- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.934
- Поени од реакции
- 12.331
Ниту еден економски модел не е идеален, односно не може да ги задоволи сите учесници во истиот.Па ти постираше што рекол Хувер, ти треба да одговориш каде гледаш капиталистички систем?
Баш од овој аналитичарот што ти постирам, он ги има прочитано мемоарите на Хувер и таму Хувер укажува дека државното мешање е причина за падови со катастрофални последици, а не брокери или бизнисмени.
Која ти е поентата со тоа што го кажуваш количина на капитал... не знам што подразбираш зголемување на капиталот на туѓ грб, ама покрај тоа што газдата се збогатува и работникот добива. Додека во социјализам и комунизам, работникот сигурно сразмерно не добива.Herbert Hoover apologized for what took place saying that sometimes when a government becomes outraged it burns down the barn to get the rat.
Нафрлаш работи, ама повеќето работи ти се каша попара, во смисла капитализам е суров, не чини.
А дали некој економски модел е суров, тоа останува на секој(а) учесни(ч)к(а) во таквиот модел индивидуално да си донесе сопствен заклучок дали таквиот економски модел бил суров кон него/нејзе или не.
Едно е тоа каде гледаш капитализам, а кои држави себеси се декларираат како капиталистички.
Јас лично повеќе ги држам за зборот државите кои самостојно се декларираат како капиталистички.
Кина од друга страна се декларира како социјалистичка држава со кинески карактеристики, па кој како сака нека верува во декларативноста на секоја држава.
Ова за богатите ти е дел од дефиницијата според која во капитализам ако те бива ќе се збогатиш, а ако утнеш ќе изгубиш се што си имал, или ти е одделен аргумент ?Каша попара ти е делов. Баш во капитализам ако те бива, праведно ќе се збогатиш, а ако утнеш, праведно ќе изгубиш што си имал.
Богатите гарантирано стануваат побогати, без некој поголем труд, кога државата им помага.
Те прашувам бидејќи јас мислев дека државата да се држи настрана од слободниот пазар - со исклучок на регулирање на претераното задолжување и преголемата концентрација на капитал, каква што има на пример кај Гугл - е еден од основните темели на капитализмот, а не државата да им помага на богатите за да станат уште побогати.
Се обидов да ти опишам социјална слика на американското општество, бидејќи спомна дека доколку не му увезуваат ѓубре, на народот може да му текне да праша каде се парите и резултатите од задолжувањата.Е добро и што? Повеќето не разбирале, не прателе, сакале да заработат и си ги сносат последиците. Што е тука нејасно или пробуваш нешто негативно да наметнеш? Ваљда не си за комунизам, па да негираш постоење на циклуси....
Сакав да ти ставам до знаење дека на рајата воопшто не и е гајле за реалната економска состојба на државата, како што не им било гајле во 1920-те години, така не им е гајле и денес.