И оваа година Факултетот за безбедност екс Полициска академија распиша конкурс за запишување студенти на додипломски студии за профил криминалист, а додека насоката безбедност и финанскиска контрола е во мирување затоа што нема потреба од нови кадри. По дипломирањето како што кажа КРИСТИ не си обичен цајкан или граничар туку си лице со ВСС од областа на безбедноста со можност за вработување во мвр, разузнавање, финансиска полиција, крим техника итн итн, а што се однесува до вработување и за таму требаат појаки врски него што требале за да се запишеш на академија бидејќи академијата не е агенција за вработување на лица туку едноставно ке ви ја даде дипломата и толку со вас, работа сами. Е сеа ако има и граничари и цајкани со ВСС толку им биле јаки врските по дипломирање, сооглед на тоа што имаме моментално 250 криминалисти дома незапослено, а академијата упорно произведува кадри така да ... Што се однесува до упис и тоа е проблем бидејки ако идеш на срека шансите дека ке те примат се 1:0000000 бидејки предност имаат децата на вработени во МВР и управите што спаѓаат под негова капа, деца на бранители и деца од другите националност. Психофизичкиот тест е онака среден али ако имаш ок врски нема ни да се појавиш. И за крај со срека на сите што мислите да се запишете таму.