Што беше комунистичко во муабетот.... заборави што муабет теравте или па ќе спинуваме, оти сфати дека аристократија си останува аристократија иако империите се распаѓале?
Како што беше комунистичко. Збориш за некоја фабрика со 50К вработени низ светот, и ја критикуваш фамилијата што ја создала, затоа што ете си оставила можност да управува со фабриката дури и ако поседуваат 1% и ја кажуваш како негативен пример.
А притоа фабриката е очигледно успешна, тоа значи дека тие што ја управуваат прават добра работа повеќе од 100 години.
Човек непрестајно ги критикуваш елитите, тоест тие што дошле до пари како да се они криви за светската беда. Зарем сите фирми кај нас се создадени со тендери, зарем сите фирми во светов се на таа олигархија. Во светов немаат привилегија да млатат пари само тендерашите. Во светов има еден куп новопечени милијардери, кои дошле до врвот со повеќе или помалку знаење, среќа и труд.
Во твоите постови гледам како да си гневен на луѓето што прават пари, како да сакаш да претставиш дека е невозможно да правиш пари чесно во системот, како што е воспоставен.
Еве јас ќе ти кажам како човек што плаќа даноци, дека немам проблем да живеам и да плаќам даноци, во држава која може да ми обезбеди безбедност. За да знам дека можам фино лепо да излезам надвор без телохранители и блиндирано возило без да се плашам дека некој ќе ме укока, само затоа што имам пари. А каде отворам бизнис, зависи од можноста да направам профит.
Ако одам да отворам фирма во САД, има правила по кои треба да играм. Ако ги играм нивните правила и тоа ми носи профит, тогаш ќе ја играм играта до оној момент додека ми носи профит. Во моментот кога профитот ќе затаи, одам на друго место. Ако тие тендераши што се на власт ми ги обезбедат потребните услови, тогаш бафра мене како бизнисмен, треба да ми биде важен само профитот. Никој не те тера да отвораш фирма на сила, ако не си способен да направиш профит.
Последниот пат кога толпата се насрнала на елитите, настрадале и моите предци ни криви ни должни и нивниот чесен бизнис граден со пот и крв 3 генерации. Ова што го збориш мене на тоа ме подсеќа.