jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.476
- Поени од реакции
- 27.284
Ова ти е ко НАФО муабетите, на Путин под окото му мрдна мускулот, тоа значи дека имал удар.Му смрзна гомцето то Такер кога Путин му кажа дека "пробал" да и си приклучи на агенцијата која е најголем ривал на службата на која рускиот претседател припаѓа.
Што има нешто непознато во тоа што си го пишал? Русија беше дел од Партнерство за мир на НАТО. Овој податок за тоа дека Путин во некоја прилика го извадил ова прашање е познат.
А што се однесува до бустот на богатството на Маск, првата фирма што ја отворил имала 200К инвестиција, од која на татко му била само 10%. Нема скоро никаква финансиска улога татко му во тоа што Маск го створил, освен можда дека он го воспитал и му дал претприемачки вештини. И на крајот на краиштата еве да речеме дека сите ги наследил од татко му.... има милиони луѓе што имаат 200 милиони па ретко кој од тие стигнал до миљарда, а камо ли до 200 миљарди. Тоа ти е како татко ти да ти оставил 2,000 евра, а ти да си направил 2,000,000 и јас да речам дека тие си ги направил ради татко ти.
Затоа те прашав, колку треба генерациски човек да е „чист“, за да биде релевантен?
Зошто е на пример Марк Зукенберг непогоден, татко му е забар, мајка му психијатар. Немале нешто фирми и екстра богатства?
А Jeff Bezos, што грев имаат неговите? Роден е во сиромашно семејство, а ја оформил една од најголемите фирми во Америка.
Сергеј Брин, татко му професор, мајка му научник... Лери Пејџ исто родители професори... А ја имаат оформено фирмата која има најголема контрола во светот.
Последно уредено: