Љубовта претставува премногу широк и недоволно дефиниран поим и затоа е пожелно да се направи дистинкција помеѓу различните видови,форми на љубов:љубовта на мајката кон детето,љубов помеѓу двајца заљубени,љубов кон татковината,љубов кон Бога,љубов кон одреден предмет,пасија,хоби.
Според моето видување,вистинската љубов,која претставува идеал и нешто највозвишено,нешто на кое што не може да му се најде никаква мана и претставува највозвишена човечка состојба во секој поглед,е единствено агапе,која претставува несебична,алтруистична и духовна љубов,според скалата на Сузан и Клајд Хендрик.
Во моментов,барем јас лично,таквата љубов можам да ја препознаам единствено во љубовта на мајката кон своето дете.
Ромео и Јулија и останатото слично на тоа,се тоа е само физика и хемија(посебно) и не е вредно доволно за да претставува идеал,барем според моите критериуми.
Инаку,постои љубов во сите можни облици,т.е.степени на меѓучовечки односи на љубов,но едноставно е нефер агапе да биде исто вреднувана како останатите.