Помеѓу благословена игноратност и љубов...

M

marsovka

Гостин
Пред неколку месеци имав разговор со еден познаник,разговаравме за љубовта.За тоа што искусил и дека после таа врска(во која искусил што значи љубов во права смисла на зборот) што ја имал ,ми рече дека пред таа врска ,пред таа да дојде во неговиот живот ,ќе умрел мислејќи дека знаел што е љубов а, сега ќе биде пресреќен ако најде некоја, која нема да сака да ја убие или да се убие секое сабајле кога ќе се разбуди покрај неа .Ми раскажуваше со лице на човек на кој предмалку му го искорнале срцето, додека јас во себе со мојот препознатлив цинизам и скептицизам му се потсмевав.
-Љубовта ја измислиле неколку маркетинг агенти за да на жените им продадат пар повеќе хулахопки ,очигледно и тебе ти требаат хулахопки.Деца !
Цело време тоа го мислев.Моето мислење го задржав за себе бидејќи во неговите очи беше очигледна болката и не му требаше потсмевање од некој .Но тогаш моето мислење гласеше :љубов не постои барем не таква како што ја опеваат во песните и поемите и опишуваат во новелите .Детска фантазија која заедно со Дедо Мраз и Баба Рога која треба да ја оставиме позади себе и како возрасни да најдеме "некој" кој ќе можеме да го истрпиме до крајот на животот или барем додека разводот и швалерката не не разделат.
Денес ми оди да си ја лупнам главата од ѕид заради таквиот став ,дека се е хемија и хемиски врски и љубов е нешто како мит.
Никогаш не мислев дека постои некој кој буквално ќе напраави да имам бура од емоции ,секогаш постоел некој кој ме терал "нешто" да чуствувам и ни било "убаво"(познатата изрека и оправдение за млака врска каде утре наутро раскинете веќе вечер ќе најдете ист/сличен таков тип со кој ќе имате сличен/ист однос/врска )
Деновиве сваќам како се чуствувал другаров мој, барем краток поглед ,слика како изгледа тоа .Од една страна чуствуваш интуитивно дека this is IT ,а од друга страна преовладува стравот бидејќи знаеш дека што и да се случи дека он тукаќе биде за кратко(кога ќе го речам ова навистина го мислам).Дали би побегнале од можноста да осетите вистинска љубов притоа знаејќи дека можеби никогаш повеќе да добиете втора шанса за вакво искуство,а сепак ќе се поштедите од болката или пак би се предале целосно па додека трае нека трае и утре кога ќе ја нема таа личност знаете дека ќе раскажувате исто како мојов познаник со лице на човек чие срце е извадено пред пет минути без анестетици,и да живеете со сознанието дека онаа вљубеност која сте ја чуствувале во претходните врски не е ништо во споредба со тоа вкусот на вистинска љубов ?Да се живее со благословената игноратност или сознанието што е љубов и со фактот дека можеби никогаш нема да доживееш пак такво нештоа со тоа и со болката и копнежот која ќе те измачува ?

Прашање и потпрашње не одговарам мислам дека бев доволно јасна.
Благодарам
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Марсовац....неизбежно е тоа бе.
И си уплашена до посер од тоа.
Се прашуваш шпто да правиш, а веќе си одлучила и си се удавила во емоциите....ама ќе си признаеш.
Enjoy the ride.
Нема благословена игнорантност, бар не на оваа тема. Секој кога тогаш поминува низ тоа...џабе ќе се браниш, ако имаш таква намера.:)
 
Колку пократко трае толку побрзо иде во заборав ,иако не е избришано
Рационалност ...It makes your life easy:)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Љубовта е разумен компромис - Хорхе
Секое чудо за три дена - народна поговорка
Само најдобриот доаѓа во предвид- Жена ми
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Колку пократко трае толку побрзо иде во заборав ,иако не е избришано
Рационалност ...It makes your life easy:)

What if after a while you say to yourself..."what if"? :)

Секој со свој есап...ама пропушташ многу ако се опираш...у ствари, не може да се опираш.:)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A single spark can set a prairie on fire yet not keep you warm whereas water can both sustain and sink a ship therefore do not be concerned with things outside your door Marsovke!
 
Член од
6 мај 2009
Мислења
33
Поени од реакции
2
Пред неколку месеци имав разговор со еден познаник,разговаравме за љубовта.За тоа што искусил и дека после таа врска(во која искусил што значи љубов во права смисла на зборот) што ја имал ,ми рече дека пред таа врска ,пред таа да дојде во неговиот живот ,ќе умрел мислејќи дека знаел што е љубов а, сега ќе биде пресреќен ако најде некоја, која нема да сака да ја убие или да се убие секое сабајле кога ќе се разбуди покрај неа .Ми раскажуваше со лице на човек на кој предмалку му го искорнале срцето, додека јас во себе со мојот препознатлив цинизам и скептицизам му се потсмевав.
-Љубовта ја измислиле неколку маркетинг агенти за да на жените им продадат пар повеќе хулахопки ,очигледно и тебе ти требаат хулахопки.Деца !
Цело време тоа го мислев.Моето мислење го задржав за себе бидејќи во неговите очи беше очигледна болката и не му требаше потсмевање од некој .Но тогаш моето мислење гласеше :љубов не постои барем не таква како што ја опеваат во песните и поемите и опишуваат во новелите .Детска фантазија која заедно со Дедо Мраз и Баба Рога која треба да ја оставиме позади себе и како возрасни да најдеме "некој" кој ќе можеме да го истрпиме до крајот на животот или барем додека разводот и швалерката не не разделат.
Денес ми оди да си ја лупнам главата од ѕид заради таквиот став ,дека се е хемија и хемиски врски и љубов е нешто како мит.
Никогаш не мислев дека постои некој кој буквално ќе напраави да имам бура од емоции ,секогаш постоел некој кој ме терал "нешто" да чуствувам и ни било "убаво"(познатата изрека и оправдение за млака врска каде утре наутро раскинете веќе вечер ќе најдете ист/сличен таков тип со кој ќе имате сличен/ист однос/врска )
Деновиве сваќам како се чуствувал другаров мој, барем краток поглед ,слика како изгледа тоа .Од една страна чуствуваш интуитивно дека this is IT ,а од друга страна преовладува стравот бидејќи знаеш дека што и да се случи дека он тукаќе биде за кратко(кога ќе го речам ова навистина го мислам).Дали би побегнале од можноста да осетите вистинска љубов притоа знаејќи дека можеби никогаш повеќе да добиете втора шанса за вакво искуство,а сепак ќе се поштедите од болката или пак би се предале целосно па додека трае нека трае и утре кога ќе ја нема таа личност знаете дека ќе раскажувате исто како мојов познаник со лице на човек чие срце е извадено пред пет минути без анестетици,и да живеете со сознанието дека онаа вљубеност која сте ја чуствувале во претходните врски не е ништо во споредба со тоа вкусот на вистинска љубов ?Да се живее со благословената игноратност или сознанието што е љубов и со фактот дека можеби никогаш нема да доживееш пак такво нештоа со тоа и со болката и копнежот која ќе те измачува ?

Прашање и потпрашње не одговарам мислам дека бев доволно јасна.
Благодарам
A sto se slucilo so prijatelot,zosto im prekinala vrskata ako se rabotelo za vistinska ljubov?
A mislam deka nema covek koj bi pobegnal od sansata da oseti vistinska ljubov,toa e edna od trite vodecki zivotni sili (ljubov,verba i nadez) ako mozam taka da se izrazam!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали би побегнале од можноста да осетите вистинска љубов притоа знаејќи дека можеби никогаш повеќе да добиете втора шанса за вакво искуство,а сепак ќе се поштедите од болката или пак би се предале целосно па додека трае нека трае и утре кога ќе ја нема таа личност знаете дека ќе раскажувате исто како мојов познаник со лице на човек чие срце е извадено пред пет минути без анестетици,и да живеете со сознанието дека онаа вљубеност која сте ја чуствувале во претходните врски не е ништо во споредба со тоа вкусот на вистинска љубов ?Да се живее со благословената игноратност или сознанието што е љубов и со фактот дека можеби никогаш нема да доживееш пак такво нештоа со тоа и со болката и копнежот која ќе те измачува ?
Никогаш не би побегнала од шансата за вистинска љубов, макар на крајот била распарчена. Јас многу се плашам од тоа да не бидам повредена, но тоа е многу кратко, секогаш, секогаш си го ризикувам срцето, без разлика на тоа што е. Сакам 100 посто, се надевам дека ќе ми биде возвратена.
Што ако побегнам? Заради некои глупав страв, да се разбудам и да сфатам дека сум имала шанса за ЉУБОВ и јас сум избегала? Па тоа никогаш не би си го опростила сама на себе.
По карактер знам да бегам и да се повлекувам од многу работи, ама од љубов никогаш не бегам. Дури и најмалата шанса ќе ја испробам, никогаш не се знае.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Ај да пишам.
Не бегам од љубов ама ја би да игнорирам куме :icon_lol:.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Дури и да завршам на крај повредена со моето срце распарчено на милиони и милијарди микро парчиња сепак не би ја игнорирала љубовта.Она што ќе го преживеам би било највозвишеното и најубавото чувство што може да се осети и толку тие мали моменти го прават животот вреден и интересен.
Не бегам никогаш,зошто не сакам подоцна цел живот да се каам за работите што не сум ги направила и да ме копна вечното прашање-шта би било кад би било или што ако тоа беше правото.Затоа никогаш не се откажувам и на љубовта секогаш и давам шанса:pipi:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Многу едноставно прашање со многу едноставен одговор. Оној кој нема да вложи се на бело, нема ни да добие двојно. Ризикот секогаш се исплати на овој или оној начин, а кутри се само оние кои одбиле да пробаат се во животот. Па како ќе знаеш дали воопшто ја сакаш ако не и дадеш се`? Како таа ќе знае дали си вистинскиот ако не проба некој друг па да спореди што е добро што е лошо?

Ignorance is bliss e иронична реченица, да не се ослонуваме премногу на неа.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Љубовта е посебна. Не си играјте со неа и не ја игнорирајте.
Таа доаѓа неприметно, создава потреба за да копнееш по нешто кое дотогаш не ти било својствено.
Покул нешто нема да доживеете. Да сакаш некоја ко што се сакаш себе си и повеќе...
Добро, или во поразблажена варијанта, да ти е пријатно со нејзе.
Љубовта опстанува, иако има секакви заебанции, исмејувања, негаторства.
Зошто мислите дека има луѓе кои постигнуваат секакви рекорди, скијаат, возат мотори, коли, успеваат во кариера.
Тоа е бидејќи не љубат.
Не постои ни еден успешен човек кој вистински љуби(жена, не работа)..
Љубовта ти зема и дава се, едноставно во вистинска љубов немаш желба да се замараш подетално со ништо друго.
Контрадикторно, кога љубиш и те љубат кур те боли дали те унапредиле, колку пари земаш, но за чудо си успешен.
Што и да правиш, се ти оди од рака, донекаде.
Магија бе.
Љубовта ја стимулира скромноста. Кој ја нема забегува во различни насоки од преголеми богаства до ништо.
Љубовта е духовен и физички врв на човекот. Таа е емоција за која нема замена.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.964
Поени од реакции
24.203
Љубовта е разумен компромис - Хорхе
Секое чудо за три дена - народна поговорка
Само најдобриот доаѓа во предвид- Жена ми
Eве го другаров се јави со прости три реченици да објасни. Бидејќи е женет (сочуство друже :( :pos2:) ќе го земам ова негово објаснување како точно. Видиш работата е што секогаш се гледа од радикалната страна едната или другата. Кога си во таа позитивната односно заљубената страна и си во екстаза, делириум губиш секаква реалистична перцепција, пеперутки ти летаат во стомак а мајски бумбари во глава. Па се јавува тенденција за идеализирање па тоа се граничи со светост и најголема врлина и дрн дрн Милојче. Од друга страна при разочарување истата се плука негира итн. И донекаде интересни ми се оние што летале на седмо небо а после тоа ниско паѓаат. А вистинската слика е негде измеѓу. Вистинската слика најчесто ја имаат луѓе што се во долги врски или брак. И како што рече Џони еуфоријата поминува а после се е компромис или јас што би рекол интерес. Единствената разлика е тоа што исто слично како кај алкохолот или дрогата ти се поматува свеста и сосем нормална работа ја доживуваш еуфорично. А всушност се е до мешавина на коктели од хормони. Кај и да е како што тргнала медицината ќе измислат некое апче како екстази со кое ќе го имате истото тоа чувство на заљубеност без да имате партнер и посттрауматични искуства. А кога ќе помине таа еуфорија или ќе раскинете пошто поетски кажано магијата веќе ја нема или ќе сфатите дека секоја следна ќе биде истата песна и ќе се потрудите (нешто слично како двајца цимери или колеги на работа) да профункционира сегашната. Обично тие што ја одбираат првата опција се заебуваат пошто ја сфаќаат приказната. Затоа знам мал милион случаи што ми беа нелогични раскинал 8 годишна врска (не ради некои проблеми) па наредна фатил и после 10 месеци ја оженил. И како што рече некој погоре, уживај у вожња дур трае оти нема да трае ниту вечно ниту долго. Истото ќе биде и со сите наредни партнери/ки. И избирај мудро.

Штуличу

Љубовта е слепа, бракот ги отвара очите-Незнамодкој Беше
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Да му бацам рака на Сусаро што се обидел да објасни надаље и убудуче што вика Ѓуро од ТЛН.
Јас како типичен Црногорец мака ми е насабајле кога треба ордените од пижами да ги префрлам на палтото ама сега сум засрамен и морам да пишам збор-два повеќе на темава.

Сусаро веќе опфати се што сакав да кажам барем првите две фрази ги објасни не сакам да се повторувам со него би додал дека првичната еуфорија која спласнува потоа се земенува со некакво барање на сигурност кај партнерот,во никој случај не можеме да го игнорираме геномот кај хомо сапиенсот колку и да е потиснат, ние си бараме соодветна примеро за нашето поколение (затоа и солзи ни потекуваат кај големи цицки и газиште), тие си бараат соодветна сигурност и добар пимерок исто така за поколението затоа и го пишав третиот дел не смее да се занемари тој фактор кој е тоа како влијателен во љубовта и понатамошниот тек.

Сусаро за бракот би рекол е дека како тегла мармалад кај 4-годишњак
Или ќе добиеш пролив или ќотек ама пак вкусен е додека го јадеш и не му ја мислиш за последиците.:wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom