Iris, има и друг проблем, не е само шмекањето и слични глупости. Мене баш заради огромна посесивност од другата страна една врска ми се уништи. Се беше ок, убаво, прекрасно, ама посесивна беше до немајкаде! Луѓето се луѓе, живи суштества и никој неможе да ги поседува само за себе, невозможно е. Ако си го сакаш дечкото тој ќе е твој на начин и онака како што единствено може да биде твој, но не и на начин на кој е во релација со своите другарки на пример. Ако те сака тебе тогаш те сака на начин на кој се сака некој во кого си вљубен, некој по кого срцето ти трепери, но неможеш да се лутиш ако на пример си ги сака и своите другарки на сосема поинаков начин, нели?