Поради грипот на распуст од декември

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.569
Поени од реакции
14.343
Комисијата за пандемичен грип, денеска или утре ќе решава за порано почнување на распустот за учениците поради се поголемиот број болни од опасниот грип, но и поради се поголемиот број отсутни ученици, кои не одат на настава поради страв од болеста. Според извори во комисијата, распустот би требало да почне од 15 декември и со тоа да се намали можноста за пренесување на болеста, која според очекувањата на стручните лица би требало да достигне максимум токму во овој период до Нова година. Барања за порано почнување на зимскиот распуст стигнале и од неколку училишни одбори, а и дел од директорите го известиле Министерството за образование дека се поголем број ученици отсуствуваат од настава. Но, според портпаролот на Министерството за образование, Горан Галевски, засега нема никаква одлука и учениците ќе одат на распуст од 1 јануари, како што е предвидено со редовната програма. Инаку, во саботата на Клиниката за инфективни болести почина три и полгодишно девојче од Скопје со потврдени симптоми на вирусот А(Х1Н1). Девојчето било примено на Клиниката пред пет дена во исклучително тешка општа состојба поради што веднаш било ставено на респиратор. Уште од шестмесечна возраст се лекувало, а во неколку наврати било и хоспитализирано на Детската клиника поради грчеви. Тоа е шеста жртва од свински грип во Македонија. Во тешка состојба, според информациите од Министерството за здравство, се уште тројца пациенти. Еден 25-годишен пациент со бронхопневмонија примен на 28 минатиот месец, кој се уште е на респиратор, и 40-годишната жена, хоспитализирана во средата. Нејзината здравствена состојба во саботата нагло се влошила, поради што е поставена на асистирана вентилација. Пациентката е се уште во многу тешка состојба. Во тешка состојба е и една пациентка, која била хоспитализирана вчера со знаци за тешко респираторно засегање. Таа е поставена на вештачка вентилација. Во последните 24 часа евидентирани се нови 22 случаи на болни од свински грип. На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 17 нови пациенти, а на Инфективното одделение во Воена болница уште пет пациенти сомнителни за инфлуенца А(Х1Н1). Сите се во стабилна здравствена состојба. На Клиниката за инфективни болести сега се хоспитализирани 115 болни, а вкупниот капацитет на оваа болница е 120. Во Воена болница се лекуваат 42 пациенти со симптоми на новиот тип грип, а на Клиниката за детски болести во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти. Моментно, болнички се лекуваат 71 дете со симптоми на грип, на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен едно дете, кое има потешка форма на пневмонија.

Извор

Нас исто денеска и една професорка која е многу блиска со директорот ни го потврди ова. Требаше да правиме писмена на 22, ама се одложи писмената. Ни кажа дека распустот ќе започне од 20ти декември, но не се исклучува можноста и тоа да биде порано. Иначе распустот ќе си трае исто до 20 Јануари.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Таман јуни топло. Топлото го убива грипот. Има да се печите по училни :D
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Таман јуни топло. Топлото го убива грипот. Има да се печите по училни :D
Нема шанси, не се случило од осамостојувањето на Македонија да се учи во јуни, колку што знам :) Ние една година 3 недели не учевме ради штрајк на професорите во мај, па пак и покрај сите закани не учевме вo јуни. Иако сите книги беа недоучени.
Може некоја сабота ќе се обработи, а и онака секоја година мора 180 работни дена да се учи, а по програмата испаѓаат повеќе.

Ова само ќе ги убрза тестовите и ќе ви нашибаат оценки ко луди, никој нема да стигне да научи и поправи. И ај на пролет со нова среќа и подобри оценки. И секако помалку петочни искачања, затоа што саботи ќе се учат :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Глупости. А во дискотека и кафиќи нема опасност да го закачат а? Или само екслузивно школите го имаат вирусот на располагање за да може да се шири?
Цццц.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Оваа одлука направо и ја одобрувам. Мора да се зададе удар врз вирусот, пошто колку ни се образовани луѓето за самозаштита и спремни медицинските капацитети за акција, ич не сме за завидување.

Вакцинација на критичните, пауза на раширувачите и со малку култура и стрпување за собирање на овие вториве, можда и навистина ќе се постигне ефект.

Само, сеуште мислам дека секаде ќе биде полно навечер од закашлани дечишта...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Глупости. А во дискотека и кафиќи нема опасност да го закачат а? Или само екслузивно школите го имаат вирусот на располагање за да може да се шири?
Цццц.
Под 18 години во дискотека не смеат да влегуваат. Само некои од 4та година ќе ја имаат таа привилегија :icon_lol:

Еј ако веќе одлучат да ги затворат школите (што не е ништо страшно и онака речиси секоја втора година од разни причини им даваат продолжен распуст), па и дискотеки и кафичи ако случајно затворат, подобро ќе биде лента на врата да ни стават и со калашников на улица да не чуваат да не искачаме.

Но на некои над нас им одговара да не се затвори ништо, да се разболуваат луѓето, за да се троши Тамифлуто секако.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Под 18 години во дискотека не смеат да влегуваат. Само некои од 4та година ќе ја имаат таа привилегија :icon_lol:

Еј ако веќе одлучат да ги затворат школите (што не е ништо страшно и онака речиси секоја втора година од разни причини им даваат продолжен распуст), па и дискотеки и кафичи ако случајно затворат, подобро ќе биде лента на врата да ни стават и со калашников на улица да не чуваат да не искачаме.

Но на некои над нас им одговара да не се затвори ништо, да се разболуваат луѓето, за да се троши Тамифлуто секако.
Друга ми беше поентата. :) Факт е дека под 18 години во дискотеките идат и помали од 18. Башка мислам дека ако веќе порано им почнува расустот истиот треба и порано да заврши. Цел месец распуст? Па после децата да не знаат во април каде им е главата затоа што секој ден ќе имаат по еден тест и 5 испрашувања.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Ватеваа` за мене е почнат од 3 декември :):) ...инаку и да се стаиме на распуст од 15 дали ќе се намалат ризиците со сигурност пошто ниту едно дете нема да издржи дома да седи 24h и ќе се фаќа патот накај кафичи а за дискотеки да не збориме значе се ќе биде оставено на наша совест и родителите како и тие ќе седнат со нас дома да не контролираат ...јас несакам дома досадно е школо си е школо.
 
F

fantomX

Гостин
Нас исто денеска и една професорка која е многу блиска со директорот ни го потврди ова. Требаше да правиме писмена на 22, ама се одложи писмената. Ни кажа дека распустот ќе започне од 20ти декември, но не се исклучува можноста и тоа да биде порано. Иначе распустот ќе си трае исто до 20 Јануари.
Попладнево ми е кажано дека е решено наредниве деној да се прогласи, и заради некој законски рок, од 21 декември ќе е прогласена епидемија, поконкретно за образвониево, клуч на градинки, училишта, факултети.
Не можам да го тврдам ова, ама и немам причина да не му верувам на човекот. :toe:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Под 18 години во дискотека не смеат да влегуваат. Само некои од 4та година ќе ја имаат таа привилегија :icon_lol:
За Скопје највероватно е така, ама Охрид 13 годишњачки на 10ка штикла ги примет во најпривилегираните дискотеки наменети за 20+. :pipi:
Како и да е, кај нас ништо не спомнаја. И решениево не е баш погодено. Оценки требит од следнава недела да се пишет, а не се најавени тестој и испитвења. Ќе испаднит ко претходното тромесечие, по 3 писмени во ден и 6-7 тестој неделно. Бог да чуват.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Глупости. А во дискотека и кафиќи нема опасност да го закачат а? Или само екслузивно школите го имаат вирусот на располагање за да може да се шири?
Цццц.
Абе во дискотека се оди 2 до 3 пати неделно по 1 час-на школо сме 5 пати неделно по 7часа...
 
M

M del Mar

Гостин
Нејќам распуст прибидејќи ќе мора да учиме после тоа у саботи и цел јуни :tapp: деновите предвидени за настава колку се таму чинам 180 беа, по секоја цена мора да бидат обработени во текот на една школска година...
Али пак од друга страна постои поголема опасност од заболување од грипов, но чим сите други работат, кој фактор се школите за да се намалат заболувањата од истиот...:toe:
 

Kazan

Liverpool Fc YNWA!!!!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
Нема предвремен распуст за учениците поради свинскиот грип

Бројката од 2.770 заболени од грип за една недела или 12 500 досега не е доволна причина за предвремен распуст на учениците. Од Комисијата за пандемски грип велат дека тоа е добра идеја но сега не е време за нејзино реализирање.
Најавија дека ќе ја следат епидемиолошката состојба на терен и доколку има многу заболени од свински грип ќе одлучат дали распустот ќе биде предвремен или продолжен. Но немаат податок колку деца отсуствуваат од училиштата бидејќи општините тој податок не го доставуваат до санитарниот и здравствен инспекторат.

- Не знаеме дали пикот ќе биде околу нова година па да процениме дали распустот да биде од нова година со празниците. Ќе почекаме до 20-25 да видиме каква ќе биде состојбата, вели д -р Јованка Костовска од Комисијата за пандемски грип.

Седумте смртни случаи од свински грип и повеќе од 300 хоспитализирани не ги расчисти дилемите кај населението дека треба да примаат вакцина против новиот вирус.

Досега се вакцинирани 1.540 лица од кои 800 се здравствени работници а останатите од ризичните групи. Иако свинскиот грип предизвикува компликации кај помладата популација дури 60 посто од вакцинираните се постари од 60 години. Само десетина се деца, а вакцина досега не примила ниедна трудница.

- Иако досегашниот одзив е скромен сепак има одзив и населението знае дека треба да се вакцинира, вели д-р Костовска.
Доктор Костовска вели дека во Америка постоел еден вид натпревар кај здравствените власти дали повеќе ќе вакцинираат отколку што ќе заболат од свински грип.

Во Македонија засега се обезбедени 5.000 дози за здравствените работници и 20.000 за ризичните групи. Во зависност од одзивот надлежните ќе прават проценки за други набавки.
Превземено од Сител.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.623
Поени од реакции
1.152
И јас сум ученик и веќе недела дена не одам во школо поради болест (фала богу не е свински грип),но сепак не ја оправдувам оваа одлука,затоа што ако се затворат школите знаејќи се себе ќе пукам од досада дома и ќе сакам да излезам негде,а ако идам таму сигурен сум дека ќе има и некој што е заболен во иста таа просторија (конкретно мислам на кафиќиве) и ете ти беља.Значи ако се затворат школите мора да се затвори се...Плус тоа кога ќе почнеме со второ полугодие бидејќи имаме многу пропуштено и одма ќе почнат со тестови,испрашувања и ќе ни шибаат оценки набрзина зашто се ближи тромесечие и мора оценки,а покрај тоа и сигурен сум дека ќе ни речат да учиме и по саботите во јуни,како што беше годинава,поради тоа што лани наставниците штрајкуваа и после нормално последиците ние ги сносивме...Не викам дека нема да ми биде убаво да се одморам од школо ама покасно ќе ми биде потешко тоа сум сигурен...
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Абе во дискотека се оди 2 до 3 пати неделно по 1 час-на школо сме 5 пати неделно по 7часа...
Нејќам распуст прибидејќи ќе мора да учиме после тоа у саботи и цел јуни :tapp: деновите предвидени за настава колку се таму чинам 180 беа, по секоја цена мора да бидат обработени во текот на една школска година...
Али пак од друга страна постои поголема опасност од заболување од грипов, но чим сите други работат, кој фактор се школите за да се намалат заболувањата од истиот...:toe:
Без ралика што вие на ова ударате рецка колку што ударате рецка на берзанските промени на Wall Street, епидемија и неможноста да се сопре доста јако влијае на економијата и на работата на луѓето. Не секој сака пола од вработените да ги стави на принуден одмор пошо останатите пола се разболеле од дечишта кои место школо иделе у кафич.

Вишокот работни денови, збутувањето и вонредното планирање се работи кои секоја држава и граѓаните мораат да ги земат здраво за готово со оглед на ситуацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom