ситуацијата се опишува како lose - lose. Сите ќе загубат, најповеќе светската трговија. Големите извозници Кина, Кореја, Германија ако не најдат алтернативен пазар, а тешко дека ќе најдат така голем и профитабилен како америчкиот, ќе имаат големи вишоци и губитоци. Шо поголем вишко тоа поголем губиток. Америка исто ќе има губитоци, а посебно ако не се случи тоа што е повод за зголемените царини - пораст на индустриското производство. Да ли навистина ќе се зголеми никој не знае, доста велат дека нема, но луѓето околу Трамп мислат дека ќе се врати. Не знам зошто не се продолжи по патот на Бајден, да се даваат големи субвенции и поволности на тие што отвараат нови погони. И субвенциите и царините се дел на индустријската политика, се бира тоа што најповеќе одговара.
Она што најповеќе крева прашина е очигледната пропаст на глобализацијата, за која самата америка најповеќе инсистираше. Кога други ја победија во таа трка, почна затварање и изолација. Доста бизниси отворија големи капацитети (не само фабрики, туку и рудници, банкарски линии, купија бродови, проширија луки и сл) сметајќи дека односите во светската трговија нема да се менуваат.