Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.585
Поени од реакции
26.099
Империите пропаѓаат, ама елитата како да не пропаѓа со нив, туку со векови генерации само трупаат богатства.
Пропаѓа и елитата бафра, остај ти мењање на партии, види ги револуциите, на трупче иде елитата. А таа што ќе дојде само ја заменува :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.654
Поени од реакции
38.837
нема некоја елита Америка. Повише е збирштина различни лобија кои одредуваат политики.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.585
Поени од реакции
26.099
нема некоја елита Америка. Повише е збирштина различни лобија кои одредуваат политики.
Тендер политичарите и воено индустрискиот комплекс, а во поново време и big five.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Пропаѓа и елитата бафра, остај ти мењање на партии, види ги револуциите, на трупче иде елитата. А таа што ќе дојде само ја заменува :)
Да да, секако. Лордовите кај Енглезите, Италијанската, а и остала европска и светска аристократија тоа се е пропаднато, не постојат династии со 1000 години традиција и богатства во вредност од трилиони долари.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.585
Поени од реакции
26.099
Да да, секако. Лордовите кај Енглезите, Италијанската, а и остала европска и светска аристократија тоа се е пропаднато, не постојат династии со 1000 години традиција и богатства во вредност од трилиони долари.
Постојат, затоа што била нивна ера. Кај се султаните и кановите од 16 Турски империи, кај се византицијте? И на овие така неславно ќе им дојде крајот набргу. Џабе мислиш дека со Кина ќе владеат овие, Кинезите мислиш ќе ги трпат?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Кинезите нема да мораат да направат ништо, плебсите ќе им бидат крајот еднаш кога нема овие нема да имаат ресурси да ги потчинуваат.
Инаку не дај боже да посочиме на судбината на француската аристократија. Наместо тоа ајде да береме цреши.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.775
Да да, секако. Лордовите кај Енглезите, Италијанската, а и остала европска и светска аристократија тоа се е пропаднато, не постојат династии со 1000 години традиција и богатства во вредност од трилиони долари.
Аристократијата по Европа одамна е пропадната. Во Англија по првата светска војна е донесен закон со кој е зголемена стапката на данокот на наследство што доведува до национализација на еден куп поседи од аристократијата. Останата европска аристократија стануваат голтари уште во текот на 19ти век кога приматот го презема буржоазијата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Се мисли на олигархијата, а во главно сегашната олигархија кај западните се состои од аристократијата.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.975
Поени од реакции
2.775
Се мисли на олигархијата, а во главно сегашната олигархија кај западните се состои од аристократијата.
Која црна аристократија, тоа се глупости за мали дечиња. Сега главни на западот се корпорациите и фондовите со кои раководат обични луѓе. Оставете такви романтичарски приказни. Берзата и банките владеат а капиталот е мултинационален.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.779
Несомнено, но најгорните 0.01% од таквите воедно се и аристократија. Банкарите си имаат купено титули пред повеќе векови... Не дека е нешто важно (олигархија си е олигархија), но како што велат ѓаволот е во деталите.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Која црна аристократија, тоа се глупости за мали дечиња. Сега главни на западот се корпорациите и фондовите со кои раководат обични луѓе. Оставете такви романтичарски приказни. Берзата и банките владеат а капиталот е мултинационален.
Да да приказни за деца. Корпорациите немаат сопственици...

донесен закон со кој е зголемена стапката на данокот на наследство што доведува до национализација на еден куп поседи од аристократијата. Останата европска аристократија стануваат голтари уште во текот на 19ти век кога приматот го презема буржоазијата.
Затоа аристократијата ништо не поседува на лично име, се им е на трустови, фондации, мултинационални корпорации.
Имав можност за посета на германска компанија, формирана на почетокот на 1900. Имаат преку 50.000 вработени низ светот, 99% од акциите на компанијата ги поседуваат петко, трајко, инв.фондови. Тој 1% акции ги поседува фондација, во сопственост на фамилијата која ја формирала компанијата и има право 100% право на одлуки.

Даноци се за нас обичните смртници, да им ги плаќаме кучињата во плаво што нив ги чуваат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.585
Поени од реакции
26.099
Да да приказни за деца. Корпорациите немаат сопственици...



Затоа аристократијата ништо не поседува на лично име, се им е на трустови, фондации, мултинационални корпорации.
Имав можност за посета на германска компанија, формирана на почетокот на 1900. Имаат преку 50.000 вработени низ светот, 99% од акциите на компанијата ги поседуваат петко, трајко, инв.фондови. Тој 1% акции ги поседува фондација, во сопственост на фамилијата која ја формирала компанијата и има право 100% право на одлуки.

Даноци се за нас обичните смртници, да им ги плаќаме кучињата во плаво што нив ги чуваат.
Покомунистичко размислување немам чуено.

Вака некако изгледал говорот на Ленин, кога ја крчкал револуцијата.

А како сакаш ти да биде бе Бафра, мојата фамилија со генерации да гради фирма и да може секоја будала на улица да ме отепа? Мислиш дека некој ќе има инсентив да гради капитал во такво општество. Знаеш како ги викаат таквите општества? Сомалија.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Покомунистичко размислување немам чуено.

Вака некако изгледал говорот на Ленин, кога ја крчкал револуцијата.

А како сакаш ти да биде бе Бафра, мојата фамилија со генерации да гради фирма и да може секоја будала на улица да ме отепа? Мислиш дека некој ќе има инсентив да гради капитал во такво општество. Знаеш како ги викаат таквите општества? Сомалија.
Што беше комунистичко во муабетот.... заборави што муабет теравте или па ќе спинуваме, оти сфати дека аристократија си останува аристократија иако империите се распаѓале?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.654
Поени од реакции
38.837
Што беше комунистичко во муабетот.... заборави што муабет теравте или па ќе спинуваме, оти сфати дека аристократија си останува аристократија иако империите се распаѓале?
аристократија има каде што имало аристократија, западна Европа. Америка нема артистократија, тоа е разликата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.585
Поени од реакции
26.099
Што беше комунистичко во муабетот.... заборави што муабет теравте или па ќе спинуваме, оти сфати дека аристократија си останува аристократија иако империите се распаѓале?
Како што беше комунистичко. Збориш за некоја фабрика со 50К вработени низ светот, и ја критикуваш фамилијата што ја создала, затоа што ете си оставила можност да управува со фабриката дури и ако поседуваат 1% и ја кажуваш како негативен пример.

А притоа фабриката е очигледно успешна, тоа значи дека тие што ја управуваат прават добра работа повеќе од 100 години.

Човек непрестајно ги критикуваш елитите, тоест тие што дошле до пари како да се они криви за светската беда. Зарем сите фирми кај нас се создадени со тендери, зарем сите фирми во светов се на таа олигархија. Во светов немаат привилегија да млатат пари само тендерашите. Во светов има еден куп новопечени милијардери, кои дошле до врвот со повеќе или помалку знаење, среќа и труд.

Во твоите постови гледам како да си гневен на луѓето што прават пари, како да сакаш да претставиш дека е невозможно да правиш пари чесно во системот, како што е воспоставен.

Еве јас ќе ти кажам како човек што плаќа даноци, дека немам проблем да живеам и да плаќам даноци, во држава која може да ми обезбеди безбедност. За да знам дека можам фино лепо да излезам надвор без телохранители и блиндирано возило без да се плашам дека некој ќе ме укока, само затоа што имам пари. А каде отворам бизнис, зависи од можноста да направам профит.

Ако одам да отворам фирма во САД, има правила по кои треба да играм. Ако ги играм нивните правила и тоа ми носи профит, тогаш ќе ја играм играта до оној момент додека ми носи профит. Во моментот кога профитот ќе затаи, одам на друго место. Ако тие тендераши што се на власт ми ги обезбедат потребните услови, тогаш бафра мене како бизнисмен, треба да ми биде важен само профитот. Никој не те тера да отвораш фирма на сила, ако не си способен да направиш профит.

Последниот пат кога толпата се насрнала на елитите, настрадале и моите предци ни криви ни должни и нивниот чесен бизнис граден со пот и крв 3 генерации. Ова што го збориш мене на тоа ме подсеќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom