Попис 2021

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Левица ќе дојде на власт само и само ако некогаш пропаднат САД и ЕУ.

Поверојатно е ДУИ да добие 40 свои пратеници како зелена партија, отколку Димче некогаш да стигне на чело од државата.

Без разлика дали ни се допаѓа, али сме дупка за перење пари и финансирање на матни фондови за: ЦИА, МИ6, БНД, БИА... и како ќе решат, така и ќе бидне.

Кој народ, тој што критички размислуваше најчесто е отселен.
Со чест на исклучоци, ама пола од тие тука се газолижачи кои и детето ќе си го продадат само да се на државна цицка и да не рмбаат.
Од ова не бива држава, барем не на македонците, може на шиптapи и северџани.
Надежта последна умира. Сме биле и во потешки ситуации па биднало.
Тие што го кренале народот во минатото не биле милиони, туку не повеќе од 1000 луѓе.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
На два дена пред затварање на пописот седиме 15 души и испадна дека кај 13 попишувачи воопшто не дошле нитуеден пат. Не станува само за Македонци, туку и за во Чаир луѓе знам кај што нема никој поминато, Трнодол, Жданец исто сите што ги знам рекоа дека никој не дошол да ги попише. Ова е смешка попис, битно да си тече се со рокот, настрана што пола попишувачи фалеа пред да почне пописот и што не може да ги посетат нитуеднаш локациите а камоли да се враќаат повеќе пати ако не им отвореле.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не знам дали оние што повикуваат на бојкот и нерегуларности може да ги искористат овие информации.
Не е белким исто да бојкотираш и да не те попишат, да поминале ама "немало никој" и да не поминал никој кај голем број граѓани. Во фирма секое шрафче и плех мораше да се попише.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.954
Надежта последна умира. Сме биле и во потешки ситуации па биднало.
Тие што го кренале народот во минатото не биле милиони, туку не повеќе од 1000 луѓе.
Други генерации и луѓе биле тие, а и далеку помало влијанието на светскиот џандар. Сега ќе ги сечат во корен уште пред да се соберат на улица, а не пак да купат оружје.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Други генерации и луѓе биле тие, а и далеку помало влијанието на светскиот џандар. Сега ќе ги сечат во корен уште пред да се соберат на улица, а не пак да купат оружје.
Секоја ситуација е решлива доколку сме целосно свесни за неа.

Додека упорно бараме решение во системот кој е трул и инфициран. Резултатот ќе биде ист, бидејќи така само го храниме системот, а секоја борба ќе ти изгледа невозможна.

Системот тос го знае и затоа ни дава надеж внатре во него. Да ја впериме нашата борба внатре во системот. Левица монентално е таа надеж. Може Димче не е свесен за тоа и е со најдобри намери, но хеј, патот на пеколот е поплочен со добри намери.

Начин секогаш има и не е секогаш насилие. А и улогата на светдкиот џандср можеби треба да ја преиспитаме. Едноставно треба да сме прагматични.

Но секако не можеме да продолжиме без првиот чекор, а тоа е будењето. Тоа дали луѓето се критични или не, нема да ни помогне ако не се свесни за опциите и за ситуацијата во којашто се наоѓаме.
 
Абе нашата борба во системот е да одам да го отепам комшијата што ги пикна во државна институција до 3то колено.
Не се проблем политичарите, народот е проблемот, 1000 пати го имам кажано и пак ќе кажам: доктор нема да се осуди да бара мито ако не му даваат мито, партиските војници функционираат оти тие што навистина разбираат си ќутат, браќата ќе лапаат се до моментот кога ќе имаш 100-200 илјади на плоштад против нив спремни да го запалат градот додека не се поништи процентуално етничко вработување.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.547

+1
На кратко, ние, народот сме проблемот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
вака така, до зима.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Абе нашата борба во системот е да одам да го отепам комшијата што ги пикна во државна институција до 3то колено.
Не се проблем политичарите, народот е проблемот, 1000 пати го имам кажано и пак ќе кажам: доктор нема да се осуди да бара мито ако не му даваат мито, партиските војници функционираат оти тие што навистина разбираат си ќутат, браќата ќе лапаат се до моментот кога ќе имаш 100-200 илјади на плоштад против нив спремни да го запалат градот додека не се поништи процентуално етничко вработување.
Кај си видел некогаш народ сам од себе, неорганизиран да излезе и да напраи нешто?

Јас еднаш сум видел неорганизиран народ да излезе и да има моќ да направи нешто, но не направил ништо. Тоа беше после Арачиново.

Моќта на народот е илузија. Доколку нема организација, нема ништо. Види ги Албанците, го запалија Скопје штитејќи монструми, а живи луѓе им изгореа нигде ги нема.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.999
Не знам дали оние што повикуваат на бојкот и нерегуларности може да ги искористат овие информации.
Па ќе ги искористат секако! Не си нормален што ги објавуваш вака јавно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Веќе се објавени на форумов и подалеку дека не се сеуште попишани. Што е реалност. Ама со објавата дека може и да се пролонгира, моето прашање е веќе излишно :)
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.576
Секоја ситуација е решлива доколку сме целосно свесни за неа.

Додека упорно бараме решение во системот кој е трул и инфициран. Резултатот ќе биде ист, бидејќи така само го храниме системот, а секоја борба ќе ти изгледа невозможна.

Системот тос го знае и затоа ни дава надеж внатре во него. Да ја впериме нашата борба внатре во системот. Левица монентално е таа надеж. Може Димче не е свесен за тоа и е со најдобри намери, но хеј, патот на пеколот е поплочен со добри намери.

Начин секогаш има и не е секогаш насилие. А и улогата на светдкиот џандср можеби треба да ја преиспитаме. Едноставно треба да сме прагматични.

Но секако не можеме да продолжиме без првиот чекор, а тоа е будењето. Тоа дали луѓето се критични или не, нема да ни помогне ако не се свесни за опциите и за ситуацијата во којашто се наоѓаме.
Не можеш без легитимни претставници да менуваш систем на каков било начин. Границите на тоа што можеш да го постигнеш идат од Дерење на Ветерници - Обвинети за тероризам. Знаеш која е разликата помеѓу протестите на 27ми април и Шарената револуција? Едните имаа политички претставници а другите немаа ( или поточно имаа илузија дека имаат али всушност немаа). Тоа е разликата мешу гниење во затвор и наградување за твојот труд.

Ќе ти дадам најдобар пример зошто твојата теорија за будење и свест по мое мислење е насочување на енергијата во комплетно погрешна насока. Значи од тоа што јас го гледам, Македонскиот народ не бил никогаш по еколошки свесен одколку денеска. Од точаци до волонтерско собирање ѓубре, итн ... . А сепак ситуацијата на терен не била никогаш по прљава. Зошто е тоа? Зошто додека ние се зафркаваме со будење и свест они ги руинираа сите институции кои треба да се бават со таа проблематика, зошто ете за нас политика беше прљава работа.

Едноставно не е возможно ти да не прљаш, колку што они може да не исчистат. Ти и по дома, колку сакаш биди педантен, ако не чистиш на крај се ќе биде прљаво. И истото важи во секоја област. Мора да им се одземе институционалната моќ и мора да се делува политички, нема замена за тоа.

Зоран Заев ја смени ли свеста во Македонија околу тоа дека сме Северна и дека сме територија со етнички заедници наместо држава и дека сме латентни бугари? Не, склопи каква таква коалциија, мамеше, се дограби до власт и си ја истера целата агенда која му беше наредена. Нацистите во Германија не се труделе со промена на свеста да ја променат Германија, освоиле 33% од гласовите , изиграле политички паметно и на крајот на денот ја смениле Германија како што сакале.

На крајот ако продолжиме вака ќе останеме само на тоа да вееме Македонски знамиња во Голема Бугарија и Албанија како овие во Лерин и Пирин.
Автоматски споено мислење:

Други генерации и луѓе биле тие, а и далеку помало влијанието на светскиот џандар. Сега ќе ги сечат во корен уште пред да се соберат на улица, а не пак да купат оружје.
Дали навистина мислиш дека Британците и Французите имале нешто помало влијание од САД што има денеска? Doubt [X]

Единствената разлика во случајот на Македонија е што во тој момент Србија, Бугарија и Грција сеуште немале доволно силни државни апарати и организираност на терен да воспостават комплетна контрола. Ние во денешна Македонија сме ја имале и среќата Југославија да биде ептен нестабилна заради Хрватите.

Кралството СХС и Кралството Србија да не се обединеле или да немало Втора Светска Војна се прашувам дали нашата судбина ќе беше многу поразлична од таа на Македонците во Бугарија.

Али државниот апарат СДС, ДПНЕ и ДУИ го руинираа, а Америка и ЕУ не се повеќе во нагорна линија туку во надолна. Како нивната моќ венее така ситуацијата ќе се дестабилизира се повеќе и повеќе и тука е free for all . Кој ќари, ќари. Останатите ќе си чекаат следен историски циклус.

Во стабилна држава ако пробаш да промениш систем ќе добиеш ситуација како во Сирија или Либија. Ќе мораш да бараш странска помош, а странците ќе гледаат свои интереси првин да си исполнат а ти ќе им бидеш само пион.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.954
Кај си видел некогаш народ сам од себе, неорганизиран да излезе и да напраи нешто?

Јас еднаш сум видел неорганизиран народ да излезе и да има моќ да направи нешто, но не направил ништо. Тоа беше после Арачиново.

Моќта на народот е илузија. Доколку нема организација, нема ништо. Види ги Албанците, го запалија Скопје штитејќи монструми, а живи луѓе им изгореа нигде ги нема.
Народот треба да почне од себе ако сака да го променува системот.
Ако ти подмитуваш, како очекуваш да се среди корупцијата? Ако ти користиш непотизам за вработувања, како очекуваш да се среди тоа?
Тоа што си имаме надробено, тоа ќе си сркаме, пиши пропало од организатори.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
smesno e so popisov na kraj kje im propadne od nesposobnost, a ne od bojkotot :pos: Pocnale nervozni da stanuvaat instruktorite, nema sansi da stignat do kraj na rok.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.999
Неспособност им е уверлив параван, зад кој се крие бојкотот, кој не сакаат да се види.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom