Помалку познати Македонски војводи - но не и помалку важни за Македонското дело

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Никола Митрев - Езерски е македонски борец и војвода од Илинденскиот период.

Роден е во 1864 година во селото Елшани, Охридско. Поради тешките услови за живот наметнати од големата сиромаштија никогаш не посетувал училиште, туку рано почнал да работи како надничар. Во потрага по работа тргнал со група печалбари во Бугарија, и подалеку, дури во земјите под Кавказ.

За време на еден краток престој во Варна, разбрал дека таму постои македонски револуционерен комитет на кој решил да му се придружи. Избувнувањето на Илинденското востание го затекнало на Кавказ.

Оттаму, со дружина од 12 Македонци од Ресенско и Костурско, тргнал во Македонија за да се вклучи во борбите. Иако останал неписмен до крајот на животот, тој поседувал голема одлучност и организациони способности, поради што во Илинденското востание бил назначен за раководител на Езерскиот востанички реон - така и го добил прекарот Езерски.

По задушувањето на востанието, Езерски го продолжил отпорот од густите шуми на планината Галичица. На крајот било решено да се скрие оружјето и сите борци да се вратат во своите домови. Тогаш, за да се спаси од прогонот на Османлиите, Езерски решил да пребегне во некое место каде бил на печалба и каде би можел полесно да се снајде.

Последен пат е виден во Софија, во 1904 год., со други пребегнати борци од Охридско. Потоа, за понатамошниот негов живот не се знае многу. Според кажувања на некои македонски печалбари, Никола Митрев - Езерски својот живот го завршил во Варна, поради болест стекната по патот.

Неговите потомци живеат во Елшани.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
156
Поени од реакции
8
Никола Андреев


Никола Андреев, извесен уште како Алаj беj, е револуционер, воjвода на ВМРО и, костурски воjвода и учесник во Илинденското востание.

Никола Андреев е роден во 1879 година во Мокрени. Четник е за кратце при Марко Лерински во 1902 година. Станува агитатор во Костурско, а после и воjвода.

Во почетокот на Илинденското востание не успева да jа превземе Клисура, после со помош на Пандо Клjашев, Пандо Сидов, Васил Чекаларов, Манол Розов и Марко Иванов jа завземаат Клисура и Невеска.

Послв востанието е Каjлjарски и Костурски воjвода до Уриетот, потоа станува учител во родното село.

Застрелан е од љубомора од неговиот другар поради заедничка симпатија во август 1911 година.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Алексо Стефанов бил фурнаџија.
До 1902 г. бил четник во четата на Тома Давидов, убиен во охридско, а потоа во четата на Сугарев.
Во времето на Илинденското востание, учествувал во битките кај Смилево, Цапари и други села од битолскиот регион.
Во 1905 година станал војвода во демирхисарско.
Учествувал во двете балкански војни и во Првата светска војна.
Во 1920 година ја обновил својата чета и до 1928 година одново бил активен.
Се повлекол на 59 години, во 1928 година, а умрел во Софија во 1935 година.

За случувањата во Смилево во август и септември 1903 година, раскажал:
Се прибравме над с. Смилево.
Во шумата имаше жени од околу 600 семејства.
Турците отсекаде настапуваа и го стеснуваа обрачот.
Даме Груев и Горги Сугарев се советуваа што да прават.
Сите бевме мошна уморни.
Благодарение на тоа шта реката беше блиску, имавме вода за пиење.
Се донесе одлука, сите да се собереме на едно место и да га пробиеме обрачат.
Го пробивме обрачот и со малку жртви се спасивме.
Паднаа околу 10-15 души.
Туиа загина и И. Бадев.'

По пробивањето на обрачот, востаниците за кратко се засолниле од непосредната опасност, но Смилаво веќе било загубено.
Тогаш се имаат случено и некои од најтрагичните моменти од целото Илинденско востание, во кои не биле поштедени ни децата:
Турците влегоа во селото и го запалија.
Изгора цело Смилево.
Kогa потоа Турците ја запалија и шумата, жените толку многу се исплашија што некои од нив започнаа да ги фрлаат во огнот сопствените деца.
Подоцна, во месноста Голем-гар, Смилевско, видов пет-шест јагленосани детски трупови...
Додека гореше Смилево, горе на ливадите, свиреше турска воена музика...
Во смилевско се задржавме три месеци.
Падна снег, а ние бевма голи и вошлосани.
За сето врема четите не гладуваа, но страдаа зашто бевме без облека.
Почнавме да ги испраќаме селаните во Битола, а останавме само седум
души: Даме Груев, Горги Сугарев, Делчо од Пангориште, јас, Димко од Кавадарци, Наумче од Цапари и Горги Мончев кој беше дојден од Солун, раскажувал подоцна Стефанов, роден 1869 година во с. Радово, на три часа од Крушово, денешна Грција.

Една од последните епизоди поврзана со востанието што ја раскажал Стефанов е убистввто на еден предавник:
Еден од другарите баше сретнал залутан патник во аскерска облека и го доведе рано утрината.
Тоа беше шпионот Ристе.
На главата носеше висока турска капа.
Kогa го доведоа пред Даме Груев, тој му рече:
'Ако ми кажеш право, ќе има прошка.'
Ристе одговори дека војската е кај Арамискиот камен, на двесте чекори од тука, а дека тој не предал за 15 лири.
Kогa го слушна тоа, Даме рече:
Штом сакаш една градина од милион лири да продадеш за 15 лири и штом те обзел ѓаволот, Димко, земи и прати го кај него'.
Така завршил животот на предавникот и тој веројатно бил една од последните жртви на востанието.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Роден е во с. Мачуково, Гевгелиско. Запален од агитацијата на учителите против турското ропство, Леонид уште на млади години влегол во редовите на Организацијата и за кратко време станал раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. По извесно време станал комита а потоа и десетар во четата на војводата А. Манасиев.
Учествувал во многу борби против Турците и со својата физичка сила, голема стрелачка вештина и беспримерна храброст, станал еден од најомилените и најпочитуваните народни борци во Гевгелиско.
На 31 август 1905 год. Л.Јанков со уште двајца свои другари бил предаден и опколен кај местото Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско. Во нерамната борба, која траела цел ден против многубројната турска војска, загинале двајцата другари на Леонид, од една, и 50 турски војници од другата страна. Останат сам, Леонид со претпоследниот патрон го ранил јусбашијата, а со последниот се самоубил.

 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Знае ли некој нешто за Микајле Војводата
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Ги има многу но ниеден нее како мене ахах поз:helou:
 
Член од
3 декември 2005
Мислења
120
Поени од реакции
7
Ај јас да прашам , од каде се вооружувале комитити и војводите , т.е од каде набавувале оружје.

поздрав
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Vooruzuvaneto idelo od nekolko mesta. Site clenove na organizacijata bile dolzni da vnasjat malak nalog vo kasata na organizacijta. So tie pari se nabavjali puski,patrone i slicni materiali , naj veke za selskita milicija po mesta. Po golem del od sredstvata ideli od Makedonskite druzestva i bratstva vo Bugarija. Oruzjeto se dobivalo ( nelegalno) od bugarskata vojska prez oficeri , poveketo Makedonci na sluzba tamu. Drug kanal za oruzje bil od grcki targovci vo Grcija. Vo toa zel ucastje i Pere Tosev. Paricni sredstva i oruzje se nabirali i od organizacji vo Evropa, koi podrzali oslobuditelnoto dvizenje na VMRO. Vrhovniot Makedonski komitet vo Sofija daval oruzje na organizacijta koga nacelo na toe komitet bile Kitancev i Sarafov. Po trudni se nabavelo moderno takova kako Mauzeri i Manliheri.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Не знам дали некој пишал за него, па ќе пишам јас.

Мише Развигоров.
avatar_60.jpg


Роден е во Штип, на 28 октомври 1873 година. Завршил педагошко училиште и се занимавал со учителска дејност. Како учител во Штип, во учебната 1893-1894 година, се зближил со Д. Груев и Г. Делчев и преку нив влегол во редовите на МРО. За време на Виничката афера (1897) паднал во затвор. Бил осуден на доживотен затвор и испратен во Подрум Кале, Мала Азија, од каде бил пуштен со амнестија во 1902 година. Оди за малку на одмор во Бугарија и потоа, во1903 год. се враќа како војвода на чета и дејствува во Штипската околија.

Во 1906 година станал член на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ на ВМОРО.

На 2 април 1907 година, наоѓајќи се во Хисарското Маало во Штип, во куќата на Петар Брашнаров, бил предаден и сардисан од турскиот аскер. По повеќечасовна борба , кога целото маало било во пламен, несакајќи жив да им падне во рацете на Турците, заедно со уште двајца соборци (Петар Жабата и Милан Крстев) се самоубил.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Излегол Мише војвода
Од таја славна планина,
Со таја верна дружина.
Навалил Мише Кочанско
Кочанско село Пресека.
Таму е извикал Милана,
Милана младо терзиче.
Мише на Милан говори:
„Отвори Милан канало,
Да влезам јазе у Штипско!“
на Мише говоре:
„Не иди Мише у Штипско,
Штипско е лошо станало,
На партии се делило“.
Ке идам Милан, ке идам,
Сметките да им видам
Ногу са пари изеле!“
Мише Милана не слушал,
Слегнал е Мише у Штипско,
У това село Сушево
В куки на млад Ефрема.
на Мише говоре:
„Не влевај Мише у градо,
Грагани са се скарали.
На партии са делени,
Парите са ги изеле,
Мише ке ми те предадат!“
Мише на Ефрем говори:
„Ја сум штипјани учило,
Не вервам да ме предадат.“
Улезна Мише у градо,
Там са го Мише предале,
Мишета жив изгореле.

Мише Развигоров, Даме Груев, Ефрем Чучков, Атанас Бабата.








--- надополнето ---

Лука Иванов
Бугарин по националност, роден е во 1867 година во Панаѓуриште, Бугарија. Завршил воено ушилиште во Софија и служел во бугарската армија како офицер. Во Македонско-одринското револуционерно движење се вклучува во 1900 година. За време на Илинденското востание учествува како војвода на чета во Воденско. После востанието учествува активно во борбата против грчката вооружена пропаганда во Воденско и Ениџевардарско.
Умира на 25 август 1906 година од раните добиени при нападите на грчките андарти во Баовските колиби, во близина на с. Зборско, Воденско.


Воденската чета на Лука Иванов

 

Kajgana Shop

На врв Bottom