протеини, а камо ли па хемии, ова ќе биде само непотребно малтретирање.
Не викам ни дека е неоправдано, ни дека е оправдано, неутрален сум. Само ме интересира тоа горе што прашав.
 
Ај, попросто ќе се обидам да сумирам.
- Ова е правилник во федерацијата, задолжително ќе е за сите клубови кои членуваат во истата.
- Се надевам и убаво ќе е да стане и законска регулатива. Не сум сигурен дали постои, но во минатото постоеше, ништо чудно и да е регулирано и сега со закон.
- При зачленување потребно е да се попоплни пристапница во која ќе биде се наведено. Меѓу другот и тоа дека е потребно да се изврши здравствен преглед пред да се започне со бавење на физичка активност, бодибилдинг/фитнес.
- Зависи каде ќе членуваш и ќе знаеш ако ти побараат од треретаната.
- Дали е непотребно малтретирање, да си прверите колку сте здравствено и физички подготвени да се бавите со спорт, без разлика како рекреација или слично, тоа е ваш индивидуален избор.

Се надевамм дека сум појасен.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
а што па ако ти дадат потврда кога никој појма нема?? Се сеќавам во 80-тите отидовме преку клубот на преглед во Спортска медицина, тогаш беше во Букурешт. Правеа ЕКГ ама беше на точак, не со лежење. Тогаш немаше овие траки што се на кардиологија. Е сега го слушнав муабетот на сестрите таму, предходниот ден обичен човек, трговски патник, дошол да му напраат ЕКГ на точак, да провери, си платил приватно. Кога завршил со прегледите му рекле се тие супер, пушка не те бие. После 5 минутки умира на скалите ... Па и сега се случува одвреме навреме ќе приумре некој на утакмица, но не само кај нас и слични банана држави туку и кај водечки држави членови на ЕУ...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.572
@Gjoroski ти благодарам на исцрпниот одговор, го ценам ова за што се залагате, но искрено не се согласувам со дел од ова.
ОК е да се воведе ова не велам дека не е ОК, али сите што сме во овој спорт знаеме какви се будали денес изиграваат тренери како прво, втора работа и да има добри тренери нашите теретани тешко одвојуваат да дадат добра плата и одат на варијантата да вработуваат секакви будали.
Искрено не верувам ова дека ќе промени нешто, за употребата на лекови ова не е воопшто начин да се регулира и открие. На крај тие што земаат недозволени работи пак ќе земаат, проблемот е што таквите работи се продаваат на црно (иако и ти и останатите знаеме и кој ги продава ;) ). За на такмичење и за профи натпреварувања тие што сме со години во овој спорт знаеме како одат работите и што се треба да се земе, подобро е да се направи некаква варијанта да ги земаат такмичарите од аптека или преку легални канали (каде што ќе се знае што се зема, а не лекови направени во визба по бугарија). Крај краева секој си одговара за себе и мислам дека ова не треба да биде задолжително туку да ти објаснат во теретаната кои се придобивките ако го направиш, па тој што сака да го направи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom