Се сметам за приврзаник на десните опции (конзервативизам, верба во Господ, семејство, традиција...), но повеќе на некој полиберален облик на десничарење, затоа што крајната десница (нацизмот да речеме) во крајна линија, е спротиставена на основите на конзервативизмот во политиката, па и на самата демократија...
Член сум на една таква партија од '92. Во почетокот освен некои мали incognito активности, моето членство се сведуваше на симпатизерство. Се активирав '97, кога станав член на ИО во младинскиот сектор на општинско ниво, каде што бев активен за време на изборниот период. Нешто по наредните избори, кои ги добивме, се откажав од активното членство, што е и мој денешен статус.
Никогаш не сум очекувал моето членување да резултира со вработување или некакви други привилегии кои не се за нечленовите. Не сум барал и не сум добил ништо од мојата партија (можеби и лесно е да се заклучи за која партија станува збор). Но очекувам мојата партија да стои на принципите кои програмски ги застапува и очекувам да се придржува до страната за која се декларира дека е определена. Смешно е и жално што членувањето во политичка партија, кај нас го поврзуваат само со привилегии, вработување и сл. Па зарем дејствувањето (политичко) по дадена идеологија не е основната причина за пристапување кон политичката парија. Но добро, кај нас знаеме како стојат работите со логиката на здравиот разум. Една од причините поради кои се откажав од политичкиот активен живот беше токму таа. Многумина кои се на некои места по партиите, се занимаваат исклучиво со полтронство и абер немаат кои се принципите на политичката опција на која и се приклучиле. Еве и на форумов, муабетите околу политичкото дејствување се исклучиво поврзани со можностите за сопствени материјални придобивки.
Како и да е, немам намера да ги менувам своите политички ставови поради општиот дилентантизам и примитивизам кај нас, а се надевам дека работите веќе се менуваат.