Користам Vista Home Premium и се случува неколку пати да ми јави блускрин самото од себе, пример при сурфање, играње solitaire, ворд, музика слушање, DivX филм гледање и слични работи шо не го оптеретуваат лаптопот, а на игра ми се нема случено. По рестартирањето се’ си е океј, го подига виндовсот ко ништо да не било и си тера понатаму. Ова се случува отприлика еднаш во месецот или на два месеци еднаш. Не е толку често, ама не е па ни толку ретко за да не ме загрижи. Виндовсот си е таков каков што беше ко го купив лаптопот пред точно две години. Не ми е преинсталиран оттогаш, лиценциран е, редовно апдејтуван, нема вируси, тројанци, не инсталирам и бришам програми често.
Кој би можело да биди проблемот? Дали му е веќе критично време за преинсталација на системот, оти не е веќе така брзо како на почетокот, му треба подолго време за подигање, ама општо во работа не е спор, или пак проблемот е во bad sectors на хард дискот? ПОМОШ?