Помош: Барам еден филм!

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Кој може да ми каже кој е овој филм. Сум го забораил одамна сум го гледал и сум заборавил како е насловот ама памтам дека во него има еден црнец што ограбува банка и истиот момент се вработува во неа, потоа еден човек кој е во кома од болницата сосе кревет го пуштаат во базент и последно што памтам е човек во инвалидска количка качен на коњ и коњот трга и тој прави backflip сосе количката. Ај ако може некој да го најде или го гледал нека пишува. Фала однапред.:)
 
Член од
4 јануари 2010
Мислења
36
Поени од реакции
37
Еј, супер тема, барав ваква. Имам неколку филмови што ги барам (ги имам гледано порано), еве за првиот:
Мислам дека нешто беше како There is a stranger in my house според дешавката, ама гледам дека не постој таков филм, т.е не е тој. Во една куќа со луѓе, ќе почни да живеј човек без овие да знаат. Тие ќе почнат да слушаат звуци, ќе почнат да се сомневаат, но нема да најдат ништо. При крајот се открива дека човекот кој живееше во нивната куќа дошол преку визбата (имаше ископано канал од друга куќа до таа).
Така нешто оприлика беше, мистерија, го гледав негде 2006та, 2007ма на некоја наша телевизија, не се сеќавам. Please help:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Гледав еден филм синоќа, почнав да го гледам во 1:30 ноќеска.. Не беше од почеток и неможев да видам како се вика.. Во филмот има една Ванеса.. таа Ванеса има сестра, колата со која ќе се возат тие ќе се запали а Ванеса ќе биде внатре но ќе преживее и 6 месеци ќе и даваат некаква терапија ли или незнам што, и потоа таа умира.. Ванеса имала сопруг кој што се вика Џон, имаат една ќерка мала... На погребот на Ванеса нејзината сестра кога се доближи до ковчегот слушаше некои звуци како гребење и одеднаш имаше некакви визии како Ванеса гребе во ковчегот и сл. тотално полуде.. 2-ца ја зедоа за да ја смират.. од тогаш таа се поремети психички ... работеше ама ја отпуштија поради некои причини,не се сеќавам кои.. И таа сака да открие се за смртта на нејзината сестра Ванеса.. Оди во куќата на Џон каде што и таа порано живеела.. Мајката на Џон е чудна но некако целата куќа успевала да ја држи средена.. Еден ден малото девојче и кажа на сестра и на Ванеса дека има некакво чудовиште или мрачно суштество, дека таа го слушнала, и во тој момент дојде баба и и ја викна веднаш да дојде со неа бидејки беа сами до ковчегот на еден стар човек.. Сестра и на Ванеса се замисли ... Потоа таа истражува за сестра и открива друга личност, таа што се грижела за сестра и..итн итн...
Мислам дека е доволно за некој да се сети.. а и премногу е .. :S :S
Благодарам :)
Другар, гледам дека си нов, разгледај по форумов што е како пред да пишуваш и посебно пред да отвораш теми.

Добредојде.
 
А

Анноун

Гостин
тинејџерски , американски . 3ца другари се средно школо , и главниот лик ќе се вљуби во девојка што потоа ќе дознае дека е порно глумица. Потоа ќе снимаат едукативен филм за сексот со другарите . Anyone ? Глуп е филмот , ама сакам да го најдам , ме интересира нешто за глумците.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.450
Поени од реакции
87.181
тинејџерски , американски . 3ца другари се средно школо , и главниот лик ќе се вљуби во девојка што потоа ќе дознае дека е порно глумица. Потоа ќе снимаат едукативен филм за сексот со другарите . Anyone ? Глуп е филмот , ама сакам да го најдам , ме интересира нешто за глумците.
http://www.imdb.com/title/tt0265208/ 100000000000000% е овој :D
 
A

AnFem

Гостин
Од прилика се сеќавам на филмов... Луда фамилија оди на викендица, беа доста луѓе... Една девојка избега од целото лудило и за време на целиот филм ја бараа, еден од нив си ја донесе трудната девојка, мајката на девојката што избега беше касната од оса or something... Може некој да ми помогне?
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Од прилика се сеќавам на филмов... Луда фамилија оди на викендица, беа доста луѓе... Една девојка избега од целото лудило и за време на целиот филм ја бараа, еден од нив си ја донесе трудната девојка, мајката на девојката што избега беше касната од оса or something... Може некој да ми помогне?
Колку пати филмов го даваа на една локална телевизија, ех времиња... што убаво ме потсети. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
Вака сега .. отприлика знам што се случува во филмот одамна го гледав ама не ми текнува насловот . филмот е шпански или евентуално француски бар така збореа стварно неможам да се сетам ама 80 посто сум сигурен дека е шпански . Станува збор за едни избеглици како бегаат преку воз .. ги брка некоја банда за да г фати . ги стигнува бандава незнам каде и има една девојка која сакаат да ја земат да ја силуваат , но тука стапува на сцена еден дечко кој ќе и помогне да пребегаат и цело време да им бегаат на бандава . Ми текнува на детал само кога сакаат да ја земат од возот да ја силуваат татко на девојката го убиваат .. после на крај бандата ќе ги стигне и девојката мислам беше ќе ја удават во една река а за дечкото не се сеќавам .
Ако може некој да ми помогне вечито благодарен :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom