Љубов? Хм, што ли беше тоа? :raz:
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Шала на страна, значи вака:
Зборот "љубов" ништо не значи, како и останатите зборови кои
ние сме ги измислиле. Зборовите сме ги измислиле за да ги искажеме нашите чувства. Како што реков, зборот "љубов" како збор ништо не значи. Ама постои некое чувство, некоја хемија меѓу двајца луѓе која ние сме ја нарекле "љубов". Секако дека се разликува од физичката привлечност, што ние сме ја нарекле "страст", но тоа се две слични чувства кои често ние луѓето ги мешаме. Љубов е кога се грижиш за некој, кога некој ти недостасува, кога трепериш кога си покрај него...
Тоа е тоа чувство кај нас кое сите некогаш мора да го доживееме, чувство кое се доживува вистински само еднаш во животот и чувство кое сме го нарекле "љубов". Без разлика како се вика, можеби забегав малце од темата, ама сакав убаво да се изјаснам. Тоа што го кажав беше љубов спрема личност од спротивниот пол (иако има исклучоци), ама не сакав тоа да кажам, туку дека постои и поинаква љубов, како што е љубовта спрема детето, спрема мајката, спрема таткото...
А да не заборавам да кажам и дека многу луѓе се плашат да ја доживеат љубовта и затоа тврдат дека не постои. Тоа чувство постои и често го мешаме, меѓутоа не се плашете, луѓе сме, а не животни, можеме да го контролираме тоа чувство, како и чувството наречено "страст".
Мислам дека добро ви го разјаснив поимот "љубов", сега идам да ручам, уживајте.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)