Дванаесетгодишната Надица која при пад го изгуби видот, повторно гледа на десното око, благодарение на познатиот турски офтамолог д-р Фарук Семиз од Европската очна болница.
Надица при пад од 20 метри доживеа тешка повреда на очите при што го изгуби видот. По направените прегледи и анализи на офтамологија на Државната болница беше констатирано дека станува збор за тешка повреда и воедно за тежок оперативен зафат за кој треба Надица да замине на лекување во Русија.
Руските офтамолози по направените дополнителни испитувања и анализи констатираа дека станува збор за навистина сложена и високо критична операција која не може да се изведе во нивната болница и им дале препорака на родителите да заминат во Турција каде постојат светски познати офтамолошки хирурзи специјализирани за ваков тип сложени операции.
Познатиот турски офтамолог д-р Семиз лично се заложи како претставник на Европската Очна Болница да го преземе случајот на девојчето и да ја оперира во болницата во Турција.
- Надица по операцијата направена во Истанбул почна да реагира на светлината и движењата што ни дава дополнителна надеж дека има можност за многу поголем успех при нејзиното натамошно гледање. Тоа ќе биде подолг процес во наредниот период. Ние дополнително и редовно ќе ја надгледуваме и за шест месеци кога ќе го доведеме окото во посакуваната положба според најсовремената технологија и најстручните офтамолози од Турција ќе биде вграден чип во окото на Надица кој ќе и овозможи нормално да функционира, изјави д-р Фарук Семиз.
- Се случи чудо кога Надица кажа дека гледа светлина и реагира на движења по операцијата во Турција, а тоа не се случи по интервенцијата во Москва, изјави мајката на Надица.
извор