Помош: Барам еден филм!

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.736
Поени од реакции
1.489
Барам еден филм или серија е ама македонска се секавам многу малку знам нешто Петре ќе беше кондуктер или машиновозач па ќе дојдеше во железничката станица и ќе рече пак возот ми се расипа во Зелениково , па од таму на магаре дојдов овде. ?
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.905
Поени од реакции
84.094

Булки крај шините?
 
Член од
1 ноември 2014
Мислења
72
Поени од реакции
120
Барам sci-fi филм. Мислам дека е од 90тите. Паметам дека имаше роботи што беа како моторни пили што одеа под земја и ги убиваа луѓето. Роботите ја уништија базата од луѓето и само 2-3ца се спасија. Подоцна по пат најдоа едно дете, кое подоцна во филмот испадна дека е всушност робот и на крајот се појави цела армија од деца исти како него...
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025

Screamers (1995)
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Аферим бе Фликер...има ли нешто што не си гледал?? Гледам дека беспрекорно владееш и со постари но и со најнови остварувања од сликите што се движат.
Баш би сакал да те ставам на тест на мака да видам дали ќе откриеш еден филм, многу стар филм ама ептен малку се сеќавам на него едвај на неколку сцени така да тешко ќе биде опишувањето...ај друг пат.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Филмот беше за некој си познат пејач од (ваљда) 60-70, свиреше на клавир и мислам плав беше, аниуан ?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Фликер е како бот, без навреда :)
Не, навистина, на @FLICKER треба да му се даде нешто најсериозно. Да се преименува темава во „барам филм (ако фликер не го знае, на што ќе го најдеш)“.
Фликер, најчесто филмовиве што ги бараат ги знаеш или пак добро владееш со пребарување на google/imdb?
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Фликер е како бот, без навреда :)
Фликер е како бог, без навреда :) FTFY
Не, навистина, на @@FLICKER треба да му се даде нешто најсериозно. Да се преименува темава во „барам филм (ако фликер не го знае, на што ќе го најдеш)“.
wow-cool.gif
Фликер, најчесто филмовиве што ги бараат ги знаеш или пак добро владееш со пребарување на google/imdb?
94867-magic-gif-Shia-Imgur-MAH7.gif
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Ајде еден тест за Фликер...се работи за многу стар филм кој го имам гледано па би рекол првата половина на 80-тите, дури ми се чини и дека филмот беше во црно-бела техника (не сум баш сигурен ама така ми се чини). Значи вака мафијашка група, или фамилија од мафијата, повеќето прилично млади, хиерархиски поставена, нормално со матни и нечесни активности, свртилиште и собиралиште им беше една куќа на 2 спрата со кафеана на приземјето која воедно им беше и како покритие пред полицијата демек еве “седимо си“ не правиме ниште нечесно и сл. Во една сцена по извршено убиство или така нешто мафијашот дотрчува во кафаната и веднаш демек случајно го прашува келнерот зад шанкот „Џони колку е точно саатот?“ а овој му враќа вели: што е пак ли ти треба алиби? Еден од мафијашите се запознава со една девојка, се вљубуваат особено девојката толку се вљуби што не гледаше ништо околу неа дури не ни примети дека всушност принцот и е човек од другата страна на законот. А дечкото-мафијаш мислам дека му стигна задача од фамилијата да се оттараси од “женската беља“. Иако можеше тоа оттарасување можеше да го стори на 300 начини дури и да ја убие а око да не му трепне..некако му беше непријатно и иако повеќе не ја сакаше и ја навреди зборуваше за неа сепак во очи не можеше да и каже...па одлучи некако дипломатски да ја откачи демек ќе патува некаде на подолго време, незнае дали и кога ќе се врати и сл.
И сцената по која тој што го гледал филмот би требало да се сети: На крај пред заминување при испраќањето, девојката сеуште го гушка а тој и вели чекај да ти оставам нешто за сеќавање и влегува во некаква кабина (слична на некогашните телефонски кабини кај нас) во таа кабина имаше апарат за снимање на глас, пушташ паричка и имаш 30 сек или можеби минута во која зборуваш/пееш на микрофон а а тоа се снима со режење на грамафонска винилна плоча. И почнува типот со снимањето нешто као љубави моја, секогаш ќе се сеќавам на тебе, моето срце бла бла бла но потоа и вели на девојката дека му е непријатно па ја замоли да се оддалечи од кабината а подоцна ќе слушне што имал да и каже. И откако остана сам почна со вистинските негови зборови: козо, овцо, глупа ли си, колку си ружна нели гледаш, ој откачи се од мене глупачо ...
Се испраќаат, тој заминува, девојката бргу бргу ја става винилката на грамафон и почнува она со убавите зборови и таман кога требаше да ја дознае правата вистина грамафонот “заглавува“ и почнува со рипит...секогаш ќе те сакам, секогаш ќе те сакам, секогаш ќе те сакам.....и така си остана цурата у заблуда
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.905
Поени од реакции
84.094
Филмов го гледав на Прилепската телевизија, пред едно 13 години одприлика. Значи стар е филмов, веројатно негде од периодот на 80-те и раните 90-ти... а башка и снимката тогаш беше земена од МакСпот телевизија (со старото лого) кога давала филмови на нејзиниот канал :coffee:. Во филмот се работеше за човек кој при напад од манијак, му бил изваден бубрегот, додека овој бил во несознание. И тоа беше приказната во текот на целиот филм, жртвава се обидува да го најде манијакот кој тргува со органи, со цел да му се одмазди. Памтам една сцена имаше кога група од 5-6 луѓе беа собрани кај психолог, и ги кажуваа меѓусебно своите маки, и кога дојде на ред жртвава да ја каже својата приказна, ја соблече блузата и ја покажа раната каде што бил опериран од манијакот, при земањето на бубрегот.

@FLICKER ? :coffee:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.032
Поени од реакции
36.260
Во филмот типот главната улога може да гледа мртви и да комуницира со нив. Во една сцена одат на гробиштата на погреб на еден , и сите плачат а он се расправа со мртвите кои му се покажуваат како духови. Имаше еден умрен генерал или слично и почна да го пука со митралез. Anyone? :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.094
Поени од реакции
8.158

http://www.imdb.com/title/tt0116365/
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Филмов го гледав на Прилепската телевизија, пред едно 13 години одприлика. Значи стар е филмов, веројатно негде од периодот на 80-те и раните 90-ти... а башка и снимката тогаш беше земена од МакСпот телевизија (со старото лого) кога давала филмови на нејзиниот канал :coffee:. Во филмот се работеше за човек кој при напад од манијак, му бил изваден бубрегот, додека овој бил во несознание. И тоа беше приказната во текот на целиот филм, жртвава се обидува да го најде манијакот кој тргува со органи, со цел да му се одмазди. Памтам една сцена имаше кога група од 5-6 луѓе беа собрани кај психолог, и ги кажуваа меѓусебно своите маки, и кога дојде на ред жртвава да ја каже својата приказна, ја соблече блузата и ја покажа раната каде што бил опериран од манијакот, при земањето на бубрегот.

@FLICKER ? :coffee:
The Donor (1995)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom