Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.682
Не си баш јасен.
Прво велиш гласачите биле најмалку важен фактор, а после општеството да расчистено.

Општеството нели е збир од гласачите, луѓето се општеството.
Па да, но од историјата знаеме дека најголемите историски промени не се случиле преку гласачката кутија.

Секако дека има исклучоци, еве на пример родниот град на Дајен Фајнстајн и сегашен дом на Ненси Пелоси денес е пример за крајно негативни промени кои дошле токму преку гласачката кутија.

Немојте многу сериозно да го сфаќате брадестиот Евреин после 9-та минута од видео снимката кога говори за Доналд Трамп - го поддржува речиси безусловно - но кога говори за Сан ФранСИКо знае што зборува, сепак живее таму речиси 50 (ПЕДЕСЕТ) години.

Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816
Па да, но од историјата знаеме дека најголемите историски промени не се случиле преку гласачката кутија.

Секако дека има исклучоци, еве на пример родниот град на Дајен Фајнстајн и сегашен дом на Ненси Пелоси денес е пример за крајно негативни промени кои дошле токму преку гласачката кутија.
Самите гласачи се одговорни што поставиле некој како Пелоси или Џон Кери, а уште потрагично е што со децении (иако на форумскиве прогресивци им смета што во други држави првите ешалони биле со децении на власт) таквите се на високи позиции и одлучуваат како да живееме.

Ако гласачите се одговорни, притоа гласачите се општеството, ти кажуваш дека општеството треба расчисти со таквите ко Пелоси и Кери. Не сфаќам на кој начин тоа би било возможно, посебно кога види за какви се дебилни работи, гласачите/ народот им дава зелено светло на одговорните во системот. :toe:

Сан Франциско е резултат на одлуките на современите, напредни прогресивни бањати чоеци и е пример дека прогресивно не мора да значи по автоматизам дека е нешто позитивно.
 
Точно, но не сите гласачи го искористуваат правото на глас, затоа го употебив изразот општеството.

И да не се залажуваме, проблемите на општеството ги опфаќаат и малолетниците кои немаат право на глас, а како што покажуваат трендовите во последните децении, наркотиците и трансродовите идиотизми полесно и побрзо се шират кај децата и младите отколку кај повозрасните. Тоа не ги амнестира родителите/старателите бидејќи дозволиле нивните деца/штитеници да бидат во допир со такви штетни супстанци и идеи, но истовремено ги потенцира недостатоците кај општеството во одбрана и заштита на најранливите.

И токму бидејќи гласачите дозволиле општеството да стигне до ова дереџе, се` помали ќе бидат шансите во иднина општеството да расчисти со сопствените канцерогени елементи преку гласачката кутија.

Русите расчистија со последниот руски цар Николај Втори Романов не преку гласачката кутија - иако за волја на вистината, Руската Империја никогаш не беше демократско општество - откако тој ги доведе до глад и недостаток на леб, додека истовремено од фронтот продолжија да пристигнуваат безживотните тела на нивните сакани и блиски, а царот и понатаму си играше со златни Фаберже јајца.

Германците исто така расчистија со последниот германски кајзер Вилхелм Втори не преку гласачката кутија.

Не велам дека и американците и европејците ги чека истото сценарио, всушност воопшто не ни верувам дека такво сценарио е изводливо во држави во кои медиумите и политичката елита се толку врзани едни со други, а вооружените сили не знаат за ништо друго освен да им служат на властите, а не на народот, но сепак еден Израел изеде ќотек со дрва и камења од Палестинците за време на Првата Интифада, па си ја свитка опашката и се повлече со наведната глава, па останува отворена можноста дека можеби и во САД и во европските држави ќе се појават луѓе на кои ќе им пукне филмот и ќе излезат надвор да одиграат на се` или ништо.
 
Русија велиш расчистиле со последниот цар, но што постигнаа.... секој што имал повеќе од 2 грама мозок, го убиле. Наместо да се бр.1, не се ни во топ 5. Германците и со цар и без цар, биле синоним за дисциплина и вредни, па пак со Јапонците се меѓу најпродуктивните нации. Енглезите, Данците, Норвежаните, не расчистиле со царевите/кралеви (како Русиите, Германците и ред други народи) па до пред некоја деценија, супер им идеше. Сега кралот јако си ги ебава, они пак си го величат, па за некоја година, ако воопшто излезат на улица, првин сами нека си опнат по некој бокс, што дозволиле до толку дегенерици да станат.

Не е финтата само општеството/народот да расчисти, туку што после чистката. Преку гласачките кутии, најбезболно би било, доколку имавме 2гр памет, арно ама пилето одамна ни е одлетано.

САД и ЕУ дефинитивно народ ќе излезе на улица и крв ќе тече, тоа го пишувам од 2014, финтата е што после, каков систем ќе се воспостави.
 
Да си жив и здрав, тоа е поентата на секоја човечка глупост: дали парите да ги даде за сметките или да оди во најблиската спортска обложувалница или во најблиското казино за да прокоцка по некој денар, па можеби ќе ги размножи или ќе излезе со прстот во уста.

Исто и Русите, Германците и сите останати кои расчистиле со повеќевековните власти, им дошло преку глава, ама не обрнале внимание кој ќе дојде после нив - што секако не значи дека погрешно постапиле, и јас да сум Русин во февруари 1917 би рекол дека царот мора да си оди од власт бидејќи дефинитивно е неспособен за водење на држава, и сигурно воопшто не би претпоставил дека швабите ќе го пуштат Владимир Илич Ленин од Швајцарија да ја премине Германија со воз и да се врати во Русија преку Финска, за само 8 месеци подоцна да ни приреди државен удар кој ќе резултира со граѓанска војна и милиони загинати, а уште повеќе бегалци, иселени и масовен глад на цивилното население.

Но и до денешен ден јас верувам дека Ленин и болшевиците победиле единствено и само затоа што привремената влада на чело со Александар Керенски не знаела како да расчисти со корумпираниот систем кој царот им го оставил во наследство, од една страна сакале демократска република, а од друга страна сакале Русија да остане активна во Првата Светска Војна на страната на Антантата, иако во меѓувреме од фронтот постојано пристигнувале само лоши вести и уште повеќе безживотни тела, истовремено без никакви идеи како да ги организираат индустријата и економијата со цел да ги обезбедат најосновните потреби како за цивилното население, така и за вооружените сили.

А ако погледнеме какви бањати паразити урлаа "нема правда = нема мир" во 2015 и 2016 година во Македонија, притоа посветени само на соборување на демократски избрана влада, без обѕир за тоа со кои луѓе, односно со што ќе ја заменат таа демократски избрана влада после нејзиното соборување, заклучокот е дека и после 100 (СТОТИНА) години човештвото - за жал - нема нешто многу напреднато.

Еве и мороните кои ги поддржуваа масовните карантини, изолации и задолжителните боцкања со неиспитани супстанци единствено мислеа само за денес, без да мислат за последиците од утре.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.348
Поени од реакции
43.141

Керенски немал кој да се бори за него, Корнилов кој бил главен на војската бил про царштина, фактички како Дража Михајловиќ. Ленин тука улетал и ја отворил октомвриската револуција и останатото е историја.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816
не знаела како да расчисти со корумпираниот систем кој царот им го оставил во наследство,
Не зезај и ти сега. УК пред 150год. знаеле како да се справат со корупцијата, а не знаеле Русите...
Корупција е многу лесно да се справиш. Укинуваш потребата од печат и нема причина за корупција. Полесно амин.

И да се вратиме на почетниот разговор, како очекуваш општеството да се врати на правиот пат?
Освен се да изгори, па од почеток, но проблемот е "семето".
САД кога се развивале, сепак покрај лошото "семе" имало доста квалитетно, но лесно расипливо семе сме :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.682
Не зезај и ти сега. УК пред 150год. знаеле како да се справат со корупцијата, а не знаеле Русите...
Корупција е многу лесно да се справиш. Укинуваш потребата од печат и нема причина за корупција. Полесно амин.

И да се вратиме на почетниот разговор, како очекуваш општеството да се врати на правиот пат?
Освен се да изгори, па од почеток, но проблемот е "семето".
САД кога се развивале, сепак покрај лошото "семе" имало доста квалитетно, но лесно расипливо семе сме :D
Е па ако сакаш јасен одговор, тогаш одговорот би бил: да гласаат за некоја трета опција.

Но за да го направат тоа, американците треба прво да се разбудат од нивниот толку сакан американски сон, бидејќи за да живееш во сон треба пред се` да бидеш во заспана состојба.

Заспана раја која воопшто не обрнува внимание на вистинските проблеми со кои се соочува општеството во кое живее, како што се национален долг, образовен систем, здравство, имиграциони политики, наркотици и други вистински проблеми на едно општество, не може да се очекува да гласа за некоја вистинска трета опција која би понудила вистински решенија за вистинските проблеми на општеството.

Еве како пример ќе ти ја спомнам републиканката Џенис Брувер, тогашна гувернерка на сојузната американска држава Аризона, која ненамерно го подбуцна Барак Хусеин Обама во 2012 година со нејзината книга Скорпиони за доручек. Жената бараше помош од федералната влада на САД за подобра заштита на границата на САД со Мексико, како и во борбата против нелегалната имиграција, бидејќи нарко-картелите и локалните мексикански криминалци кои живеат во близина на границата на Мексико со САД, си стекнале навика да киднапираат американски државјани од САД, да ги прошверцуваат низ границата во Мексико, за потоа од Мексико да бараат откуп од роднините и/или блиските на киднапираните американски државјани во замена за нивно ослободување. Замисли, изненадувачки на властите во САД баш сега во 2023 година - едно 11 (ЕДИНАЕСЕТ) години подоцна - им текна да посветат внимание на ваквите проблеми и да им се пожалат на мексиканските власти поради ваквите злосторства кои се вршат на двете страни од границата.

Берибери Обама и` се пожали на Џен Брувер поради начинот во кој таа го опишала во нејзината книга, а кој не бил баш по негов вкус, иако жената во пракса не се спротивставуваше на неговите политики, всушност дури и го поддржа неговиот закон за задолжително здравствено осигурување.

Нејзиниот политички грев беше во тоа што се осмели да побара помош од претседателот на САД за засилување на безбедноста на границата со Мексико и се осмели во книга да напише колку Берибери е незаинтересиран за да излезе во пресрет на нејзиното барање за помош.

Подоцна во 2016 година Брувер го поддржа Доналд Трамп на тогашните редовни претседателски избори.

Како и да е, тоа бидна и помина, а американската раја денес, исто како и тогаш, не се занимава многу со ваквите вистински проблеми со кои се соочува нивната држава.

Поважни се непостоечките проблеми, како обештетување на црнците во Калифорнија поради ропството - иако во Калифорнија никогаш немало ропство - правото на малолетниците да бидат трансродови, вината и одговорноста која им се припишува на денешните белци за злосторствата од минатото, како и бројни други измислени проблеми со кои заспаната раја денес се занимава.

А кога сме кај корупцијата во Русија за време на Првата Светска Војна, истата не можела да се прикрие само со укинување на печатот, бидејќи обичниот народ ги чувствувал последиците од истата.

На жените, сестрите и децата им пристигнуваат писма од мажите, браќата и синовите на фронтот за недостаток не само на оружје и муниција, туку и за најосновни услови за преживување на фронтот, но ете да речеме дека ќе ги секнеш и тие писма, тоа нема да го смени фактот дека продавниците се празни и нема ниту најосновни прехранбени производи, додека привремената влада на чело со Александар Керенски говори за понатамошно учество во Русија во војната, а не превзема ништо за решавање на проблемите по дома.

Нешто слично како ова што го живееме денес во северенфиромистан, со разликата што - засега - не сме во војна, барем не директно. Таква корупција не можеш да ја прикриеш само со секнување на печатот и поштата.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816
Е па ако сакаш јасен одговор, тогаш одговорот би бил: да гласаат за некоја трета опција.
Реално, баш Трамп беше трета опција, не е баш од клановите кои со децении се во политика, не е политичар од кариера, а се уверивме дека не го подзачисти мочуриштето. Јас сметам намерно, некои тврдат ненамерно, не можел, но тогаш тоа би значело дека се е џабе.
Плус нели самиот напиша дека гласачите се "заспани", а јас сметам не се заспани, туку народ тоа си го сака, сака да верува во лагите на комунизам/ социјализам, економска еднаквост (наместо еднакви пред законот), сака да постојат цареви,кралеви, фараони, кои ќе имаат апсолутна моќ да одлучуваат за нивните животи. Народ не сака лична одговорност, сака друг за него да мисли.
 
Член од
4 март 2020
Мислења
89
Поени од реакции
173
За што точно е обвинет Трамп не е толку битно, оти реалната власт („длабоката држава„) во САД може да му накалеми било какво обвинение, по било кој основ. Според мое скромно мислење, Трамп е обвинет прес се‘ затоа што не се вклопува во шемата од типски поставените Американски претседатели и додека беше на мандат, беше прилично своеглав (видете само како ги мењаше своите соработници...), и конечно, беше прилично конзервативно и патриотски настроен кон својата земја, без намера да ја користи престедателската моќ за отпочнување уште една, кој знае која по ред, Американска војна против непослушните народи и држви.

Уште е поверојанто дека Трамп, дури и како бизнисмен, не доаѓа од мрачните тајни здруженија (од типот “Череп и коска„) од чии редови произлегуваат „прецедниците„ од САД. Напросто, тие центри на моќ не поднесуваат состојба во која некој си „скороевиќ„ ќе им се меша у штипки. Тоа е една од причините ради која своевремено беше елиминиран Џ. Кенеди.
Автоматски споено мислење:

Еве зашто Зоќета никој не го „пипа„, небитно што стори еден куп противуставни дејанија, од типот на „капитулација„.
Трамп само си ја одигра својата улога и ја "спасуваше" Америка од "длабоката држава".
Исто како што сега Путин си ја игра својата улога и го "спасува" светот од таа "длабока држава".

Не знам зошто мислиш дека Трамп не се вклопувал во шемата и бил нешто поразличен од неговите претходници, само затоа што не членувал во Череп и Коски или некое друго друштво на смртта. Ни Кенеди не беше ништо поразличен, прочитај за неговата фамилија.

Двете страни во двете светски војни беа финансирани од ист центар исто со актери како сега (добри и лоши), само што обичните смртници се убиваа. Не е тешко за неколку претседатели да бидат "различни" и "да не се вклопуваат во шемата".
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.231
Поени од реакции
5.474

Трамп е бизнисмен, не политичар кој со децении седи во фотелјите од Конгресот или Сенатот и прима добра плата па ако му се ќефне, ќе се кандидира и за претседател на САД.

Плус, да беше Трамп согласно волјата од „длабоката држава„, можно е да ќареше уште еден мандат, како што тоа веќе се случува со сите прецедници кои се по мерка од „државата„. Трамп цело време од мандатот беше предмет на медиумска критика.

А Кенеди го јадеше најдебело, плаќајќи ја своеглавоста со својот живот...
 
Нема врска тоа што бил бизнисмен. Во сценариото пишувало претседателот да биде "различен" од претходните, да биде бизнисмен, да не е политичар и да биде критикуван и плукан од либералните медиуми и либералите, а да биде поддржуван од патриотите, десничарите и оние кои се против "длабоката држава", "кабалата" како сакаш наречи ја. Можеби грешам и не е така, ама според сите работи што се случија во неговиот мандат и потоа, не ми се верува дека не е така.
 
OK, штом така велиш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom