Постење?

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.654
Поени од реакции
3.770
Пиво смее ?
Затоа што ја не пијам вино.
Црковна препорака е, ако веќе си мераклија „на чашка„, земи вино.

Пиво смее секако, во деновите во кои е дозволено користење масло/зејтин или риба во исхраната.

Зборувам за правилата за пост за Велигденскиве пости.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.954
Прв пост ми е, и ќе конзумирам риба за време на постите, прашање ми е, дали можам да се причестам само ако последната недела постам без зејтин, бидејќи така ме убедуваа ама јас не сум сигурен дека може баш така.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.654
Поени од реакции
3.770
Прв пост ми е, и ќе конзумирам риба за време на постите, прашање ми е, дали можам да се причестам само ако последната недела постам без зејтин, бидејќи така ме убедуваа ама јас не сум сигурен дека може баш така.
Ако си почетник во постот, не прај ништо на своја рака, туку обрати се до парохиските свештеници за совет, како да постапиш како почетник и што свештеникот ќе ти советува по тоа прашање. Батали ги приказните за тоа кој што ти советувал од комшиите, затоа што твоите комшии нема да те причестат.

Начините на кои се држат православните пости се однапред зададени, а од нив може да се отстапи ради одредени причини и околности. Ако свештеникот ти советува како да постиш за прв пат, со цел да се причестиш, тогаш држи се до неговите совети и запази го целиот ред од постењето во Црквата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom