Пробав така ама не може, не е во ред изгледа Wubi инсталерот што го имам на линукс цд-то, а неможам да симнам нов зашто немам интернет(од телефон сум сега). Туку имам ново прашање. Работам на лаптоп на кој имам хард-диск од 500гб и имам 3 партиции(т.е. во Partition manager ми покажува 4): 100гб, Boot, Primary ; 270Gb Primary partition; 100gb Logical drive и една System Reserved пишува од 100МБ исто Primary partition.
Сега кога пробувам да направам нова партиција за линуксот преку Partition Manager-от од Windows-от ми вели дека мојот хард-диск го достигнал максималниот број ан партиции. Дали постои некој начин сепак да направам нова партиција? Бидејќи од партицијата со 270гб вадам 30гб и ми стојат како неалоцирани, не можам да ги направам партиција?!? Да пробам да влезам во Линуксот преку цд-то и од таму да ги алоцирам овие 30Гб меморија или не е тоа до ОС-от?