Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.952
Поени од реакции
12.366
Па ти постираше што рекол Хувер, ти треба да одговориш каде гледаш капиталистички систем?
Баш од овој аналитичарот што ти постирам, он ги има прочитано мемоарите на Хувер и таму Хувер укажува дека државното мешање е причина за падови со катастрофални последици, а не брокери или бизнисмени.

Herbert Hoover apologized for what took place saying that sometimes when a government becomes outraged it burns down the barn to get the rat.
Која ти е поентата со тоа што го кажуваш количина на капитал... не знам што подразбираш зголемување на капиталот на туѓ грб, ама покрај тоа што газдата се збогатува и работникот добива. Додека во социјализам и комунизам, работникот сигурно сразмерно не добива.
Нафрлаш работи, ама повеќето работи ти се каша попара, во смисла капитализам е суров, не чини.
Ниту еден економски модел не е идеален, односно не може да ги задоволи сите учесници во истиот.

А дали некој економски модел е суров, тоа останува на секој(а) учесни(ч)к(а) во таквиот модел индивидуално да си донесе сопствен заклучок дали таквиот економски модел бил суров кон него/нејзе или не.

Едно е тоа каде гледаш капитализам, а кои држави себеси се декларираат како капиталистички.

Јас лично повеќе ги држам за зборот државите кои самостојно се декларираат како капиталистички.

Кина од друга страна се декларира како социјалистичка држава со кинески карактеристики, па кој како сака нека верува во декларативноста на секоја држава.

Каша попара ти е делов. Баш во капитализам ако те бива, праведно ќе се збогатиш, а ако утнеш, праведно ќе изгубиш што си имал.
Богатите гарантирано стануваат побогати, без некој поголем труд, кога државата им помага.
Ова за богатите ти е дел од дефиницијата според која во капитализам ако те бива ќе се збогатиш, а ако утнеш ќе изгубиш се што си имал, или ти е одделен аргумент ?

Те прашувам бидејќи јас мислев дека државата да се држи настрана од слободниот пазар - со исклучок на регулирање на претераното задолжување и преголемата концентрација на капитал, каква што има на пример кај Гугл - е еден од основните темели на капитализмот, а не државата да им помага на богатите за да станат уште побогати.

Е добро и што? Повеќето не разбирале, не прателе, сакале да заработат и си ги сносат последиците. Што е тука нејасно или пробуваш нешто негативно да наметнеш? Ваљда не си за комунизам, па да негираш постоење на циклуси....
Се обидов да ти опишам социјална слика на американското општество, бидејќи спомна дека доколку не му увезуваат ѓубре, на народот може да му текне да праша каде се парите и резултатите од задолжувањата.

Сакав да ти ставам до знаење дека на рајата воопшто не и е гајле за реалната економска состојба на државата, како што не им било гајле во 1920-те години, така не им е гајле и денес.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
Искрено се надевам дека барем дел од парите за кои се заборџивме ќе ја подобрат економијата. Посебно мислам дека градењето на патната инфрастуктура е добра работа.
Последни 10 г, потрошени се 40 милијарди евра, од пат и пруга нема ни п, ти сеуште се надеваш.
Наивен во најмала рака.

Се обидов да ти опишам социјална слика на американското општество, бидејќи спомна дека доколку не му увезуваат ѓубре, на народот може да му текне да праша каде се парите и резултатите од задолжувањата.

Сакав да ти ставам до знаење дека на рајата воопшто не и е гајле за реалната економска состојба на државата, како што не им било гајле во 1920-те години, така не им е гајле и денес.
Тоа јасно е, зато ме збуни која ти е поентата.
Сепак, инвестирањето на берза не го прави голем дел од рајата, бидејќи држвата тоа што го одзема преку даноци и разни давачки, за рајата не останува можност да инвестира и да си подобри состојбата. Богатите, своето богатсво не го прават од плата.

Ова за богатите ти е дел од дефиницијата според која во капитализам ако те бива ќе се збогатиш, а ако утнеш ќе изгубиш се што си имал, или ти е одделен аргумент ?
Посебен аргумент, кој се однесуваше на твоето дека богатите уште побогати. Во смисла, кога би имало капитализам, тогаш исклучиво од своите квалитети зависиш колку ќе успееш или до кое дереџе ќе дојдеш и не ти е гарантирано дека ако си богат ќе останеш богат. Најуспешниот трговец на берза во САД, Jesse Livermore, во 1940 се самоубил бидејќи изгубил ц.ц 100 милиони долари (свои пари, не фонд)

Во сегашниве системи, добар дел од богатите, стануваат уште побогати со мито, корупција, односно лобирање.
Ненси Пелоси има пристап до секакви информации, судски спорови, патенти, субвенции и сл, без никаков проблем си купува и продава акции, гарантирана добивка, додека обичен човек тоа да го направи, ќе биде обвинет за инсајдерски информации и затворен.
Гејтс, Безос, без државата немало шанси да станат милијардери и секоја година богатството да им се зголемува.
Обичен човек поради големиот број регулации и разни други потешкотии, тешко дека може чесно да се искачи во богата класа или без да наплаќа од државата.

Јас лично повеќе ги држам за зборот државите кои самостојно се декларираат како капиталистички.
Ех сега и ти. Како може да им веруваш на тоа што го кажуваат, додека во реалност сосема спротивно прават?

Кина од друга страна се декларира како социјалистичка држава со кинески карактеристики,
Кина во споредба со Русија е типичен пример, што би се случило доколку државата не се меша во приватниот бизнис. Во Кина државата со години го оставаше народот во економијата да прави што сака, само да не се меша во политичкиот систем. Откако се развија, веќе почнаа и они со регулациите, мешање.
Додека Русите си останаа на старото, тотална контрола и распределба на ресурсите не според квалитет, капацитет, туку според други критериуми. Секако за Кина во предвид треба да се земе тоа што "големиците" ја одбраа да биде новата светска локомотива.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.012
Поени од реакции
83.407
Последни 10 г, потрошени се 40 милијарди евра, од пат и пруга нема ни п, ти сеуште се надеваш.
Наивен во најмала рака.

Тоа јасно е, зато ме збуни која ти е поентата.
Сепак, инвестирањето на берза не го прави голем дел од рајата, бидејќи држвата тоа што го одзема преку даноци и разни давачки, за рајата не останува можност да инвестира и да си подобри состојбата. Богатите, своето богатсво не го прават од плата.

Посебен аргумент, кој се однесуваше на твоето дека богатите уште побогати. Во смисла, кога би имало капитализам, тогаш исклучиво од своите квалитети зависиш колку ќе успееш или до кое дереџе ќе дојдеш и не ти е гарантирано дека ако си богат ќе останеш богат. Најуспешниот трговец на берза во САД, Jesse Livermore, во 1940 се самоубил бидејќи изгубил ц.ц 100 милиони долари (свои пари, не фонд)

Во сегашниве системи, добар дел од богатите, стануваат уште побогати со мито, корупција, односно лобирање.
Ненси Пелоси има пристап до секакви информации, судски спорови, патенти, субвенции и сл, без никаков проблем си купува и продава акции, гарантирана добивка, додека обичен човек тоа да го направи, ќе биде обвинет за инсајдерски информации и затворен.
Гејтс, Безос, без државата немало шанси да станат милијардери и секоја година богатството да им се зголемува.
Обичен човек поради големиот број регулации и разни други потешкотии, тешко дека може чесно да се искачи во богата класа или без да наплаќа од државата.

Ех сега и ти. Како може да им веруваш на тоа што го кажуваат, додека во реалност сосема спротивно прават?

Кина во споредба со Русија е типичен пример, што би се случило доколку државата не се меша во приватниот бизнис. Во Кина државата со години го оставаше народот во економијата да прави што сака, само да не се меша во политичкиот систем. Откако се развија, веќе почнаа и они со регулациите, мешање.
Додека Русите си останаа на старото, тотална контрола и распределба на ресурсите не според квалитет, капацитет, туку според други критериуми. Секако за Кина во предвид треба да се земе тоа што "големиците" ја одбраа да биде новата светска локомотива.
не
Кина никад не ја оставала економијата да биде надвор од партиска регулатива, исто како и целата држава
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
не
Кина никад не ја оставала економијата да биде надвор од партиска регулатива, исто како и целата држава
Океј, сега дај кажи ја разликата меѓу Кина и Русија... Која е тајната, бидејќи Русија исто целосна контрола, па види ги утепани.
Како тогаш Кина достигна да биде наредниот светски центар, а не Русите? Како Кина си ја разви домашната економија, што ги спречи Русите тоа да не го направат?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208

Повредни се кинезите, работеа за поефтино и привлекуваа масовни инвестиции, беа и сеуште се број еден локација за аутсорс на производство. Сеа кинезите се поскапи од порано, но пак се број 1. Пошто не спиеја и парите ги инвестираа у машини и технологија. Тим Кук скоро рече, никаде нема на светот да најдеш подобри инженери од кинеските кога се работи за изработување на разно разни алати и производствени капацитети за нови производи. Кина ги замина и Германија и сите други кога се работи за квалитет на производство.

Последно уредено:

Државниот Кинески систем викаш толку помудар од Рускиот? Оти членот кажа Кина цело време имала целосна контрола врз економијата...

Значи Русиве мрзлив народ, неписмени, инженери тапа, плата висока, па не работат за 1кг ориз, кој знае како Кинезите привлекле масовни инвестиции, а Русиве не... тоа што Русија на своја територија ги има сите можни природни ресурси, изгледа ги тера на спиење.
 
никој не вика дека се неписмени, далеку од тоа. Но за да направиш било што ти требаат машини и технологија. Нешто што и фали на Русија. Со, други зборови, тие работи ги купуваат од страна. Конкретно од Кина во поново време. Русите имаат добра економија и паметни луѓе, но тие сектори им се прилично неразвиени и мислам таму треба да вложуваат повеќе за да не бидат зависни од никого.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
Чудо Бафра што не инвестирал во обврзници на америка. Да ја крепи државата од неговите соништа.
Не е чудо ако не инвестираш во обврзници, туку е мудар потег, бидејќи акциите носат поголем принос. Нормално како комунист ти тоа не би го знаел, приватниот сектор за тебе е зло.

никој не вика дека се неписмени, далеку од тоа. Но за да направиш било што ти требаат машини и технологија. Нешто што и фали на Русија. Со, други зборови, тие работи ги купуваат од страна. Конкретно од Кина во поново време. Русите имаат добра економија и паметни луѓе, но тие сектори им се прилично неразвиени и мислам таму треба да вложуваат повеќе за да не бидат зависни од никого.
Е добро де, што ги спречило Русите, бидејќи од исто почнаа со Кинезите?
Ако имале добра економија, паметни луѓе, неброени ресурси, зашто се толку неразвиени...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Не е чудо ако не инвестираш во обврзници, туку е мудар потег, бидејќи акциите носат поголем принос. Нормално како комунист ти тоа не би го знаел, приватниот сектор за тебе е зло.

Е добро де, што ги спречило Русите, бидејќи од исто почнаа со Кинезите?
Ако имале добра економија, паметни луѓе, неброени ресурси, зашто се толку неразвиени...
па не почнале од исто. Русија беше распад систем во деведесетите. И на Путин му требаа едно 10 години да ја крене државата на некое ниво. Настрана што самото кога почна да се развива со забрзано темпо доби санкции во 2014та. Па пак санкции во 2022. Патот на Кина е многу полесен у тој поглед од тој на Русија.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
па не почнале од исто. Русија беше распад систем во деведесетите. И на Путин му требаа едно 10 години да ја крене државата на некое ниво. Настрана што самото кога почна да се развива со забрзано темпо доби санкции во 2014та. Па пак санкции во 2022. Патот на Кина е многу полесен у тој поглед од тој на Русија.
Како бе не почнале од исто, нели двете држави беа комунистички држави, двете држави милиони самите си имаат убиено?

Русија сега има многу повеќе санкции, па нели економијата многу повеќе им се развива, така што санкциите за држава како Русија многу многу не играат улога.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Како бе не почнале од исто, нели двете држави беа комунистички држави, двете држави милиони самите си имаат убиено?

Русија сега има многу повеќе санкции, па нели економијата многу повеќе им се развива, така што санкциите за држава како Русија многу многу не играат улога.
Не ми е јасна целта на твојов муабет? Споредуваш држава со милијарда жители каде што западниот капиталист вложил трилиони да ја развие за производствена база со десет пати помала земја каде што единствени вложувања се во енергетиката. Еве сега отвори ја главата малце и процени што дава повеќе прилика за развој, копање нафта и гас, или производство од игла до локомотива?
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
Не ми е јасна целта на твојов муабет?
Ти се вмеша во муабет и сега не ти бил јасен муабетот? Не се губи, диши.

Споредуваш држава со милијарда жители каде што западниот капиталист вложил трилиони да ја развие
Имаш друга држава со милијарда жители, Индија, сакаш неа да ја споредиш со Кина?

Еве сега отвори ја главата малце и процени што дава повеќе прилика за развој, копање нафта и гас, или производство од игла до локомотива?
Штом ти знаеш што повеќе дава прилика за развој, сигурен сум дека Русите имале многу попаметни луѓе од тебе, па што им било пречката сега да се број 1.
Ти ем со отворена глава, ем самиот се изгуби во муабетот. Пак доаѓаме до прашањето до членот Бјорн, ако Кина исто правела како Русија во економијата, зашто не се на приближно ниво на економски развој?
Тој тврди дека државниот систем во Кина имал целосна контрола врз економијата, што е спротивно од реалноста и објаснувања од аналитичари, па сакав да објасни.

Сметаш ли дека државниот систем во Кина од почеток имал целосна контрола и влијание во економијата. Ако е така, зашто Рускиот државен систем не успеал или па не применил иста стратегија, сепак не е нешто досега непознато.

Од претходно твоето напишано излезе дека жолтата раса се многу повредни, по иновативни од белата раса, ама па последни 200г, укажуваат дека не е баш така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom