Ајде едно профи, малце Transact SQL. Работам последните денови на update софтверче кое патем ја апдејтува шемата на базата на податоци. CREATE и ALTER делот е океј, али за дополнителна сигурност дека се поминува како што треба и дека нема да се направи некој чекор што не треба, потребни ми се доста Has_Perms_By_Name повици на функции со кои ќе видам дали постои одредена табела, колона, констрејнт или дефултна вредност. Првите две ги склопив, дури онаа за табелите ја создава Managment студиото, али останатите две проверки незнам како да ги направам и дали можам да ги направам.
Значи, за проверка дали табела постои: select Has_Perms_By_Name('tabela', 'Object', 'SELECT') каде што 'SELECT' е она што сакаш да го добиеш. Може да биде и нешто друго, во зависност дали сакаш да навлеваш во пикантерии на контрола.
За проверка на колона: select HAS_PERMS_BY_NAME('tabela', 'OBJECT', 'SELECT', 'kolona', 'COLUMN')
Она што ми треба: проверка дали постои некој констрејнт (надворешен клуч, default вредност, NULL/not NULL вредност). Ако некој има нешто слично видено, помошта многу би ја ценил.