Политички студии - прашања и одговори

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Има ли некој на форумов, студент на политички студии (било на државните или на приватните)? Какви се програмите, кои се перспективите на овој факултет? Дали на Македонија и фалат млади политиколози, идни дипломати, портпароли и политички експерти?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас сум студент на политички студии!!!

Ок, не требаше толку политички да звучи. Студирам на УКИМ, прва година сум и сеа за сеа сум презадоволен. Ако те интересира политичката наука, филозофија и другите дисциплини околу политиката - запиши се. Ако мислиш дека преку факултетов ке добиеш партиска функција - боље не се запишувај зашто можеш тоа со кој било факултет. Перспективата по завршување на факултетов варира од човек до човек. Еден мисли дека има друг мисли дека нема. Се е до твојот потенцијал како ке го искористиш факултетот. А тоа дали и требаат политолози - види ја политичката култура кај нас на кое ниво е и запрашај се.

Најбоље е @Crazy in Love; кога ке ја види темава да напише повеќе со оглед што она е веќе е апсолвентка на политички.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Благодарам за информација. Ме заинтригира факултетов, ме интересираат современите (но и некогашните) политички случувања и превирања кај нас и во светот. Инаку, Дарк Кинг, прашање за тебе: која е можноста да се вработиш со политички студии (дипломиран политиколог или мастер) а не си член/симпатизер на партија? Независен експерт на дебата во А2? Или има други можности...

П.С. Мене најинтересни ми се мастер студиите - политички менаџмент (односи со јавноста, избори, кампањи, ораторство/реторика...)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Секако да можеш. Јас сум неутрален и се гледам во иднина како аналитичар или критичар на политичките дејствија во државава. Неутралноста и објективноста е тоа што се бара со факултетов а не вжештени партиски глави кои пробивот во партијата го бараат преку диплома. Со тој неутрален став, секако дека тешко можеш да влезеш во партија. Како што има и симпатизери кои не се дел партијата, така би требало да има и луѓе дел од партијата кои не се симпатизери. Али тоа не е во практика. Ти како експерт сепак ке им требаш да имаш страст за да ги браниш нивните ставови а тоа објективноста да им ја кажуваш во тесните кругови на партијата, зашто секако, никоја партија не би сакала да има експерт кој кажува реални и објективни работи кои може да и наштетат на партијата. Ова беше мое мислење - како што бараше. :)
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
66
Поени од реакции
4
која е можноста да се вработиш со политички студии (дипломиран политиколог или мастер) а не си член/симпатизер на партија? Независен експерт на дебата во А2? Или има други можности...
Околу вработување само со три години неправиш ништо, значи јас имам другари кои се членови на партија и се штотуку дипломирани политолози а неможат да најдат работа, ама за тоа отом потом има време, ти запишисе нема да се каеш.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
kikser[g.p];3586000 напиша:
Околу вработување само со три години неправиш ништо, значи јас имам другари кои се членови на партија и се штотуку дипломирани политолози а неможат да најдат работа, ама за тоа отом потом има време, ти запишисе нема да се каеш.
Секако дека со три години нема да најдам работа, не ни планирам да останам само на 3, туку да одам и на мастер. Инаку освен во партиите, каде се бара ваков "политички кадар"?
 
T

the Carpenter

Гостин
Политиката се живее. Политиката е искуство. Политиката не се учи. Шалабајзерски факултет.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Политиката се живее. Политиката е искуство. Политиката не се учи. Шалабајзерски факултет.

Запиши се и види. Мразам кога се јаде хреновки за нешто што не се знае.

Политичар и политички научник има разлика. Искуството не ја објаснува политичката филозофија сигурно, зашто од дневнава политика има се освен паметни работи. Политиката не е само партија. Политиката е секој процес кој ја гради државата и општеството. Политика не е валкани игри на партиско ниво. Политика е интеракцијата на сите политички битија во општеството. Запиши се и види што е другото а не збори од пред монитор...:)
 
Член од
1 јуни 2010
Мислења
17
Поени од реакции
0
ima li nekoj materijali za trgovsko pravo da mi pomogni itno mi e
 
А

Антоние

Гостин
Во основа, освен ако не отидеш во некој познат универзитет у странство и си стварно јако срање дури и според тамошните стандарди, или ако имаш среќа/врски, единствената сериозна работа која што реалистично можеш да ја добиеш со твојата политичка диплома би била да предаваш негде политички науки. Па дури и предавањето во ова поле е мачно освен ако не си еден од подобрите во својата генерација.
Па така тоа што го прават повеќето луѓе со ваква диплома е ќе најдат некоја посрана работа неповрзана со нивната струка или ќе продолжат да одат на факултет за да добијат покорисна диплома.


Меѓутоа, во поглед на тоа што го правиш пред да ја добиеш дипломата, политичките студии се доста интересна струка. Поголемиот дел од предметите не се толку напнати и се прилично интересни. И бидејќи политичките науки се опширно и секојдневно нешто, ќе се сретнуваш со работите што ги учиш по цело време во весниците, медиумите итн, и ќе слушаш често за политика во секојдневните интеракции со семејството, пријателите итнитн... Многу е поразлична струка од да речеме нешто како правните науки, каде што веројатно никад нема да се сретнеш со пола од работите што ги учиш откако ќе завршиш со предавањата.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како тазе дипломиран политолог на државниот универзитет, топло би препорачала на сите кои сакаат да се запишат да одат без двоумење. Има некои тупаџиски правни предмети и асистенти, но има и одлични професори, одлични асистенти од кои може многу да се научи, кои си го сакаат факултетот и предметите кои ги предаваат и од кои може многу да се научи. Учиш за политиката како таква, за сите можни правци, за политичките системи, за политичките партии и интересните групи - како функционираат, што е нивната цел и задача...
Може навистина доста да се научи.
По 5те семестри имате по 4 предмети, во последниот 6тиот има пет предмети.
Прв семестар:
- Современа македонска и европска историја 18 и 19 век
- Политологија
- Англиски јазик
- Политички теории
Втор семестар:
- Теорија на правото (или вовед во право слободно кажано)
- Информатија
- Политичка економија
- Конституционализам
Трет семестар:
- Политички систем
- Современи политички теории
- Јавно мислење и масовни комуникации
- Политичка социологија
Четврт семестар:
- Јавна администрација
- Современи политички системи
- Политички партии и интересни групи
- Цивилно општество
Петти семестар:
- Економска политика
- Меѓународно право
- Историја на дипломатија
- Социјална психологија
Шести семестар:
- Современи економски теории
- Меѓународни политички односи
- Теории за мирот и конфликтите
- Политичка филозофија
- Локална самоуправа

Значи секој од предметите се поминува со труд. 100 поени има вкупно распоредени се 35 +35(од колоквиуми) + 20(есеј) + 10(активност)
Јас би ви препорачала доколку се запишете на овој факултет да бидете што е можно послободни, посебно при дискусии и активности, бидејќи највеќе се учи така и најинтересно е. Иако зависи од група, сепак има и ептен интересни дискусии, па дебати, па и расправии. :)

Не е совршен факултет, лично јас сум најсреќна што се запишав факултетот, го обожавам затоа што ми ги прошири видиците за некои работи и научив доста. Е сега има и заебанции, ама тоа претежно се стандардните бирократски работи кои мора да се издржат. Дури чак може и факултетов да ве очеличи со одредени нервози. :icon_lol:

Ви го кажувам моето искуство кое беше одлично горе- доле, немав поголеми тешкотии и проблеми, ама затоа ќе напоменам активноста, заинтересираноста и редовното следење на предавања се многу битни и многу ми помогнаа.

Кој има дополнителни прашања, нека си каже, пошто вака не ми текнува повеќе во оваа доба. :) :)

И уште нешто, Македонија има ужасен недостиг од политолози и политички аналитичари и експерти, кои ќе знаат секоја политичка ситуација да ја оценат правилно, да ја разгледаат од секој можен агол, од секоја можна перспектива, да знаат да ја изанализираат правилно со објективни очи. Пошо експерти платеници од двете партии има еден куп, тие со лопата моеж да ги ринеш, но тие придонесуваат за гниењето и труењето на македонското општество.

Според мене политолог мора да биде независен, слободен и да има можност самиот да создава мислење, а не да му биде претходно наметнато од некој друг.

И мене ми е стварно жал што во Македонија нема посебен факултет за политички науки. Тогаш немаше политологијата да е толку истисната, а политолозите да се гледаат како црни офци или wannabe експерти. Мора да им се дозволи на политичките науки да се развиваат, а со тоа што ќе бидат поттиснувани од страна на фрустрации, само ќе одат надолу. Но, верувам дека може сето тоа да се промени.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Хммм факултетов е како за мене, и во основно и во средно оценките најмногу ги добивав заради активноста и заинтересираноста што ја покажував на час. Секако дека дали ќе има расправи и дебати на предавањата зависи од групата, но дали професорите се отворени за разговор и туѓи мислења или замеруваат ако тоа што го кажуваш не им е по мерак?
Дали учебниците и материјалите за учење се добиваат бесплатно или треба од секој професор да се купи книга со потпис?
Дали има огласи за волонтерско работење во Собрание или во некоја од амбасадите и кои се условите за да волонтираш?
Со колкав просек може да се зема стипендија и колкава е?
Дали тој еден професор (ептен лош) со специфично име и презиме што предавал во втора година уште предава или веќе е во пензија?
Какви се можностите за постдипломски студии? Дали сите врати ќе ми бидат отворени за понатаму?
Дали често се одржуваат натпревари (јас знам само за тие по ораторство), дали се одржуваат курсеви/семинари, дали има организации во кои може да се зачленам?

Фала за одговорите:smir:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Секако дека дали ќе има расправи и дебати на предавањата зависи од групата, но дали професорите се отворени за разговор и туѓи мислења или замеруваат ако тоа што го кажуваш не им е по мерак?
Нема замерувања. Тоа е твое мислење. Освен ако не преминеш граници и почнеш со напади на лично ниво или пак дискриминираш по кој било основ, нешто што никаде не треба да постои.

Дали учебниците и материјалите за учење се добиваат бесплатно или треба од секој професор да се купи книга со потпис?
Бесплатно, сеа за сеа - не. Али не е потребно ни потпис ни ништо. Фотокопии и скрипти од фотокопир "Зоки" и решен проблем.


Дали има огласи за волонтерско работење во Собрание или во некоја од амбасадите и кои се условите за да волонтираш?
Високо целиш. Чекај малце. Има време за тоа. :)

Со колкав просек може да се зема стипендија и колкава е?
8.50 мислам дека беше. Нека ме поправи некој ако грешам.

Дали тој еден професор (ептен лош) со специфично име и презиме што предавал во втора година уште предава или веќе е во пензија?
Пензиониран е. Ако е тој истиот што ме праша пред некое време. Не ми веруваш а? :)

Какви се можностите за постдипломски студии? Дали сите врати ќе ми бидат отворени за понатаму?
Не сфаќам на што мислиш. Мастер студии? Ако мислиш за тоа - Крејзито во љубоф ке ти одговори најдобро.

Дали често се одржуваат натпревари (јас знам само за тие по ораторство), дали се одржуваат курсеви/семинари, дали има организации во кои може да се зачленам?
МПФ - Македонски Политолошки Форум е невладина организација во која може да членуваат студентите на Политички студии. МПФ делува во рамките на Правниот Факултет и таму се наоѓаат и канцелариите. Политијади во странство, посети на установи и слично - може преку оваа организација. Управата на МПФ се студенти на Политички студии а оформувач и почесен претседател е претседателот Иванов, своевремено и професор на Политички студии.


Ете толку од мене. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене најинтересни ми се мастер студиите - политички менаџмент (односи со јавноста, избори, кампањи, ораторство/реторика...)
Еј најбољи смер жими се, јас изгледа ќе одам на тој. :) :) Се е на англиски и испити и предавања... :)

Хммм факултетов е како за мене, и во основно и во средно оценките најмногу ги добивав заради активноста и заинтересираноста што ја покажував на час. Секако дека дали ќе има расправи и дебати на предавањата зависи од групата, но дали професорите се отворени за разговор и туѓи мислења или замеруваат ако тоа што го кажуваш не им е по мерак?:
Во суштина сите беа отворени за мислења, т.е оние што беа политолозите. Правниците асистенти се ок, ама има некои кои се ептен ограничени и кои гледаат само што пишува во книгата и ништо повеќе. И некои од старата клапа професори правници.

Дали учебниците и материјалите за учење се добиваат бесплатно или треба од секој професор да се купи книга со потпис?
Не се бараат книги со потпис, не е баш препорачливо со фотокопирана книга да идеш на факултет, ама не праат проблем, не се замаараат многу. Ако сакаш купи ја, ако не - никому ништо. :)

Дали има огласи за волонтерско работење во Собрание или во некоја од амбасадите и кои се условите за да волонтираш?
И јас едно време бев заинтересирана за ова, ама потоа добив информација дека мора да имаш партиска книшка и се откажав од намерата, затоа и не знам тука точно да ти кажам. :)

Со колкав просек може да се зема стипендија и колкава е?
Висината не ја знам, ама секој над 8 и пол просек може да се пријави. Е сега прашање е дали ќе те изберат...

Дали тој еден професор (ептен лош) со специфично име и презиме што предавал во втора година уште предава или веќе е во пензија?
Мораш да бидеш попрецизна... :) Ако мислиш на Мицајков, да во пензија е... ама и да не беше во пензија немаше да имаш гајле, системот е сега таков што не му дозволува на професорот до толку да си игра мајтап и да те бута. Ако имаш научено ќе поминеш. :)

Какви се можностите за постдипломски студии? Дали сите врати ќе ми бидат отворени за понатаму?
За странство, ако имаш добар просек - да. Инаку тешко... Проблемот со ЕКТС системот е што е со три години и имаме премалку кредити за да одиме даље. Сепак нормално можеш да се запишеш на постдипломски, знам луѓе што учеа со мене што ги примија и во Германија на постдипломски. Сепак не е некој голем проблем тоа.

Дали често се одржуваат натпревари (јас знам само за тие по ораторство), дали се одржуваат курсеви/семинари, дали има организации во кои може да се зачленам?
Натпревари не баш многу често, ама има се случува да има, case studies... а семинари има од време на време, има и МПФ (Македонски Политиколошки Форум) кој нашата генерација го оформи и преку него јас бев и на семинар имаше и други што отидоа на некои семинари.

Башка секоја година има и Политијада, се збираат сите политолози од Балканот и се зезаат. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom