- Член од
- 16 декември 2012
- Мислења
- 2.755
- Поени од реакции
- 7.287
Да се приклучиш на ЕВН сигурно ќе платиш меѓу 5-10000 евра. Прашање е и каква струја ќе добиеш. Мангупите од ЕВН во твојот случај нема да се занимаваат со дозволите за поставување инсталација, бидејќи ќе проаѓа преку приватно земјиште. Ќе ти наплатат енергетска согласност, ама и понатаму ти ќе си ги имаш трошоците околу одржувањето на инсталацијата која ја планираш. Се на се, скапо решение.Здраво дечки
Пошто незнаев каде да постирам за ова прашање најсоодветно ми изгледаше оваа тема па решив тука да го поставам моето прашање.
Имам една парцела на многу убаво место на која што сакам да направам викендца со струја, вода се културно, али проблем е тоа што нема блиску напонски столбови од каде би можел да земам струја. Зборот ми е, од ЕВН како што разбрав вршат приклучок само од столбот до објектот, а изведбата (поставувањето на столбовите и кабелот) го вршела друга некоја си приватна фирма. Прашав ваму таму, ми велат огин и пламен бил приклучокот, а никој конкретна бројка да изнесе. Па си реков може ваму некој паталец има што веќе се позанимавал со ова.
На лице место имам само една опција, 400 метри е најблискиот напонски столб од каде би можел да земам струја. Дали некој знае како иде тарифирањето ако земаме во предвид дека би ми требале 7-8 бандери, кабелот, работна рака и се тоа. Колку би ме чинело се ова?
Агрегат во таква средина секако дека е пожелен, па и потребен, дури и да имаш електричен приклучок. Но, никако не би го користел како основен извор на енергија. Замисли за сето време да брчи, да те труе. Башка што и тоа не е евтино. Ако сум запамтил добро, мојот агрегат троши 200-300 мл бензин на 1kw произведена струја, па ти сега рачунај и множи. Велиш, не планираш многу струја да трошиш. Нема ли можност да се приклучиш кај некој комшија, да ставиш контролно броило и да му плаќаш? Тогаш тоа е кабел кој сам ќе го одбереш и димензионираш. Доколку не го решиш напојувањето, греењето, готвењето и бојлерот можеш да го решиш со плин, или на дрва. Во тој случај ти е потребно малку енергија за осветлување, фрижидер, тв... Тогаш можеби можеш да размислуваш за помали соларни панели.
Како и да е, скапа забава!