Поставување лежалки и сенки на брегот, спротивно на меѓународни закони

Член од
12 март 2009
Мислења
20.219
Поени од реакции
16.363
Задниве 2-3 децении започна узурпација и комерцијализација на крајбрежниот дел на плажите, дури со подршка на локалните власти. Не дека немаше и порано, ете во Охрид стојат и сведочат од времето на ехЈу оградата кај Гранит и таа кај Метропол, а има сигурно и други... Ова го има и во Грција, Хрватска, Албанија( на една плажа дури забрануваа на песокот да се стави пешкир !!), за Црна Гора да не кажувам, индивидуалци си бетонираат и заградуваат не само брегот туку и приодот до брегот. Во Турција пак кога бев 1993, особје од хотелот не дозволуваше ни во морето пред хотелот да пливаат луѓе што не се гости, а на брегот имаше 2 ПитБула кој ги знаеја сите гости на хотелот по МИРИС :icon_mrgr:...
По пожарите, пред некоја година, Ципрас донесе наредба и ги испрати булдожерите да обезбедат приоди до морето на секој 200метра, ама само на Халкидики... на пример на Скиатос морето е заградено, огради, табли и кучиња, нема приоди, само до комерцијалните плажи и само неколку Публик бич, кај што нема лежалки.
Еве ТАЗЕ интересна Немила случка во Хрватска ,https://mondo.rs/Info/EX-YU/a1674721/Turista-pretucen-zbog-lezaljke-u-Hrvatskoj.html?utm_source=facebook&utm_medium=ag&fbclid=IwAR2yOru8nStDveHi0mrovIebFKmKB5UXNH2BGjbh720mxvy4asmhKifoMwo

Кај нас во Охрид од пред неколку години ги растурија лежалките, плажите се сега слободни, останува уште теророт во езерото од кајчиња, катамарани, глисери, џет ски, па и Грдосија бродови кој пловат во зона на Пливање..
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.618
Поени од реакции
22.639
Кај нас во Охрид од пред неколку години ги растурија лежалките, плажите се сега слободни, останува уште теророт во езерото од кајчиња, катамарани, глисери, џет ски, па и Грдосија бродови кој пловат во зона на Пливање..
Како мислиш плажите се слободни?
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
97
Поени од реакции
204
Концесијата им беше истечена со години па работеа. Требаше нови проекти и идејни решенија за секоја плажа да се направат, па врз основа на нив да се уредат сите плажи како што треба и да се дадат концесии. Ништо од тоа не се направи, туку само за ПР се „ослободија“ плажите.

Па така денес имаме ситуација да сеуште има разни ѕидчиња, метални конструкции и останати глупости по плажите, нема никакви уредени и организирани плажи и beach барови (освен таму кај што нема закон како Струга на пример), имаме и плажи каде си поставуваат маси и лежалки и веројатно на црно работат, плажи на Градиште на пример кои пак без концесија работат, буквално ништо средено и помрднато од мртва точка на потег од Охрид до Св. Наум, паркинзи непостоечки, пат што се распаѓа, ѓубре, зеленило несредно итн. Битно плажите се ослбодени.

За почеток треба подитно да распишат повик за решенија на сите плажи (нормално што ќе задоволуваат стандарди и нема да бидат трн во око на Унеско), доволно е од регионов само да копираат изглед, материјали и опрема, и да ги дадат под концесија за да ги изградат (после ќе треба и барем еднаш неделно некорумпиран инспектор да прошета и да праша зашто некој ставил 150 лежалки, а во проект стојат 100, зашто некој лупнал кока кола чадор, а требало сламен итн.).

Подитно и да го освежат асфалтот на цела источна обала до граница, заедно со џепови за паркирање каде тоа го дозволува просторот. Ова лесно се прави за да биде спремно до следна сезона и да не изгледа вака очајно цела обала. Нормално, нема ништо да се направи, а ова е само минимумот за да се размислува за нешто понатаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom