Последиците од коронавирусот (COVID-19) врз економијата

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Проблем е што многу добро ги знаеме газдите на повеќето кафичи у скопје и принципот на работа. Тие што имаат собрано таква екипа нема да ја растурат за 1 месец неработење. Проблемот е што они се научени да ги цицаат бизнисите дур не заглават и потоа да ги шутнат вработените. Пишував и во другата тема окулу мерките, катастрофални се за економијата, моите имаат приватен бизнис така да добро ја знам ситуацијата ама немам никаква сентименталност за овој сектор конкретно. Повеќе од пола се со работници на црно, ги фаќаа со паралелни каси, исповрзани се со властите, и сеа ја треба да ги жалам што ќе им пропадне бизнисот? Ќе отворат нови секако, ако нешто не фали у државата тоа се нови кафичи.
Абе финтата е што не се знае до кога ќе трае ова, затоа. За еден месец не е проблемот.
Не знам за кафиќи ама еве за мај месец ресторани што имале свадби закажано се откажани. Ако трае до септември нека стаат комотно клуч и нека чекаат бољи времиња.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Абе финтата е што не се знае до кога ќе трае ова, затоа. За еден месец не е проблемот.
У том грму лежи зец!
Да е месец-два па преку сила и три Ок, не е страшно! Дури и третиот месец дададеш плата на долг, ќе покриеш со работата понатаму.
Целата фрка е што нема показател колку ќе трае ова состојба, ако потрае до есен или недај боже до крај на годината, ќе рикнат сите мали бизниси.
А може и тоа е целта :( , инаку иако не се викам Горан и немам кафана, сепак нема да отпуштам до есен сигурно!
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Добро, како си ги замислувате кафаниве и кафичиве не ми е јасно. Дека имаат по 28 милиони денари на сметка? Вистината е дека тие „успешните“ најчесто работат месец за месец, со парите покриваат набавки, плати, давачки... Останатите се најчесто веќе во долгови, броејќи ги деновите пред затворање и без пандемијава. Од каде да им ја извадат платата на вработените? Сериозно, ти да си газда, од каде би извадил (еве, од ракав) 300.000 денари за плати ако не ти работи локалот?
Ако имаш пријател/познаник кој има барем еден добро посетуван локал (плоштад, сити мол итн.) и кој работи две или повеќе години ќе видиш колку си далеку од вистината. Некои од тие што се жалат, ако биле добри стопанственици и не аздисувале со трошење ќе имаат на сметка барем за половина година за плати на вработените ако не и повеќе.
Арно ама тие бизнисот го замислуваат како овца за молзење 24/7/365. Ме интересира кои сопственици на локали излегуваат со вакви дебилштини за да не им влезам во кафана никогаш.

Sent from my Redmi
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
Абе финтата е што не се знае до кога ќе трае ова, затоа. За еден месец не е проблемот.
Не знам за кафиќи ама еве за мај месец ресторани што имале свадби закажано се откажани. Ако трае до септември нека стаат комотно клуч и нека чекаат бољи времиња.
Се надевам не се луди до септември да ги држат меркиве, во спротивно да, треба да стаат клуч и нека чекаат. Нема логика според мене да ги спасуваш овие бизниси со рок на траење од 2 години. Само ќе си ги џапнат парите газдите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.265
Проблем е што многу добро ги знаеме газдите на повеќето кафичи у скопје и принципот на работа. Тие што имаат собрано таква екипа нема да ја растурат за 1 месец неработење. Проблемот е што они се научени да ги цицаат бизнисите дур не заглават и потоа да ги шутнат вработените. Пишував и во другата тема окулу мерките, катастрофални се за економијата, моите имаат приватен бизнис така да добро ја знам ситуацијата ама немам никаква сентименталност за овој сектор конкретно. Повеќе од пола се со работници на црно, ги фаќаа со паралелни каси, исповрзани се со властите, и сеа ја треба да ги жалам што ќе им пропадне бизнисот? Ќе отворат нови секако, ако нешто не фали у државата тоа се нови кафичи.
Ем приватно работиш, ем кажуваш мерките не чинат, ем пљукаш што отпуштале. :confused:

1. Не работат зашто владата забрани, а други дејности си работат без проблем. (Ни устав, ни права, ни бутур)
Сите треба да ги отпуштиме работниците како технолошки вишок, на сметка на државата да се, па да видиме дали ќе продолжат со тоталитаризмов и глупите неефикасни мерки. Не бараат они помош, сакаат само да им биде дозволено да работат.

2. Ако не се тие "газди" (какви сака нека се) каде ќе се вработат овие отпуштениве 15.000..., од каде млади деца ќе дојдат до некој денар или за некого дополнителен приход...
Алмата и остали комуњарчиња сигурно нема да им дадат од својата плата.

3. Ај комуњарчињава јасно е колкав им е капацитетот и алчноста, па не знаат што се треба фирма да водиш, во време кога системот е на стероиди (благодарение на грујо и фамилијата), ама ти изненадуваш.
За да отвориш кафич/кафанче, треба прво одреден износ на пари да инвестираш/ризикуваш (авансно да се испрчиш). Локалот, ентериер, пијалоци и сл.

За да добиеш дозвола да работиш, треба да "подмачкаш" разни инспекции. Значи повторно пари даваш и тоа лично од џеб (не трошок на фирма), а немаш гаранција дека ќе тргне работата. Плус 1-2 маси обавезно ти се за тие инспекции/мвр/ујп, односно ретко кој им наплаќа, ама трошокот битно го имаш во книгите, па помал и е профитот.

Ако си малку поголем локал или ти иде турбо, обавезно имаш рекет, значи пак пари ти земаат, а ги делат со тие што треба да те штитат.

Е ај сеа ти направи математика, од како ќе ги земеш сите овие фиксни трошоци во предвид, а немаш гарантиран прилив....

А другите што се жалат дека големи маржи имаат (реално е така), не знам што чекаат и не почнат и тие да заработуваат :toe:. Еве отворете и вие, не мора кафето да биде 100, нека биде 60денари :cautious: .

Газдите полесно ќе пројдат низ кризава, вработените повеќе ќе страдаат, ама јбг кој како си сфаќа животот.

Значи системот прво те рекетира, а после за да извадиш парите што си им ги дал (за ништо), а и да продолжиш да им даваш, ти дозволува и без фискална, и на црно, и се што треба за повеќе да има за нив. Ама сигурно вработените во системот, кои земаат плата од нашите даноци и задолжување на правнуци, не се причина и не се виновни за ништо. (y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.622
Поени од реакции
34.808
ice_screenshot_20200408-160439.png

... осудувани зошто на време на пандемија не ги почитуваат препораките, а и банките со затварање на повеќе експозитури и шалтери придонесуваат дополнително да нивната странка повеќе да се откаже од чекање, отколку да биде услужена...оти, гледајќи ги вака не ми се гледаат толку пензонерски, а и да се ...некако висок датум 07.04. кога пензиите веќе на први во месецот се пуштени и веќе се подигнати, а да беше во интерес на банките вработените на банките дома ќе доаѓаат, а не вака успорено да работаат...

c6IMUfT.jpg

... се прашувам зашто ниеден новинар не прашал (како што прашува тие по маркети, улици, паркови, пазари) зошто чекаат? за подигање на пензиите?
не би рекла, луѓето си ги подигааат заштедените пари кои ги чувале во банки, а банките „во лер“ работаат за да „ не се испразнат“... народот се плаши дека во ова лудо време на пандемија може да бидат изгубени нивните заштеди, а не дека пензионери подигаат пензии како да не....цела недела, а и профилот на луѓето не се баш „пензионерски“, постарите памтат и го имаат доживеано тоа пола-пола со сопствените девизи заштедени во банките во време на транзиција, ионака кажано е јавно цитирам ,,..."Ви ги знаеме сметките, донирајте или со Уредба ќе ви земеме пари"! ...,, ако важат за сопствениците, зашто не би важело за сите?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.265
Прегледај го приврзокот 243823

... осудувани зошто на време на пандемија не ги почитуваат препораките, а и банките со затварање на повеќе експозитури и шалтери придонесуваат дополнително да нивната странка повеќе да се откаже од чекање, отколку да биде услужена...оти, гледајќи ги вака не ми се гледаат толку пензонерски, а и да се ...некако висок датум 07.04. кога пензиите веќе на први во месецот се пуштени и веќе се подигнати, а да беше во интерес на банките вработените на банките дома ќе доаѓаат, а не вака успорено да работаат...

Прегледај го приврзокот 243825

... се прашувам зашто ниеден новинар не прашал (како што прашува тие по маркети, улици, паркови, пазари) зошто чекаат? за подигање на пензиите?
не би рекла, луѓето си ги подигале заштедените пари кои ги чувале во банки, а банките „во лер“ работеле за да „ не се испразнат“... народот се плаши дека во ова лудо време на пандемија може да бидат изгубени нивните заштеди, а не дека пензионери подигаат пензии како да не....цела недела, а и профилот на луѓето не се баш „пензионерски“, постарите памтат и го имаат доживеано тоа пола-пола со сопствените девизи заштедени во банките во време на транзиција, ионака кажано е јавно цитирам ,,..."Ви ги знаеме сметките, донирајте или со Уредба ќе ви земеме пари"! ...,, ако важат за сопствениците, зашто не би важело за сите?
Не се секирај, државите знаат дека народот би направил стампедо во банките да подигнат парите, па пред да дојде до тоа, ќе направат дигитална валута само. На тој начин нема што да подигаш :D
Овие гужви пред банките се, поради исплата на социјалната помош, а намален број на филијали кои работат, а во тие што работат, намален е бројот на отворени шалтери, па има гужви.
Повеќето од овие луѓе кои примаат социјална помош немаат картички или не сакаат да ги имаат (не знаење и недоверба).

Рано е за стампедо кон банките.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.766
Поени од реакции
17.482
@Bafea, Да не ти го цитирам цел пост, си ми ја утнал тотално поентата. Не ми смета да им даде државата да работат, ако тоа им е барањето. Она што ми смета е владата да им ги одржува бизнисите преку кој во добри времиња млатат пари (сите ги знаеме кој луѓе ги држат јаките кафичи у скопје) а сеа не можат да издржат 1 месец без да крахираат. Извини, со мои пари очекувам државата да помогне на фирми кој не смеат да згаснат.А за кафичиве не се секирај врските им се тука за да си ги отворат пак, со уште пофенси име и нови вработени.
Тие луѓето што ќе ги отпуштат, која е разликата помеѓу тоа владата ги плаќа директно или парите да им ги уплати на газдите?
 
Па ти си утнал целата поента, кај гледаш да бараат да им се помогне. Самите викаат, не сакаме помош, еве вие плаќајте ги вработените што ги отпуштаме поради вашите нереално катастрофални мерки.
Зашто банките камата да наплаќаат, зашто евн да ја полнам со пари, кога државата присилно ме затвара дома итн итн...

Плус ова што го дава владата како помош, не сум прочитал се, ама ако треба после во 2021 да се вратат, стварно неефикасно.

Допрва ќе офкаме, ама јбг кога не гледаме подалеку од носот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ем приватно работиш, ем кажуваш мерките не чинат, ем пљукаш што отпуштале. :confused:
Класична маЌедонска филозофија, да цркне газдата! Не е важно што кога би дошол димче на негово место, фирмата би рикнала за 2 месеци! Важно да се сече гранката на која се седи :facepalm:
Ако не Ви чини бе дечки одете таму кај што ќе ви е подобро или отворете свој бизнис:D, државата дава иницијален капитал!
На почетокот на кризата никој не рече како ќе ни преживее фирмата, сите се потресоа што морале да го користат вториот дел од годишниот одмор, во време кога не има било воља на ташакот:cenzura:
Е после чорба, епа чорба маЌедонче!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Треба Преквалификации... овие меркаи ќе потраат. Од друга страна ќе има потреба за ланч пакети за карантини и полски болници и достава на храна за време полициски час...
Најлошо сценарио за кафаните е ако затворат не поради забрана, туку народот нема да им иде, се менува начинот на живот, десоцијализацијата ќетрае многу подолго... а тоа ќе го кркаат и свирачи и сликари по свадби, општо уметници и спортисти, за сексуалните работнички ич да не кажувам... готово е со свадбарските оргии...
А има и друго, многу пред Короната пак на пример кај нас испозатворија речиси сите бурекџилници, сме чекале ред или кола да палиш за еден перек да купиш, немало пекари, се во Хрватска и Германија избегале....

еве пример Пицерија како размислуваат
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
4.983
Хахаха ќе си биде бе, што не било. АВРМ ќе им се јави на сите отпуштени да им понуди работа во експресен рок.

In other news

Андреева: Не е време за експерименти во вонредна состојба со економија во слободен пад

Право на финансиска помош не остваруваат сите оние кои користат субвенционирање на придонеси, од било кој претходен повик или проект. Да ми каже некој зошто? Да, во ред користеле субвенции, Но, во нормални услови. Еве да земеме пример еден локален бар, со вработени 6 лица, за 4 од нив користел мерка субвенции на придонеси. Од средина на март се затворени, значи не остварува никаков приход. Што му значат тие субвенции кои ги имал, ако тој нема од каде да обезбеди основна нето плата бидејќи не работи?
Еден келнер ако си имал таков. Нема субвенции за тебе!!!

2. Управители, основачи, прокуристи, членови на управни органи итн., повторно немаат право на користење на оваа мерка. И еве мене повторно ми се наметнува прашањето, дали некој зема предвид колку од микро компаниите се човек-фирма? М? Не, а? Сите оние кои одлучиле самостојно да заработуваат за себе притоа редовно плаќајќи даноци и придонеси на државата, таа иста држава сега им вика дека нивниот придонес не е ист со оној на големите. И да, во право сте, не е ист, поголем е. Во Библијата има една случка, каде што Исус земајќи за пример една вдовица, вели дека повеќе дава оној што дава од својата немаштија, отколку оној што дава дел од својот вишок. Ама не, ете на тие сега помош не им треба, бидејќи "имаат" функција управител, основач или сл
Јбг не важело за директорите!!! :rolleyes:

3. За време на користење на мерката и 4 месеци потоа работодавачот не смее да го намали бројот на вработени освен во случај на смрт или исполнување право на пензија. А што правиме ако вработен сака да напушти? Или реално нема потреба веќе од истиот? Ви текнува дека и вработени може да злоупотребат вакво нешто знаејќи дека мора да ги задржите ради бројка? Или да бараме некој фиктивно да го пријавиме само ради бројка?

4. Право на искористување на оваа мерка ќе имаат оние кај кои приходот е намален за повеќе од 30% во споредба со месечен просек во 2019 година. Е сега, тука јас сакам мене и на колегите сметководители кои ќе треба да го пресметаме ова, да ни објасни која магија треба да ја употребиме. За да го добиеме податокот, прво, клиентите треба да ја комплетираат целокупната документација за месецот за кој сакаат да аплицираат, да ни ја достават нас да ја обработиме (имајте на ум дека и ние работиме во услови на вонредна состојба и намалени капацитети!), и сето тоа да се заврши до 5ти во месецот бидејќи тоа е краен рок за аплицирање! Мислам сериозно ова? Па во нормални услови е премија ако до 15-ти ги собереме документите, а не па сега. Тука е и нашето изложување на дополнителен ризик од зголемена фрекфенција и контакт со документи, а патем, и не сме сигурни дека ќе можеме да наплатиме со што и нашата егзистенција е загрозена.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Некои од прашања од женава се толку УаУ да не вредат ни да се разглабаат.

Инаку и земјите во регионот и оние подалеку, финансиски слично ги помагаат фирмите. Најчесто со минимални плати, одложување плаќања даноци и брзи кредити. Македонија не измислила вакви инструменти само јбг, нема пропагандна машина што ова ќе го извитопери од настан на пуштање чешма до степен на лидери во регионот и најдобро здравство пошироко.
 
Де просветли не, што тоа не држи вода во нејзините ставови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom