- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.081
- Поени од реакции
- 12.630
Типот нема ни половина од казната да ја одлежи, за помалку од 5 години ќе го видиме во Европскиот Парламент, во Европскиот Совет или па можеби во Европската Комисија, како мудрува и филозофира за таканаречените европски вредности.Санадер осуден на девет години затвор
Поранешниот премиер на Хрватска и лидер на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен за извлекување пари од државни институции и фирми преку маркентишката агенција „Фими медиа“, по која е наречена и најголемата корупциска афера во хрватската политика, јавува Танјуг.
Санадер е осуден на девет години затвор, а судот го задолжи да ги врати парите.
-----
Според мене со ова Хрватска покажува дека е вистинска европска земја, пораката е дека никој не е недопирлив.
Чисто колку за потсетување, и кај нас во Македонија во 2004 година на гости ни дојде тогашниот британски Министер за Европа, Денис Мекшејн, кој ни мудруваше и филозофираше со неговиот рачен часовник, говорејќи дека ако Македонците излезат да гласаат на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа, часовникот ќе се врател назад за Македонија, а ако Македонците гласаат против задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа, или уште подобро, ако воопшто не ни излезат да гласаат на референдумот, тогаш часовникот ќе продолжел понатаму за Македонија.
И како што денес е општо познато, референдумот заврши неуспешно бидејќи помалку од 51% од сите граѓани со право на глас излегоа да гласаат, часовникот продолжи понатаму за Македонија, а гледаме што ни донесоа часовникот на Денис Мекшејн и новата територијална организација на локалната самоуправа - уште поголема поделеност по национални и религиски внатрешни граници и јужен сосед кој го блокира членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за полноправно членство со ЕУ.
Ете што ни донесоа Денис Мекшејн, неговиот рачен часовник и новата територијална организација на локалната самоуправа.
А каде е Денис Мекшејн денес ?
Па, во моментов е на одмор на сметка на британските даночни обврзници во затвор, осуден на затворска казна од 6 месеци, откако претходно на суд призна дека извршил проневера на финансиски средства.
И за некоја година, ако не и за некој месец, ќе го гледаме повторно како мудрува и филозофира со неговиот рачен часовник.
Па не би било никакво изненадување ако и Иво Санадер го видиме за некој месец или за некоја година да почне да мудрува и филозофира за таканаречените европски вредности, кои судејќи според минатото на повеќемината пратеници во Европскиот Парламент и повеќемината комесари и членови на Европската Комисија и на Европскиот Совет, повеќе се криминални вредности и комунистички вредности, отколку што се праведни и демократски вредности.
Е што сме згрешиле сега и ние за да дочекаме иста судбина и на наша глава ?Ај па на наша глава
Да кажеш на глава на нашите политичари ќе те разберам, но наша глава е широк поим, внимавај како се изразуваш.
Последно уредено: