За мерење намон од напојувањето ти е многу едноставно и мислам дека знаеш. Ти треба само волтметар или од овие дигиталниве инструменти и готово. Жолтата жица ти е 12в, црвената 5в и помаранџестата ти е 3.3в, ама оваа ја имаш само на ATX конекторот и ќе треба да ја оголиш и да измериш и нормално после тоа со изолирбан да го изолираш оголеното место. Најубаво е да мериш додека машината е под терет, да речеме да пуштиш PRIME, OCCT или SUPERPI. Мене ми се имаше дешавано на стариот комјутер меморијата да јавува грешки, да се кочи на уклучување, маусот да не работи, кога ќе приклучиш нешто на USB да се закочи и по две недели заебавање и проверување видов дека осигурачот од едната жица за 3,3в се скршил и излагала од конекторот. Кога имала добар контакт компјутерот работеше добро, кога имала слаб контакт комјутерот заебаваше. Ако има друг стар компјутер полека елиминирај го проблемот. ПРво смени напојување да речеме, па хард дискот, па меморија итн. Ај пиши само што конфигурација и што напојување имаш