Голема доза на посесивност во врската во секој случај одбива и ја "убива", и оној кој ќе избега од тоа нормално дека ќе си каже "добро што конечно се отерасив". Aма не сите исти, познавам луѓе кои уживаат во посесивноста на својот партнер.
Според мене партнерот не е мое власништво, власништво имам само на предметите, но не и на луѓето, секоја личност си "припаѓа" сама на себе. Мислам дека во повеќето од нас има мала посесивност, и се додека не излегува на површина нема никаков проблем. Пример кога некоја девојка се обидува да флертува со мој партнер, едноставно се насмевнувам и го бакнувам (мој дечко!). Така и давам љубезно дознаење дека тој тип е веќе зафатен - тоа е еден вид посесивност, но во МАЛА доза. Истовремено му покажувам на партнерот дека ми е битно што тој прави, дека не ми е сеедно и дека реагирам на можната конкуренција. Сосема друго е ако отидам и сакам да и ги ископам очите, зашто го прашала колку е саат. Тоа е претеризам и нема никаква врска со љубов, со тоа покажува дека тој/таа има голема доза на несигурност. Таквата посесивност со тек на време станува напорна за трпење, а никој не е должен со такви сцени да му биде исполнето секојдневието.