Demon Seed (1977)
Еве ми ја мене и првата рецензија. Иако не очекував дека ќе биде баш за овој филм
.
Прочитав дека филмов има култ класика статус, и од скептицизам, решив да го ѕирнам да видам за што се работи, бев начисто спремен да го искритикувам до даска. Ама како што понекогаш ми се случува, бев доста пријатно изненаден од филмот. Буквално од секој аспект (звук, визуелни ефекти, глума, приказна - ми одговараат со времето кога е сниман филмот, и искрено пријатно носталгично чувство добив гледајќи го). Потсеќа многу на некоја мешавина на Розмариното Бебе и Одисеја 2001 на Стенли Кјубрик (своевремени хитови и денешни култ класици поеднечно).
Не знам како не сум налетал порано на филмов, а доста хитови од тоа време ги имам поминато не знам по колку пати до сега, што ми падна чудно. Сметам дека филмов ќе е пријатен за гледање и дека нема да потроши саат ипол од своето време за џабе, ако е фан на научна фантастика/suspense/трилер комбинација од елементи во своите филмови, особено во пакет кој доаѓа од втората половина на 70те години. Знаете дека филмовите од тоа време доаѓаа со посебен шмек, да го речам. Што значи во најмала рака очекувам филмов да виде биде "океј". Што би било добра замена ако се досадувате пред телевизор дома (дури и да не сте некој голем фан на гореспомнатите жанрови).
Еден краток синопсис за филмот -
Demon Seed e филм во кој се случува технолошко откритие кое според луѓето бега надвор од контрола .... свесно. Луѓето сакаат да спречат се пред да се случи некаква катастрофа. А од своја гледна точка главниов ни нечовечки протагонист ја гледа иднината и наредниот чекор на еволуцијата на човекот во своите постапки. Која ќе е вистината на крај?
Не навлегувам во понатамошни детали бидејќи ќе се расипе приказната и сенсот додека се гледа филмот. Инаку филмот го има и како книга, доколку некој е заинтересиран. Всушност, филмот е и базиран според книгата. Обично сите филмови кои сум ги гледал до сега, а се базирани на книги, се покажале или како хитови, или за мене лично, биле хитови и ме импресионирале. Значи има нешто во тоа како некој филм ќе се покаже како производ, ако има добар литературен background, приказна, и осмислени карактери. Тоа му фали денес на Холивуд според мене.
Еве ја книгата, го имате и авторот на неа:
....................................................
Музика: 8/10
Звук: 7/10
Визуелност: 8/10
Глума: 8/10
Приказна: 8/10
__________________________
Генерална оценка: 78/100