- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Поздрав топол тресе глупости, не можат само со извадена лична карта да се попишат како резиденти луѓето и според законот треба да анкетниот лист пополнет на лице место се вкрсти со Бази на податоци. Ти објаснив претходно. Еве го и членот од Законот:Prasuvam oti gledam deka ima prostor za manipulacija. Ne deka mi smeta ama fakt e deka najgolem del od iselenicite vo Licnite karti imaat zivealiste vo Makedonija. Ako se prijavat online, mozat da se popisat kako ziteli iako ne se.
Член 5
(1) Со Пописот ќе се приберат податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на Република Северна Македонија.
(2) При спроведувањето на Пописот ќе се врши попишување на терен и ќе се користат истовремено податоци од збирките на податоци на:
- Министерството за внатрешни работи, базата на државјани на Република Северна Македонија,
- Министерството за информатичко општество и администрација, податоци вклучени во регистарот на населението на Република Северна Македонија,
- Министерството за образование и наука, податоци за запишаните ученици во основни и средни училишта во тековната учебна година, -
Министерството за труд и социјална политика, податоци за лицата корисници на права на социјални примања по сите категории,
- Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, податоци за економската активност на лицата,
- Управата за јавни приходи, податоци за лицата кои имаат примања и за кои се исплаќа
- ПИОМ-Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, податоци за примателите на пензија по сите основи,
- Управата за водење на матични книги, податоци од матичните книги за родените, умрените и венчаните лица,
- Агенцијата за катастар на недвижности, податоци за недвижностите и нивните движења
и
- Државен завод за статистика, податоци од статистичките истражувања за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во академската година, како и податоците од статистичките истражувања за виталните настани и од Статистичкиот деловен регистар .
Таа е методологијата, а и објасни овој главниов кај Ефтов. Воглавно ако се почитува ова ќе биде каде каде пореален од претходниот попис. Единствен проблем се тие кои доаѓаат еднаш годишно на одмор од странство, а не се одјавени оттука. Тие(ако добро разбрав) би требало да ги попишуваат како резиденти, а се претежно Албанци.