Вака сега, сакам да ја оверклокувам графичката на PC-то пошто сакам да играм Call of Duty - World at War а на 800x600 разолуција ептен е за никаде графиката а погоре на 1024 и 1280 воопшто не ми ни вади слика се е црно само звук има. Имам графичка Nvidia 7300 LE и од самите драјвери имам опција да ја оверклокувам ама не знам до колку би било безбедно за да не се спржи.
На еден форум прочитав дека на оваа графичка најдобро било 500 на 750 Mhz ама не знам што треба да е 500 а што 750 Mhz пошо не пишува таму, ја направив на толку ама кога ќе заврши тестот ми вика "GPU test failed" или така нешто.
Еве слика за да ми кажете колку да го направам Core Bus а колку Memory Bus. А како што може да забележите има и едно Tune System и изгледа ова е за самиот систем да си ја одбере најдобрата работа на графичката според хардверот но дали некој од вас го пробал ова и дали е безбедно? Ве молам за помош што побргу. Благодарам однапред:smir: