Поставување на столбови и приклучување на ел. енергија - Помош!

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Здраво дечки :)

Пошто незнаев каде да постирам за ова прашање најсоодветно ми изгледаше оваа тема па решив тука да го поставам моето прашање.
Имам една парцела на многу убаво место на која што сакам да направам викендца со струја, вода се културно, али проблем е тоа што нема блиску напонски столбови од каде би можел да земам струја. Зборот ми е, од ЕВН како што разбрав вршат приклучок само од столбот до објектот, а изведбата (поставувањето на столбовите и кабелот) го вршела друга некоја си приватна фирма. Прашав ваму таму, ми велат огин и пламен бил приклучокот, а никој конкретна бројка да изнесе. Па си реков може ваму некој паталец има што веќе се позанимавал со ова.

На лице место имам само една опција, 400 метри е најблискиот напонски столб од каде би можел да земам струја. Дали некој знае како иде тарифирањето ако земаме во предвид дека би ми требале 7-8 бандери, кабелот, работна рака и се тоа. Колку би ме чинело се ова?
Да се приклучиш на ЕВН сигурно ќе платиш меѓу 5-10000 евра. Прашање е и каква струја ќе добиеш. Мангупите од ЕВН во твојот случај нема да се занимаваат со дозволите за поставување инсталација, бидејќи ќе проаѓа преку приватно земјиште. Ќе ти наплатат енергетска согласност, ама и понатаму ти ќе си ги имаш трошоците околу одржувањето на инсталацијата која ја планираш. Се на се, скапо решение.
Агрегат во таква средина секако дека е пожелен, па и потребен, дури и да имаш електричен приклучок. Но, никако не би го користел како основен извор на енергија. Замисли за сето време да брчи, да те труе. Башка што и тоа не е евтино. Ако сум запамтил добро, мојот агрегат троши 200-300 мл бензин на 1kw произведена струја, па ти сега рачунај и множи. Велиш, не планираш многу струја да трошиш. Нема ли можност да се приклучиш кај некој комшија, да ставиш контролно броило и да му плаќаш? Тогаш тоа е кабел кој сам ќе го одбереш и димензионираш. Доколку не го решиш напојувањето, греењето, готвењето и бојлерот можеш да го решиш со плин, или на дрва. Во тој случај ти е потребно малку енергија за осветлување, фрижидер, тв... Тогаш можеби можеш да размислуваш за помали соларни панели.
Како и да е, скапа забава!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
А овака сега. Од мојата парцела налево од каде што влегувам во имот до асфалтот има уште две парцели коишто се на мои чичковци и тие не праат проблем за вакви работи, зборот ми е, ако излезам до улица со копање преку нивни имот од таму асфалт има 400метра (прав јавен пат) којшто на катастер се води на една парцела. И кога би доставил барање за копање иаку е 400метра барање теоретски доставувам само за копање на 1 парцела? Дали ова е опција?

Овака имам 400метра копање до јавен пат, и 2 парцели на потесно семејство.
Прашај во општина, они се за помали патишта одговорни. Ако поставуваш бандери една ти е околу 6000ден и поставувањето на кабел (без кабел) 40-50ден/м.
Ако копаш, приватна фирма ќе ти побара 100-150 ден/м за ископ со затрпување, треба само кабел да купиш плус.
Направи си математика :)
 
Член од
28 јули 2019
Мислења
31
Поени од реакции
32
Да се приклучиш на ЕВН сигурно ќе платиш меѓу 5-10000 евра. Прашање е и каква струја ќе добиеш. Мангупите од ЕВН во твојот случај нема да се занимаваат со дозволите за поставување инсталација, бидејќи ќе проаѓа преку приватно земјиште. Ќе ти наплатат енергетска согласност, ама и понатаму ти ќе си ги имаш трошоците околу одржувањето на инсталацијата која ја планираш. Се на се, скапо решение.
Агрегат во таква средина секако дека е пожелен, па и потребен, дури и да имаш електричен приклучок. Но, никако не би го користел како основен извор на енергија. Замисли за сето време да брчи, да те труе. Башка што и тоа не е евтино. Ако сум запамтил добро, мојот агрегат троши 200-300 мл бензин на 1kw произведена струја, па ти сега рачунај и множи. Велиш, не планираш многу струја да трошиш. Нема ли можност да се приклучиш кај некој комшија, да ставиш контролно броило и да му плаќаш? Тогаш тоа е кабел кој сам ќе го одбереш и димензионираш. Доколку не го решиш напојувањето, греењето, готвењето и бојлерот можеш да го решиш со плин, или на дрва. Во тој случај ти е потребно малку енергија за осветлување, фрижидер, тв... Тогаш можеби можеш да размислуваш за помали соларни панели.
Како и да е, скапа забава!
Благодарам за опфатниот одговор друже.

Инаку комшиите имаат окрш викендици и реално се на 200 метри лево десно сите, башка што ни тие немаат струја а знаејќи ги, не би ги ни занимало пошто е скапо а реално и слабо одат натаму, па така неможам од никој да земам. Со агрегат не би сакал да се занимавам, едно ќе брчи целден па бензин друго трето, па исправач на стуја ми треба и така. Реално бојлер би бил единствен голем трошач али него можам да го решам брзо. Можам да земам 80литарски со изменувач и сам ќе му скоцкам нешто за загревање дали со дрва дали со плин пошто со тоа се и бавам па нема да барам луѓе и за ова. Како и да е се над 5к за струја би било скапо и од одговорите што ги добивам сериозно почнав да размислувам за акумулатори.
Автоматски споено мислење:

Прашај во општина, они се за помали патишта одговорни. Ако поставуваш бандери една ти е околу 6000ден и поставувањето на кабел (без кабел) 40-50ден/м.
Ако копаш, приватна фирма ќе ти побара 100-150 ден/м за ископ со затрпување, треба само кабел да купиш плус.
Направи си математика :)
Ќе прашам деновиве сега сум ептен зафатен на работа додека да се приберам ништо не работи. А за копањето ако е изводливо реално најефтина варијанта ми е. Бандерите гледам 5к стари со 7-8к нови идат ама јас да ги купам велат неможам да ги ставам, морало приватна фирма да ангажирам. А тие со копање и бандери од нив, башка некаде видов ценовници за возилата нивни 15ден/километар па со кран или друга машина ако идат по 5000/6000 дневно убиј боже ќе излезе работата. Затоа прво ќе прашам за копање како е процедурата, ако нема ништо од тоа ќе прашам чисто информативно колку би чинело поставувањето на столбовите. Ако ми фаќа ептен скапо ондак ќе си ставам соларно и ќе чекам подобри времиња за приклучок :)
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Mozes da gi prasas komsiite dokolku sakaat zaedno da ucestvuvaat za del od kabelot i banderite .
Nie koga stavavme kabel gi prasavme komsiite dokolku sakaat zaedno kabel da se kupi do negde i posle sekoj do kaj nego ali nikoj nekjese, posle toa koa vidoa sijalica sveti pocnaa da baraat priklucok, ali poso kabelot e nas ne im dadovme preku nasiot kabel.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
400Евра е приклучукот

Трасата би минала преку неколку ниви и пасишта, воглавно се парцели без објекти а некои од нив се напуштени со години, зарем може да ти прават проблем за ова? Зарем неможат по меѓите да ги постават бандерите? Размислував и за Акумулатори али струја е струа. Башка скапи се и акумулаторите а работниот век уште не им е на ниво.
Ќе ти бараат согласност од сопствениците, тие тешко да се кандисаат да стават столбови на приватен имот.

Очекувај ѓаол на трета да те кошта, ако ти прават ископ од трафото до кај тебе ќе ти бараат и проект, па после ќе ти дадат предмер пресметка за ровот од метар (варира од типот на земјата, ширина, длабочина, дали има премини и тн) може да биде и под 10евра од метро, а може да отиде и над 25 евра од метар, плус кабли и опрема (рачунај тие се работат со надворешни компании и цените нема да бидат како ти да си го копаш или ти да се пазариш со багерист и електричар туку 7-8 пати поскапо).

Со столбови ти пишаа, прашање дали ќе издржи мрежата до таму, плус и столбовите ќе ти ги наплатата 150тина евра парче со се местење, па кабел и опрема и ете ти ја математиката, не верувам да поминеш под 2500-3000 евра и во најидеална комбинација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom