Помош за Надица од Велес

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
иначе пресна информација за девојчето...во Русија не успеале да и помогнат..али во Турција кога ја однеле успеала да прогледа..дали имало хирушки зафат во Турција незнам...
Од Русија ја упатиле во Турција, прогледана е само на едното око ама не 100%, потребни се уште неколку операции.
 
М

Мартин`

Гостин
Хуманитарен концерт за помош на Надица ..

Време/датум: Четврток, 24 февруари · 19:00 - 22:00
Локација: Сала ,,Бели Мугри'' Велес

На концертот ќе настапуваат: Бени Шакири, Александар Тарабунов, Ноне Неделковска, Орхидеја Дуковска, Тринити Бенд, Балетско студио Анабела. Влез 50 денари (парите ќе бидат наменети за Надица Трајковска).

Картите може да се набават во Црвен крст Велес или на влез на денот на концертот.
Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности

Тим на проектот
Повторно до светлина
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Хуманитарен концерт за помош на Надица ..

Време/датум: Четврток, 24 февруари · 19:00 - 22:00
Локација: Сала ,,Бели Мугри'' Велес

На концертот ќе настапуваат: Бени Шакири, Александар Тарабунов, Ноне Неделковска, Орхидеја Дуковска, Тринити Бенд, Балетско студио Анабела. Влез 50 денари (парите ќе бидат наменети за Надица Трајковска).

Картите може да се набават во Црвен крст Велес или на влез на денот на концертот.
Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности

Тим на проектот
Повторно до светлина
http://www.facebook.com/event.php?eid=196149243747429
Еве го и евентот на фб
 
М

Мартин`

Гостин
Како што видов сега на вести во Русија не успеале да и помогнат, но во Турција некој познат специјалист во таа област и правел испитувања и едното око и реагирало на светлина и големи биле шансите да прогледа. Истиот знам ветил дека парите што недостасуваат ќе бидат на трошок на клиниката. Така слушнав, не сум 100% сигурен ама поприлично сигурен сум.. добри вести!
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Дванаесетгодишната Надица која при пад го изгуби видот, повторно гледа на десното око, благодарение на познатиот турски офтамолог д-р Фарук Семиз од Европската очна болница.

Надица при пад од 20 метри доживеа тешка повреда на очите при што го изгуби видот. По направените прегледи и анализи на офтамологија на Државната болница беше констатирано дека станува збор за тешка повреда и воедно за тежок оперативен зафат за кој треба Надица да замине на лекување во Русија.

Руските офтамолози по направените дополнителни испитувања и анализи констатираа дека станува збор за навистина сложена и високо критична операција која не може да се изведе во нивната болница и им дале препорака на родителите да заминат во Турција каде постојат светски познати офтамолошки хирурзи специјализирани за ваков тип сложени операции.

Познатиот турски офтамолог д-р Семиз лично се заложи како претставник на Европската Очна Болница да го преземе случајот на девојчето и да ја оперира во болницата во Турција.

- Надица по операцијата направена во Истанбул почна да реагира на светлината и движењата што ни дава дополнителна надеж дека има можност за многу поголем успех при нејзиното натамошно гледање. Тоа ќе биде подолг процес во наредниот период. Ние дополнително и редовно ќе ја надгледуваме и за шест месеци кога ќе го доведеме окото во посакуваната положба според најсовремената технологија и најстручните офтамолози од Турција ќе биде вграден чип во окото на Надица кој ќе и овозможи нормално да функционира, изјави д-р Фарук Семиз.

- Се случи чудо кога Надица кажа дека гледа светлина и реагира на движења по операцијата во Турција, а тоа не се случи по интервенцијата во Москва, изјави мајката на Надица.

извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom