Помош - сакам да градам!

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
976
Поени од реакции
413
ne vervuvam deka e tolku skapo.Bager ke si prasas kolku pari kosta iskop i zemjata da ti ja odnesat i taka ke znaes
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
223
Поени од реакции
22
Ај уште нешто да прашам... освен проверка во општина, катастар, и залог на други места... што треба да проверам пред да го земам... слушнав требало да има голем пат за да можел камион да помине, друго да прашам во општина колкава градба е дозволена... и слично... има ли некој да додаде уште нешто?
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
223
Поени од реакции
22
Дали знае некој дали стопански двор ке биде во урбанистичкиот план и кога?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.461
Луѓе баш деновиве се шетав шетав низ Гостивар па видов различни куќи... па имам неколку прашања :)

Што е подобро за кров... лим или ќерамиди?
Стиропорна или пикована фасада?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.912
Поени од реакции
31.190
Луѓе баш деновиве се шетав шетав низ Гостивар па видов различни куќи... па имам неколку прашања :)

Што е подобро за кров... лим или ќерамиди?
Стиропорна или пикована фасада?
И јас се прашував и се решив за лим.
Многу предности има ќерамида, многу предности има и лим долго читав по форуми српски хрватски македонски за градежнисштво и некако стекнав впечаток дека ллуѓе кои имале керамида и преминале на лим - се задоволни (секако ако е квалитетно направена работата)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.461
И јас се прашував и се решив за лим.
Многу предности има ќерамида, многу предности има и лим долго читав по форуми српски хрватски македонски за градежнисштво и некако стекнав впечаток дека ллуѓе кои имале керамида и преминале на лим - се задоволни (секако ако е квалитетно направена работата)
А фасада стиропорна или пикована?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.912
Поени од реакции
31.190
А фасада стиропорна или пикована?
за жал мене ме стопираа во градба некој проблем со земјиштето така да не можам да ти кажам по проект беше педвидено стандардно сендвич блок со стиропрна фасада (демит) али имав на ум и друга варијанта, значи фасадна тула па изолација па блок па малтер шо мислам дека е доста добро и долготрајно и поестетски исто планирав да застаклам поголем дел од зидови со фикс прозори не испаѓаше лошо пример 2,7 должина 2,8 висина идеше 280 евра (5коморно, азот, нискоемисионо стакло) а пошто се работи за поткровје, свртено на југ со убав поглед... е ме дупеше висина пошто греда не смеам над 250 а ако ставиш прозори и на калкан горе одма ќе скокнат дека правиш 2 нивоа поткровје шо не е предвидено... али се во се моментално е стопирано и најверојатно ќе се работи на пролет.
 
Куќава што ја купив во Гостивар е без фасада па се мислам...., зошто слушнав дека стиропорот кога и да е ќе се одлепи и ќе падне, а доколку има град цела фасада со дупки ќе биде..., а за пикованата фасада имам видено дека многу убаво изгледа, но слушнав дека лесно фаќала влага и мувла......Предлог? :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.912
Поени од реакции
31.190
Куќава што ја купив во Гостивар е без фасада па се мислам...., зошто слушнав дека стиропорот кога и да е ќе се одлепи и ќе падне, а доколку има град цела фасада со дупки ќе биде..., а за пикованата фасада имам видено дека многу убаво изгледа, но слушнав дека лесно фаќала влага и мувла......Предлог? :)
Jaс би дал предност на стиропор али памти дека за се си треба добар мајстор со правилна техника. И демитот ќе пропадне и нема да изолира ако е непрописно поставен.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.944
Куќава што ја купив во Гостивар е без фасада па се мислам...., зошто слушнав дека стиропорот кога и да е ќе се одлепи и ќе падне, а доколку има град цела фасада со дупки ќе биде..., а за пикованата фасада имам видено дека многу убаво изгледа, но слушнав дека лесно фаќала влага и мувла......Предлог? :)
Ќе се одлепи ако фуш мајстор ти го уградува. Стиропорот се става со штрафови. Си има прописна бројка на штрафови со типли на одредена површина и крај - со тој што ќе се договориш барај само таква монтажа. Споевите се бандажираат, абрипот е повеќеслоен (го имаш на сајтот на Цересит детаљот) - ако не барате од изведувачите квалитет нема ни да го добиете.

.....и немој те молам пикована фасада дека добро изгледа :facepalm:, само овде и на Косово ја има...
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
936
Поени од реакции
1.073
Имам куќа на 2 спрата, се врти некој муабет за трет, али сеуште е само на муабет. Отприлика некоја цена колку би чинело тоа, уривање на кров, дигање спрат па нов кров. Сакам и тавански соби да има, дали е тоа добра идеја? Грубо кажано мислам дека куќата е 10 на 10. Градена е пред добри 60 години би требало да се изградат и внатрешни стубови на прв и втор спрат. Колку би ме чинело тоа без ентериерот?
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
223
Поени од реакции
22
Може ли некој да ми каже сто документација треба за да се почне градба на куќа? по кој редослед да се вадат документите, и дали може да се почне со градба па после да се бара дозвола и да се плака евро од метар...
Сакам да кажам имам плац, во с.двор во имотниот лист пишува нива, дали може тука да се почне да се гради?
Иначе преку општина викаат таму уште ДУП-от не бил готов...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.648
Поени од реакции
16.477

Мене тоа ми е ептен тазе, па би можел да те советувам:
1. Најпрво ти треба имотен лист за градежната парцела. Тоа мораш сам да го извадиш од Агенција за катастар. (EDIT: Дури сега видов дека имаш, што значи не е проблем.)
2. Со имотниот лист одиш во Општина од каде вадиш Извод од план со општи урбанистичко-архитектонски податоци (по старо - маркица), каде се дефинира максимално дозволената површина за градење (во хоризонтала и вертикала), плус и се дефинира која документација ќе ти биде потребна за да добиеш Одобрение за градба
3. Од ЈП Водовод со копија од изводот од план и уплата од 3500 денари за објект под 400м2 или 7500 за објект над 400м2 се вадат Хидротехнички услови.
4. Се наредно, до добивање на Одобрение за градба по ново си го брка проектантот кој ќе го избереш, затоа што од скоро, целата документација за добивање на Одобрение за градба се вади по електронски пат, преку проектантските бироа, со што се елиминира непотребното трчање од Општина до Катастар и обратно. Значи: бираш проектант кој треба да ти направи
-Идеен проект, и да го прати во Општина по електронски пат, од каде по добиената потврда дека е се ОК, проектантот праќа во Општина:
-Основен проект (архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа), заедно со Изводот од план (маркицата) и Хидротехничките услови.
-Ако е објектот над 300м2, освен архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа потребна е и ревизија на сите 3 проекти.
5. Се чека општината да го процесира барањето за Одобрение за градба, по што - кога архитектот го добие назад Одобрението за градба во електронска форма, ти го дава тебе, и можеш слободно да градиш.

Знам, комплицирано е, треба многу трчање, ама тоа е тоа. Јас се уште го чекам Одобрението за градба од Општина, ама се надевам за скоро време дека ќе биде. ;)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.912
Поени од реакции
31.190
Имам куќа на 2 спрата, се врти некој муабет за трет, али сеуште е само на муабет. Отприлика некоја цена колку би чинело тоа, уривање на кров, дигање спрат па нов кров. Сакам и тавански соби да има, дали е тоа добра идеја? Грубо кажано мислам дека куќата е 10 на 10. Градена е пред добри 60 години би требало да се изградат и внатрешни стубови на прв и втор спрат. Колку би ме чинело тоа без ентериерот?
To само мајстори и фирма можат да ти кажат, ти имаш дрвена конструкција со носечки зидови претпоставувам, треба да подигнеш стубови, внатрешни или надворешни да ставиш плочи на спратови треба да провериш и како е по ДУП предвидено за куќата дали смееш уште еден спрат. Тие постари куќи обично дозволуваат поткровје да се подигни, во тој случај можеш (зависно како е градбата) само горе да ставиш плоча (можеш и полесна со стиропороно бетонски греди) а долу да си оставиш дрвена конструкција, плочата горе ќе го укрути додатно објектот и нема многу да го оптовари таа е многу полесна од класична бетонска плоча, стави горе и покрив - лим - тука ти е полесна и кровната конструкција а и самиот лим е многу полесен од ќерамидите и нема да добирш многу на тежина.
 
На врв Bottom