Помош за Надица од Велес

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/apel-za-pomosh-na-malata-nadica-od-veles

12 годишната Надица Трајковска од Велес видот го изгуби во септември кога помагајќи на татко и падна од стаклениот кров директно на бетонот во подрумот од зградата во која живеат. Додека девојчето да биде донесено во Ургентниот центар во Скопје 3-пати е враќано во живот.

3 недели била во кома. Поради повредите на главата, лицето, вилицата и нозете направени и се неколку операции, но нашите лекари не можат да и го вратат видот.

Со конзилијарно мислење од очната клиника Надица во понеделник треба да замине на преглед во Москва. Од таму на родителите им дале потврден одговор дека ќе се обидат детето да прогледа.

-Ни викаат ако чувствува светлина може со операција да прогледа, а она вели дека осеќа светлина, вели Оливер Трајковски, татко на Надица.

Само за првичните консултации и испитувања во Русија потребни се 6000 евра. Мал дел од оваа сума е собрана со помош на донации, а 80 проценти од трошоците ќе покрие и фондот за здравство. Но понатамошното лекување, сложената операција и престојот во Русија чинат многу повеќе.

Родителите на Надица ја немаат собрано ниту првичната сума која е само за прегледот , бидејќи се невработени и живеат од социјална помош.

Сакаат нивната Надица да продолжи да живее нормално како и секое дете и апелираат за помош до сите хумани луѓе.

Надица не може да оди на училиште, ниту да се дружи и игра со врсниците. Во 6-то одделение била само еден ден зошто несреќата се случи на 2 септември.

-Ова е местото каде пред точно 5 месеци се случи големата несреќа кога малата Надица падна од 20 метри височина.

За да може 12-годишното девојче повторно да ја види светлината на денот и нормално по 4-ти пат да продолжи нормално да живее може да помогнете со донирање на следната трансакциона сметка.

Трансакциска сметка 20000227268157-Стопанска банка на име Надица Трајковска

и на телефонот 075/076 -143 -123 (само за корисници на ОНЕ)


Не знам дали се сеќавате, пред неколку месеци на телевизиите кажаа дека девојчево, помагајќи на нејзиниот татко паднала од високо. Кажаа дека имала многу скршеници, особено на главата и дека е вистинско чудо што останала жива. Неколку пати ја оживувале, и била во кома неколку недели. Сите мислеле дека нема многу надеж. Сепак, и покрај тоа што шансите бле мали, Бог решил дека треба да живее. Тој направил тоа што требало.
Сега останува на нас да и помогнеме да почне да живее вистински живот. Знам дека имало донации, меѓутоа потребни се уште пари.
Поправете ме ако грешам, мислам дека е единица, дека нема браќа и сестри, и дека живеат од социјална помош.

Јас веќе донирав.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.686
Уфф..Жално упм..Добро би било да направат да може од сите мрежи да се донира.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Уфф..Жално упм..Добро би било да направат да може од сите мрежи да се донира.
И мене ме наежи сторијава. Не само оти се работи за велешанче, туку тоа што сите не верувале многу во шансите за опоравување, а со толку многу повреди е вистинско чудо што е жива. Мислам дека како и секогаш Бог има причина за се, и мислам дека редот ни е и нам да направиме нешто.

Секој може да одвои 100 денари, нам не ни се многу, едно кафе помалку.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.015
Поени од реакции
4.083
Донирано уште вчера кога видов на вестите жално стварно.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.506
Зошто нема за корисници од Т-мобајл !? Баш би сакал да донирам.
 

Луси_Лу

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
5.211
Поени од реакции
11.445
Секогаш кога ќе видам броеви одма донирам , фала титаник за бројчето од Т мобајл, едноставно немам срце а да не донирам како родител знам колку боли и е тешко да си го гледаш детето дека нешто му недостасува... :(
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.686
Секогаш кога ќе видам броеви одма донирам , фала титаник за бројчето од Т мобајл, едноставно немам срце а да не донирам како родител знам колку боли и е тешко да си го гледаш детето дека нешто му недостасува... :(
Ќути...Ја сум доста заладен тип,ама вакви работи многу ме погодуваат,просто ме исфрлаат од колосек. :(
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Нареден четврток во Велес ќе се организира хуманитарен концерт за девојчево, кој што мисли дека може и сака да помогне околу организацијата нека повели
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Нареден четврток во Велес ќе се организира хуманитарен концерт за девојчево, кој што мисли дека може и сака да помогне околу организацијата нека повели
Супер. Кој организира?
Ако сум таму, ќе помогнам:)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
904
иначе пресна информација за девојчето...во Русија не успеале да и помогнат..али во Турција кога ја однеле успеала да прогледа..дали имало хирушки зафат во Турција незнам...
 
На врв Bottom