Порака до ДУИ : вашето однесување е глупо!!!

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Во секој случаj, ми се допаѓа следнава изјава :

Александар Бичиклиски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ напиша:
Ние ја поздравуваме одлуката на пратениците на ДУИ да останат во Парламентот и да не ги враќаат мандатите, бидејќи тоа е местото каде што може да се дебатира и води дијалог. Ние ги повикуваме на дијалог во Собранието.

Како и да е, ние го респектираме нивното право на демократски протести, бидејќи ние како партија сме го користеле ова уставно право и почитуваме кога друг ги користи истите демократски средства.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
И мене. Водење политика - олд скул...
Фини сме со вас, ама во основа к*р не боли... :)
 

OBI VAN

Kenobi
Член од
5 мај 2006
Мислења
127
Поени од реакции
0
Вечерашните протести на ДУИ ми личеа на оние на Светлина (читај ДПМНЕ) против продажбата на ЕСМ, три коли пет луге
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Toa se vikaat "familiarni protesti" vo svetot na protestite.:)
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Зависи кој ги вика...
Еден ден можат да се престават, во склад со нивната логика и начин на работење, како кокичиња на некаква си, само ним позната, нели, демократија!!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Бејта дели откази и тужби за клевета

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, дели незаконски откази и им наредувал на вработените во општинската администрација да одат на блокадите на патиштата што ги организираше ДУИ, обвинува Шпенд Капроли, државен службеник во Општина Гостивар.

Градоначалникот Бејта, кој е од редовите на ДУИ, вчера изјави дека таквите тврдења се целосно невистинити и измислени од активистот на ДПА кој досега се однесувал како тој да е градоначалник на Гостивар.

Капроли тврди дека деновиве добил отказ од работното место без никакви докази, со паушални тврдења и со кршење на формално-правните норми и постапки.

- Најголем доказ во формално наведеното образложение е дека се „однесувам некоректно” кон градоначалникот Бејта. Под тоа треба да се разбере дека не сум стоел мирно, како што се бара од другите државни службеници и дека сум изразувал партиско-политички убедувања на работното место - тврди Капроли.

Според него, Бејта бил главен организатор на заминувањата на општинските службеници на блокадите на патот Гостивар - Кичево.

- Тие заминуваа во текот на работното време, поради што странките не можеа да ги завршат своите потреби во Општината. Истовремено, тој им обезбедуваше превоз со службените возила на Општината. Тоа мора да се санкционира - тврди Капроли.

Гостиварскиот градоначалник најавува дека, поради ваквите тврдења, ќе поднесе тужба за клевета против општинскиот службеник.

- Капроли треба да знае дека веќе не може да се однесува самоволно како што тоа го правеше во периодот кога општинската власт беше во рацете на ДПА. Тој тогаш, наместо да ја извршува својата работа, се однесуваше како да е градоначалник. Дури имал и посебна општинска кола на располагање. Тој треба да знае дека откази не давам јас, туку за тоа решава посебна комисија - наведува градоначалникот Невзат Бејта.

За Бејта, целосна невистина е тврдењето дека им наредувал на вработените задолжително да одат на блокадите што ги организираше ДУИ.

- Јас не можам никому да му наредам да оди на некоја блокада доколку тој не сака. Друга работа е доколку службениците сами решиле да ја искористат паузата во работното време во тој период. Со тоа никој не е оштетен - истакна градоначалникот на Гостивар.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Се е невистинито и измислено!
Само линијата на ДУИ е правилна и невина!
Вие не знаевте ли?
Хихихихихихи
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
За греота се тие јадни луѓе кои го измачуваат народот на +35 да стои на раскрсници за џабе!Како шо слегоа од планините во 2001 ама баш ништо не научиле овие 5 години.Срамота е мајкуму стара да неможе да се научи лекција по толку повторувања.За што?Само и само за задоволување на болната суета на трудовиот инвалид од Луцерн.Резултат?Во минус се овојпат,не само шо се е за џабе туку слушам дека почнаа во дпа да одат и тоа нагло.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Тој не е трудов инвалид ами шизофреничар, и тоа со тапија!
А шизофренија од труд не се добива...ами од генетска предиспозиција!
А за рајата од планините- ако де!
Ред е тие асфалт да видат, нели?
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
Нека си џамкаат дечките,посекако нема да одат на работа од понеделник,за во планина некако слабо му се праи ќефот-спрдеа овојпат,а и така ке бидат бадијалџии па нека стојат на раскрсници.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Инаку некој донесе закон дека не смее да се протестира на раскрсници. Или Влада или собрание. Ама за нашите мили и никогаш не доебани... овај не прежалени аљбанци не важи тоа. Види не дека ја мразам некого, сум имал респект од секогаш, ама не штедев на пцовки ни кога Вмро протестираше. Нека идат у планина пак ајде, доста протести. Ќе се пукаме од рид на рид... :salut:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Неспроведен рамковен значи поделба на Македонија

Ако не биде спроведен Охридскиот договор, Македонија ќе биде поделена меѓу двете најголеми етнички групи Македонците и Албанците

Ако не биде спроведен Охридскиот договор, Македонија ќе биде поделена меѓу двете најголеми етнички групи во државата - Македонците и Албанците, е оценката на Кочо Данај, политички советник на албанскиот премиер Сали Бериша. Во интервју за приштинскиот весник „Епока е ре“, што го пренесува агенцијата Танјуг, агенцијата МИА пренесува дека Данај изјавил дека Охридскиот договор бил само „лоша камуфлажа оти е во корист на Албанците“, а оти со него всушност Македонија била спасена од распаѓање.

- Најголема закана за неспроведувањето на рамковниот договор со кој беше окончан вооружениот конфликт во 2001 година, е враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, чиј поранешен лидер и премиер Љубчо Георгиевски заговараше поделба на Македонија - наведува Данај.

Според него, Македонија не била поделена во 2001 година бидејќи во тоа време се' уште не беше отворено косовското досие.

- Сега ова досие е пред затворање. Како што стојат работите, потребно е во македонската влада да биде, како што и е, една албанска политичка партија со национална програма, како што е ДПА, а не граѓанска партија како ДУИ - вели политичкиот советник на албанскиот премиер Бериша.

Данај смета дека ако ЕУ и САД и' дозволија на Црна Гора со 600 илјади жители да стане самостојна држава, тогаш не би требало да има проблеми за Македонија со нешто повеќе од милион жители и одвојувањето на дел од нејзината територија на кој живеат неколку стотини илјади Албанци.

Политичкиот советник на албанскиот премиер Сали Бериша, во интервјуто за „Епока е Ре“ предвидува дека поделбата на Македонија би можела да се случи меѓу 2010 и 2012 година.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Како го оценунавате ова мешење на соседн Албанија во внатрешните работи на соседан држава?
 
Член од
28 јуни 2006
Мислења
403
Поени од реакции
0
Епа истите кои притискаа копчина за тој закон сега истите тие блокираат улици.По ова се гледа какви не/луѓе биле на власт 4 години.Па тие самите го порекнуваат она за шо гласале а камоли некој друг ако нешо изгласа,тогаш реприза од 2001.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom