asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Најголем реален поддржувач на Груевски стана токму ДУИ! Со неодмерените изјави, со големата нервоза, со одбивањето да се соочат со својата нова улога - тие како да сакаат да му дадат за право на новиот мандатар. Наместо да ја потенцираат својата важност како парламентарна група, поради Бадентер, тие во Чаир први „пукаат“ против принципот што им ја зголемува „цената“. И си „пукаат в нога“
Оваа недела ниту едни вести и ниту еден весник не поминаа без споменување на Охридскиот договор. Во сите можни контексти. Некои, во чест на неговата петгодишнина, ги споменуваа резултатите; други, пак, зборуваа за неговата недоследност и изнуденост. Некои организираа коктели; други се обидуваа да го премолчат.
Жалам што и пет години по неговото потпишување немаме широко поддржана оценка за охридскиот процес. Големите поддржувачи веќе се заморени од темата, а неговите критичари нема да признаат дека сценаријата со кои не плашеа секојдневно никогаш не се остварија. Можеби очекував премногу. Можеби пет години се многу кус период, особено во времињата кога ја „живеете историјата“. Една одмерена и умна анализа во „Форум“ ме теши дека барем сме на вистинската трага. Додека трагаме по историската рецензија, Охрид ни се враќа на актуелната политичка сцена. Веќе не е прашањето само дали договорот ни се допаѓа ниту, пак, дали целосно сме го спровеле и колку добро. Новото прашање е дали овој договор треба да го консултираме како прирачник за секоја наша политичка дилема.
Мојата оценка? За мене, Охридскиот договор е еден од крупните „блокови“ на кои почива македонската стабилност и - не, тој не нуди список на политичките Do и Don’t. Фала богу, таков „Политика for Dummies“ се' уште не измислиле.
Охридскиот договор веќе одамна ја помина фазата во која јасно и прецизно кажува што, кога и како треба да се направи. Бидејќи тие работи веќе ги направивме. Во таа смисла, ДУИ не треба дури ни да се обидува да го чита договорот како гаранција за „нивното заслужено место во власта“. Бидејќи тој договор не беше за власта, туку за граѓаните. Бидејќи не се занимаваше со мандатари, коалиции, поделба на власта, туку со многу посуштински нешта: уставна реформа, употреба на јазик, вклученост во институциите... интегрирана држава со многу различности.
Значи, Груевски и според Устав и според закон и според Рамковен договор - може и мора да го избира своето „друштво во Владата“. Победил на изборите, добил мандат, разговарал со партнерите и кандидатите и одлучил. Во ниеден момент не си го поставив прашањето дали има право на тоа. Се разбира дека има. Ама, си го поставив прашањето дали ја донесе најпаметната одлука. Оти, има многу одлуки што ќе го минат тестот на легалност, ама не и оној на мудрост. Еве неколку причини за мојот сомнеж.
Ако го читате Охридскиот договор, не само што нема да прочитате дали ДПА или ДУИ треба да влезе во Владата, туку нема да прочитате ни обврска било која од нив да мора да биде во Владата. Тоа го нема ниту во нашиот Устав ниту во некој од законите. Значи, теоретски Груевски можеше и тоа да го направи. И тоа ќе беше легално (иако ќе му недостигаа многу пратеници до 61). Или, за да биде уште појасно, коалицијата „За Македонија заедно“ во 2002 ама ич не мораше да бара „албански партнер“ за формирање на Владата бидејќи можеше да обезбеди парламентарно мнозинство и без нив. Беше легално и возможно, ама ќе беше многу неразумно и погрешно. За оваа (прва) лекција не ни требаа преговорите во вилата „Билјана“. Ја совладавме (некои потешко, некои полесно) уште на почетоците на нашата независност.
Изгледа, деновиве се соочуваме со следното поглавје - втората лекција: дали е сеедно кој партнер го избираш? Во таа смисла - охридскиот документ не ни помага ако само го читаме (тука ДУИ греши многу), но може да ни помогне ако сакаме да размислуваме. Веќе сме во фаза на негова имплементација, кога наместо точки и запирки, треба да го гледаме во целина и да се прашаме: кога би го дискутирале овој политички проблем во Охрид пред неколку години, кое решение би ни изгледало мудро?
Кога јас ги читам неговите одредби, кога размислувам за Бадентеровото мнозинство (кое ќе ни биде потребно најмалку 2 пати во следниве неколку месеци) - мислам дека Груевски не ја донесе најпаметната одлука. Претпоставувам дека целта му беше да добие поефикасна влада и сигурна сум дека со оваа коалиција работите ќе му одат полесно и побрзо. Од тој аспект, го разбирам. Ама, не е доволно Владата да биде ефикасна. Треба да води и добри политики кои ќе имаат доволно широка поддршка. Искрено се надевам дека грешам, ама мислам дека Груевски доби поедноставна, ама и послаба влада.
Во овие анализи, најголем реален поддржувач на Груевски стана токму ДУИ! Со неодмерените изјави, со големата нервоза, со одбивањето да се соочат со својата нова улога - тие како да сакаат да му дадат за право не новиот мандатар. Наместо да ја потенцираат својата важност како парламентарна група поради Бадентер, тие во Чаир први „пукаат“ против принципот што им ја зголемува „цената“. И си „пукаат в нога“. Му даваат алиби на ДПМНЕ утре во Собранието со иста леснотија и несериозност (како локалните власти во Чаир) да каже - Бадентер веќе „не игра“, а ние одиме понатаму. Тежок е првиот преседан, потоа се' е техника.
Можеби ова се само детските болести на нашата најмлада политичка партија (иако и постариве не се имуни на нив). Можеби ќе сфатат дека да се биде опозиција не е крај на светот; напротив, некогаш е многу корисно. Ќе демонстрираат, ќе го кажуваат своето мислење, ќе блокираат улици (и ќе не' нервираат сите нас кои ќе доцниме поради тоа) - ама и ќе си споменат дека заедничките институции ги градиме за да заедно ги почитуваме. А времето, ќе видат, брзо минува.