Оваа АОК е глупа, тоа не е спорно, само таа и нејзините другарки се сидро за Демократската партија. Гледам дека и нејзините колеги, покрај републиканците, јавно ги критикуваат.
Како што Републиканската партија има неколку конгресмени кои се поврзани со QAnon, така и АОК+3 се двигателот на критиките, и поради нив се тера пропаганда против двете партии. Колку побрзо ги исчистат своите редови, толку подобро.
По не знам кој пат, АОК направи драма, а онаа Рашида одржа говор против Израел. Зошто не ги критикува државите околу Израел!? Што ќе беше со Израел, ако Израел немаше никаква моќ, а тие ја имаа моќта на Израел? Дали ќе продолжеше политиката против Евреите, каде во некои држави немаат право на глас и имот!? Зошто Евреите од тие држави бегаат во Европа, САД и во Израел!?
Израел има право да постои. Израел има право да се брани. Не ми се допаѓа нивната прекумерна употреба на сила, но според меѓународното право имаат право на реципроцитет. Сега има и арапска партија во власта.
Секогаш гневни, секогаш намршени. Без грам харизма. Еве го говорот на Рашида:
Откако Линдон Џонсон успеа да издејствува мнозинство и во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат во 1964 година за да го изгласаат предлог-законот за заштита на граѓански права претходно подготвен од страна на владата на неговиот претходник, неодамна убиениот Џон Кенеди, Демократската Партија на САД со секој нареден изборен циклус се врти повеќе кон малцинските групи во САД.
Денес Демократската Партија на САД е отворено и јавно партија на малцинствата, а не на американското мнозинство, па водејќи се според таквата логика добредојдени се изроди од типот на Безмозочниот Кортекс и сличните на нејзе.
Не е важно какви се по карактер, по образование, по (не)компетентност или по политички став, важно е кое е нивното гласачко тело и каде истото е сместено.
Дури и ако да речеме во иднина републиканците хипотетички освојат масовно мнозинство и во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат, сепак изродите од типот на Безмозочниот Кортекс секогаш ќе имаат гласачки рај во места од типот на Њујорк, Калифорнија и слични. Еве на пример, во 14-та конгресна изборна единица на сојузната американска држава Њујорк, Безмозочниот Кортекс си е сместена како бубрег во лој, бидејќи во таа изборна единица републиканците не знаат што е тоа изборна победа од 1993 година па наваму, тоа се речиси 30 (ТРИЕСЕТ) години изборна суша, која тешко дека ќе заврши во блиска иднина.
А Њујорк не е најлошиот пример, во Детроит во 2022 година ќе се навршат 60 (ШЕЕСЕТ) години по ред со градоначалници од редовите на Демократската Партија на САД без прекин и без исклучок, а од поодамна е банкротиран град.
Чикаго има демократ градоначалник веќе 90 (ДЕВЕДЕСЕТ) години по ред, се разбира со најстроги закони за забранување на огнено оружје во градот, но тоа не го спасува од неславниот статус на град со најмногу убиства од огнено оружје во САД, бидејќи криминалците вообичаено не ги интересира што велат законите.
Сојузната американска држава Орегон има демократ гувернер повеќе од 34 (ТРИЕСЕТ И ЧЕТИРИ) години, ама затоа па си има грабежи на продавници на отворено среде бел ден, а полицијата е таа која не им чини.
Некои места се осудени на пропаст и треба да се остават на милост и немилост на судбината, бидејќи памет и убавина со сила не бидува.