Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.328
Поени од реакции
7.686
Приватниот сектор не го воведе рамниот данок ниту ја изврши приватизација на јавните претпријатија. Сега дали ти е малку појасно?
Побарав од тебе цитати каде си објаснил, бидејќи викаш си објаснил:
Претходно тоа ти го објаснив, ако имаш поинакво мислење аргументирај го.
Еве објасни што сакаше да кажеш во овој пост:
Проблемот во САД е што со доаѓањето на Роналд Реган на власт се воведуваат рамни даноци под изговор дека со тоа повеќе ќе се стимулира растот на економијата а со тоа и приходите за државата. Исто така се оди кон приватизација на еден куп јавни сектори со образложение дека државата е лош менаџер и подобро ќе функционираат ако се проватни. 40 години подоцна САД има многу повеќе богаташи кои имаат многу поголемо богатство ама прават еден куп финансиски акробации за да платат што е можно помалку од и така малиот рамен данок. Исто и приватизацијата на јавните сектори доведува во САД да имаш најскапо здравство и школство а во исто време и најскапата железничка инфраструктура што доведува до тоа да излетувањето на возовите да
Јас за твојов пост ти напишав како те разбрав, дека рамни даноци не чинат, дека државата е одличен и совесен менаџер, односно според тебе државниот систем си е топ, приватниците се виновните, за високите цени на разни услуги.

После даде примери, каде јасно е дека државниот систем не чини, па бидејќи има контрадикторни работи во постовите, кратко и јасно кажи според тебе "кој е тој што ги онади кокошките, па не носат јајца".
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.915
Побарав од тебе цитати каде си објаснил, бидејќи викаш си објаснил:


Еве објасни што сакаше да кажеш во овој пост:


Јас за твојов пост ти напишав како те разбрав, дека рамни даноци не чинат, дека државата е одличен и совесен менаџер, односно според тебе државниот систем си е топ, приватниците се виновните, за високите цени на разни услуги.

После даде примери, каде јасно е дека државниот систем не чини, па бидејќи има контрадикторни работи во постовите, кратко и јасно кажи според тебе "кој е тој што ги онади кокошките, па не носат јајца".
Ако така си разбрал тогаш секоја дискусија е бесполезна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ти фокусирај се кога сакаш да поткрепиш некое твое тврдење. Тврдевте дека елитата после распад на империја автоматски и таа умира, дека немало аристократија, корпорациите биле главни, а тоа значи негирате дека постојат познати, богати фамилии кои 1000 години наназад точно си ги знаат сите предци, си го зголемуваат и богатството и моќта, негирате (или па не знаете) дека корпорациите се поседувани од такви фамилии.
Ајде де... кој тоа тврдел? Што генерализираш? Јас ништо конкретно не тврдам, само дека некад е како ти што викаш, некад не е. Ти си тој што вади егзактни правила во историјата.

Ако е така како што е? Каде е Балканската аристократија од времето пред Турците да дојдат? Каде е Османлиската аристократија? Каде е Руската аристократија од пред октомвриската револуција? И немој да ми раскажуваш за тук и там некој што спасил жива глава. Каде отишло богатството од дедо ми Бафра? И он бил меѓу елитата. Можеби тие што биле на врвот, што интелегенцијата им се вгнездила во гените, имаат предиспозиции да се вратат на врвот. Но дека елитите не паѓаат, тоа е лага. Впрочем кој ќе ги трпи богатите семејства од западот во Кина, без моќта (економска и воена) на Америка? Ете Гадафи поседуваше милиарди, па го наденаа на ражен.

Не царе, не биди буљаш и не наметнувај нешто што ниту сум го напишал, ниту си можел да сфатиш дека тоа било критика. Сум критикувал успешна фирма :facepalm:
Тоа беше само објаснување со 1 пример и тоа од Германија, моќна држава која неколку пати го кркала, ама елитата си останала. Доколку би земел да читаш за Италијанските фамилии, Англиските уште повеќе примери ќе најдеш и уште помоќни и побогати династии.
Конкретен пример кај што државата го кркала... Како го кркала Германија жити све? Знаеш ли кој го кркал? Го кркала Индија и нејзината елита под Британските корпорации. Германија не го кркала. Нејзините фабрики си продолжиле да работат. Скоро цела автомобилска индустрија во Германија е од пред војната и си продолжила и после, со истите газди. Немало никакво кркање тука. Кркање доживеале старите цивилизации во Америка и нивните елити, кога ги посетила Европа, тоа е кркање. Кркање доживеале Ерменците, Понтијците и Асирците, па и Балканските Словени под Турција, затоа нивните елити ги снемало. Кркање доживеала Византија, кркање доживеала Африка. Тоа што се десило во Германија е само смена на власта, не е никакво кркање.

Има богати фамилии, нигде не сум рекол дека нема. Најстабилните бизниси и треба да се развиваат со генерации. Токму затоа западот е толку развиен како што е, затоа што аристократијата можела со своето богатство да ги обезбеди потомците, затоа и комунизмот е осуден на пропаст. Каков инсентив јас би имал да развивам фирма ако децата мои останат необезбедени? И секако дека како станувам се побогат и помоќен, ќе пробам да го ширам моето влијание во рамките на мојата моќ. На кого треба да полагам сметки? Забрането ли е да се гради династија? Што има погрешно во тоа? Што тебе лично ти погрешиле тие богати фамилии, кои богатството го стекнувале со генерации? Но дефинитивно, да дошле комуњарите и таму, повеќето од нив одамна ќе ги јадела матната, ако не успеале да побегнат.

Е сега кој каков човек е, тоа е друга приказна. Постојат разно-разни богаташи, со разни ставови. Ти сите ги ставаш во ист кош. Зошто?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Youtube повеќе нема да цензурира видеа со тврдење дека изборите биле нерегуларни.

 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.464
Nearly 10,000 photos from Hunter Biden's abandoned laptop were uploaded to a new website - BidenLaptopMedia.com, which has been intermittently unavailable since launch due to overwhelming traffic.
Ова синот на Трамп да го направесе немасе да се симнува од мејнстрим медијумите 24/7 цела година.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.051
Поени од реакции
34.477
Ова синот на Трамп да го направесе немасе да се симнува од мејнстрим медијумите 24/7 цела година.
Додека Трамп е политички фактор во САД... До тогаш ќе биде на предните страници.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Ова синот на Трамп да го направесе немасе да се симнува од мејнстрим медијумите 24/7 цела година.
Додека Трамп е политички фактор во САД... До тогаш ќе биде на предните страници.
Веста на деноноќието за наредните 17 месеци на СиЕнЕн, БиБиСи, ЕјБиСи, ЕнБиСи, СиБиЕс и сличните на нив:

" Лаптопот на Доналд Трамп помладиот со илјадници документи од сомнителните бизнис зделки и слики од разголените Иванка и Џаред, да се испитаат под итно, да не остане ниту еден пиксел неиспитан !!! " - ееех, колку само посакуваат да биде вистина.

https://off.net.mk/nabrzinka/sajt-so-10000-fotki-od-latopot-na-bajden-pomladiot

Сајт со 10.000 фотки од латопот на Бајден помладиот

5 јуни 2023



• Се работи за материјали од периодот 2008 - 2019 сите собрани од латопот што Бајден го остави и заборави во компјутерски сервис.

• На сајтот сè е прикажано во оригинал, со тоа што се редактирани приватни информации (бројки на кредитни картички или социјално осигурување) и гениталии, вклучително и голи слики од Хали Бајден, вдовицата на Бо Бајден кој почина во 2015. Од 2016, Хали е во врска со Хантер, инаку брат на Бо.

• Зад сајтот стои непрофитната организација Марко Поло, која во името на „вистина и транспарентност“ сака да му покаже на американскиот народ какво е првото семејство на САД.

Nearly 10K photos from Hunter Biden's laptop hit the web: 'Truth and transparency'

BidenLaptopMedia.com
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.464

Француски исповеди: Американците се предатори

Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Француски исповеди: Американците се предатори

Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.
САД го користат НАТО и за рекет, но интересно е што европјаниве иако го знаат тоа сепак беа многу вознемирени затоа што Трамп сакаше да го укине. Сега после војната во Украина си го бараат НАТО плус има и нови членки.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Навистина му беше јак рестартот, прашањето е што ќе прават Фокс Њуз после ова, законски и понатаму е обврзан со договор кон нив.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/jak-start-na-taker-na-tviter

Јак старт на Такер Карлсон

7 јуни 2023 - 09:32

По неколкумесечна пауза откако беше испуштен од Фокс, најгледаниот американски плејмејкер на вести се враќа, и тоа на Твитер. Првата негова епизода, во првите седум часа имаше публика од 40 милиони луѓе. За контекст: CNN во прајм тајм денес има нешто околу 330.000 гледачи, знаеле да паднат и на 100К.



Поенти од првата емисија:

Саботирање на браната ѝ штети на Украина но многу повеќе на Русија зашто обезбедува свежа вода за целиот Крим. Јасно е која страна најверојатно ја има дигнато во воздух, исто како и Северен тек.

Бил Кристл, човекот кој нè убедуваше дека Садам Хусеин стои зад нападите од 11 септември, побрза да го обвини Путин. Аха, да, Путин обожава да си ја уништува својата инфраструктура, само за да ве нервира.

Американските медиуми не ни помислуваат да ја истражат можноста зад саботажата да стои Зеленски. Не, тој е премногу фин за да биде терорист, иако сте го виделе на телевизија, испотен и нервозен. Комедијант кој стана олигарх, прогонувач на христијани, пријател на БлекРок. Но, не си верувајте на очите, тој е добар дечко. Како што за него еднаш кажа Џорџ Буш, „тој е Винстон Черчил на нашето време“ (Џо Бајден, пак, го спореди Хашим Тачи со Џорџ Вашингтон; види овде)

Нè убедуваат дека нешто е вистина затоа што е вистина. И што повеќе се повторува тоа, станува уште повистинито. Во такви тавталогии порано зборуваа само глупавите, денес тавтологии користат сите од власта. Би верувале дека ако некој облече фустан станува женско? Нормално дека не, за тоа е потребно со години долго, упорно и обилно лажење на темата.

Да, медиумите лажат но најголем дел од времето просто ги игнорираат темите кои се битни: каде завршија милијарди наши долари пратени во Украина? Појма немаме. Кој ги организираше оние БЛМ протести пред три години? Што навистина се случи на 11 септември? Како Џефри Епстин умре, како Кенеди?

Во денешното новинарство, љубопитноста е најголем криминал. Вчера поранешен офицер во авијација и разузнавање обелодени дека американската влада поседува физички докази за НЛО, меѓу другото и тела на оние кои ги управувале. Дека Пентагон со децении го проучува тој материјал за да изгради ефикасни одбрамбени системи. Со други зборови, НЛО постојат и тие знаеле за тоа. Во нормална држава, ова би се третирало како вест на милениумот! Не и кај нас. Њујорк тајмс на насловна имаше пет вести за Украина, плус стории за Трамп, транс-луѓето, климатските промени; вообичаената плеј листа. Ништо за тоа дека вонземјани ни летаат над глава. Ни збор.

Ако државата ви изгледа дисфунционална, тоа е и затоа што никој не знае што се случува. Мала група луѓе контролираат пристап до сите релевантни информации. Американската влада има ставено ознака за тајност на преку една милијарда јавни документи!

Не ни е дозволено да знаеме. „Престанете да се занимате како се имаме збогатено. Еве ви приказна за расизам, изедете се меѓу себе!“ Така се живее во САД. Манипулирани со лаги, замолчени од табуа.

Од денес сме на Твитер. Ни кажаа дека овде нема „избацивачи“. Ако не биде така, заминуваме. Во меѓувреме, благодарни сме што сме овде.


Фокс, дувај го.

САД го користат НАТО и за рекет, но интересно е што европјаниве иако го знаат тоа сепак беа многу вознемирени затоа што Трамп сакаше да го укине. Сега после војната во Украина си го бараат НАТО плус има и нови членки.
Објаснувањето е едноставно: европејците се ку_вите кои сакаат да им се плаќа повеќе за помалку сработено, ама НАТО им е единствениот бордел кој им нуди загарантирана плата.

Другите бордели работат на процент, а европска ку_ва никогаш не ја споделува својата дневница со макрото.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Општество болно речиси 80 (ОСУМДЕСЕТ) години.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/donald-tram-i-ubistvoto-vo-orient-ekspres

Доналд Трамп и убиството во Ориент експрес

13 јуни 2023 - 11:55

Агата Кристи ќе ви разјасни зошто Доналд Трамп ќе биде првиот обвинет претседател во историјата на американската политика. Затоа што неговите гревови се помали и ги правеше сам. Судење на вистинските, габаритни криминали на американските претседатели би значело вклучување на пошироки кругови од системот. А тоа е незгодно и затоа нема да се случи.





Веројатно испуштив чуден животински крик на радост кога се појави веста дека против поранешниот претседател Доналд Трамп се подигнати федерални обвиненија.

Па сепак, нешто не штима кога ќе слушнеш од Њујорк тајмс дека ова е „првпат поранешен претседател да се соочи со федерални обвиненија“. И Вашингтон пост ја истакна истата поента.

Вознемиреноста ќе ви се зголеми кога ќе сфатите дека ниту еден екс-претседател никогаш не бил отповикан, осуден и сменет од функцијата. Дури и против Ричард Никсон никогаш немаше импичмент; поднесе оставка пред Претставничкиот дом да гласа за тоа. За Бил Клинтон импичмент имаше еднаш, за Трамп два пати, но и двајцата беа ослободени во нивните процеси во Сенатот.

Како бе ова? Трамп е екстремно лош, и искрено, јас и денес се смешкам додека го замислувам како вреска: „НЕ Е ФЕР!“ вадејќи ги од памет верверичките на неговиот терен за голф во Њу Џерси. Но, нема резон да се верува дека тој е баш единствениот претседател во американската историја кој некогаш постапил толку малициозно што заслужува консеквенци.

За да ја разберете приказната, можеби ќе треба да ја прочитате „Убиство во Ориент Експрес“ од Агата Кристи (1934).

Во романот, детективот Херкул Поаро се качува на прочуениот воз во Истанбул. Има само 14 други патници во прва и втора класа. Втората ноќ возот е принуден да застане во Хрватска поради снежни наноси, а следното утро, бизнисмен по име Семјуел Рачет е најден мртов во неговата кабина, што сугерира дека убиецот сè уште се во возот.

Доказите се чудни. Рачет е избоден 12 пати, но, некои од раните се чини дека ги нанел деснак, а некои се од левучар. Некои се од некој исклучително силен, други од некој слаб. Има цел бараж од други индиции, но сите укажуваат на различни осомничени во возот.

Поаро го анализира сето тоа и ги собира сите можни осомничени, заедно со неговиот пријател кој е топ менаџер во Железница. Предлага две теории за случајот:

1. Жртвата била убиена од некој кој веќе не е во возот, некако се качил и потоа незабележано избегал.

2. Рачет е убиен од - сите. Сите патници имале мотив да го убијат, секој го избодел и ниеден поединец не може да биде одговорен одвоено од другите.

Поаро вели дека ќе му дозволи на својот пријател да одлучи која теорија има најмногу смисла. Откако накратко размислил, неговиот пријател пресудил дека сигурно бил непознат странец и тоа ќе ѝ каже на полицијата.

Е, ова е американската политика - и политиката генерално - во минијатура и зошто е речиси невозможно да се казнат сторителите на големите злосторства: Сè што е страшно во големи размери подразбира вклученост и поддршка од поширока елита. Кога се работи за големи белји, повеќе луѓе од врвот морале да биле виновни за белјите воопшто да се случат.

Затоа сите се извлекуваат.

Размислете за Виетнамската војна. Линдон Џонсон и Никсон беа најодговорни, убивајќи од два до четири милиони луѓе низ Индокина (немаме попрецизна бројка зашто никогаш не ни било доволно гајле да дознаеме.) Но, за правење ваков масакр, многу поголем отколку што може да сонува кој било сериски убиец, очигледно него требало да го прифатат многу повеќе луѓе отколку само овие двајца претседатели. Како може некој легитимен судски процес да ги осуди само Џонсон и Никсон? Резолуцијата за Заливот Тонкин беше усвоена во Претставничкиот дом со 416-0 и во Сенатот со 88-2. Конгресот со години позитивно гласаше за финансирање на војната.

Или земете ја „Војната против тероризмот“, која однесе 4,5 милиони човечки животи. Овластувањето за употреба на воена сила после 11 септември само пролета низ Конгресот и имаше само еден осамен глас против. Дури и Берни Сандерс гласаше за. За војна со Ирак гласаа 296 членови на Домот и 77 сенатори.

Како и во „Убиството во Ориент Експрес“, имаше многу бодежи од многу луѓе.

Оваа динамика важи и кога една држава е освоена. Нирнбершките процеси гонеа луѓе и вон круговите на најпознатите нацистички функционери. Но, од над 3.000 потенцијални случаи, повеќето беа отфрлени, а до 1950-тите, речиси сите осудени на затвор беа ослободени - заради потребата на САД германските елити да помогнат да се управува со Германија. Судењата на јапонските воени злосторници беа уште помалку консеквентни, при што императорот Хирохито експлицитно беше исклучен од каква било одговорност.

Понекогаш е можно да се адресираат помали злосторства кои големите личности ги извршуваат сами или со тесен круг пријатели. Веројатно најзначајното злосторство на Трамп беше неговата поддршка за саудиската војна против Јемен, која доведе до смрт на стотици илјади луѓе.

Но, Трамп ја дели таа своја вина со голем дел од американскиот политички систем , па онда тоа е ок. Човекот ќе се сопне на парите кои ѝ биле дадени на Сторми Даниелс да молчи, или на лошото ракување со доверливи документи.

Мразам да кратам нечие уживање во неволјите што го задесија Трамп, особено што и мене ми донесоа бесрамно задоволство. Го разбирам искушението да поверувам дека системот функционира.

Проблемот е што тоа е точно: системот функционира - само што тоа нема никаква врска со правда.

Јон Шварц,
Интерсепт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom