Знаеш која е разликата помеѓу B940 и i5 2410m ???
Очигледно не знаеш па да ти разјаснам.
Добро ги знам разликите, затоа кажав дека ме секира процесорот. Него повеќе ми беше ради сугестија од други, ми се виде како добра опција за парите, со голем екран, солидна notebook графичка и entry level Sandy Bridge процесор. Но го немаа во АМЦ неотворен, сите им беа изложени, иначе ќе го купев. Идеална опција би ми била 17ка екран, i3 2310m, GT540M за негде до 33-34.000 денари, али нигде нема таков.
Башка за игрици и филмови ќе ми беше претежно, а за игри секогаш графичката е побитна од процесорот, ми се превртуваат цревата кога ќе видам комбинација i7 2600k со некоја графичка ко GTS450
, битно е да не ја bottle-neck-ува графичката, другото е занемарувачко 5-6 фрејма разлика максимум, процесор интензивните игри на прсти можеш да ги набројиш, затоа доволен ќе ми беше и B940.
Иначе Hyper-Threading технологијата никад не ми се бендисувала, физичко јадро си е физичко. Штета што нигде ги нема i5 2410QM кај нас на пазаров.
На крај може ќе се предомислам и место лаптоп ќе си земам едно 128 гигабајтно SSD и некои сараунд слушалки.