Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.810
Поени од реакции
8.260
Баш сакам да го видам видеото кај што праи бело финкињата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Незнам дали некој ја постираше изјавата на Марко Рубио.
Автоматски споено мислење:

Претседателот на Ел Салвадор:

Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.578
Поени од реакции
35.375
Има видео од лаптопот на татиниот син Бајден како малтретира некоја курва-и никому ништо. Ни човекови права ни бутур
Има видео од самиот Бајден како се фали дека го уценувал украинскиот главен обвинител (да го повлече случајот за син му Хантерчо). Никому ништо.

Eве:

Трамп наводно ебeл кypва, и наводно и платил да не зборува за тоа... КРИМИНАЛ.
Тие non-disclosure договори им се секојдневност, буквално не гледам како воопшто може да го осудат. Ама тука не е работата да го осудат, туку да го влечкаат по судови и да го шиканираат до после следните избори.
Автоматски споено мислење:

најверојатно сега ќе го малтретираат Трамп додека не поминат изборите за да не може да се кандитира.
Ова, или само 24/7 да го оцрнуваат за поглупите гласачи... Инаку не гледам како Брендон или онаа хиената што му е потпреседател, може да победат на избори.
(за волја на вистината не гледав ни минатите избори, ама не сметав на местењето, па и тоа е тука).
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.430
MМоже ли некој да објасни која е точната причина што го обвинуваат Трамп, според кој закон Трамп не смеел да и плаќа да молчи, јас колку што знам политичарите во САД си имаат измислено закон за лобирање каде законски смеат да си наплаќаат мито, па така зошто овој не би смеел на некому да му плати за да молчи, да речеме дека и платил со неоданочени пари ама тоа ќе се расчуеше до сега, не ми е јасно стварно.
 
Како и се друго што го прави Америка. По законот “ми се може”. Само што е тоа сега внатре и на многу високо ниво. Ароганцијата ќе ги урне како кула од карти.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683
Навистина убаво објаснување:

Каква корист од користење на резервната валута на некоја светска економија која утре може да си дозволи да ја користи истата таа валута како оружје ?

https://off.net.mk/vesti/mislenja/taker-otide-amerika-vo-siromashtija

Такер: Отиде Америка во сиромаштија

7 април 2023 - 13:27

„ Ако стварно веруваа дека ќе го срушат Путин со санкции, тогаш се поглупави отколку што изгледаат “
, вели Такер Карлсон во анализа на најопасната работа што им се случува на САД после Втората светска војна - напуштањето на доларот како светска резервна валута за што на Бајден не му чуе па најавува 9,5 милијарди долари за „јакнење на демократии по светот“.

Речиси 80 години, американскиот долар беше валута на светот. Немаше место на планетава каде би ви одбиле долари. Американската валута не беше универзална само затоа што се користеше во меѓународните трансакции и размени туку и затоа што се сметаше за долгорочно безбедно место за вредноста. Тоа беше добро за луѓето во Америка. Поради тоа што имаше многу долари во циркулација надвор од САД, позајмувањето пари внатре во САД беше вештачки евтино. Така средната класа можеше да си купи куќи, така американските влади можеа да прават астрономски долгови без сериозни последици.

Почнавме да се секираме пред една година, кога Русите влегоа во Украина. Таква војна сама по себе е сериозно пореметување но ситуацијата ја влоши западната реакција на таа војна. Оние што носат политички одлуки во САД полудеа. Бајден и Сенатот се решија не само да ја рушат руската власт и да работат на промена на режимот туку во воздух да го дигнат целиот глобален економски поредок кој толку долго ни одговараше.

Заканата за нас не се само оние милијарди долари што му ги праќаме на Зеленски. Тоа е крајно неодговорно но тоа нема да ѝ стави крај на Америка. Вистинската закана беа оние санкции без преседан кои Бајден ги наметна. Тие санкции требаше да ѝ наштетат на Русија но и лани ни беше јасно дека повеќе ќе ни наштетат нам.

Секој што ја доведуваше во прашање ваквата политика беше оцрнет како предавник и пион на Путин. Пленевме јахти, го затворивме Епл стор во Москва, нè убедуваа дека тоа се важни победи.

Човек се прашува дали тие навистина веруваа во тоа. Ако веруваа, тогаш се поглупави отколку што изгледаат. Санкциите никогаш немаше да функционираат како што беше ветено зашто, за разлика од САД, Русија нема финансиска економија. Руските олигарси не станале богати со кредитни акробации туку со продажба на реална стока која им е потребна на луѓето: нафта, гас, железо, ѓубрива, јаглен, жито... По некои параметри, руската економија е економија со најмногу ресурси на светот.

Една година подоцна, рубљата во однос на доларот стои исто како и пред почетокот на војната. Значи, не и наштетивме на Русија како што планиравме, си наштетивме себе си.

Од Дејли Колер:

„ Клучна одлика на светската резервна валута е нејзината аполитичност која сега Бајден ја гуши. Откако двете партии ја уништија стабилноста на доларот со инфлација, администрацијата на Бајден почна да мавта со него како оружје. Пораката до странците е јасна: да се фаќа џаде дур се може. САД ги замрзнаа доларските резерви на руската централна банка. Да биде јасно: тоа не се американски пари, тоа се долари кои ги поседува руската централна банка и рускиот народ. Потегот требаше да го сруши рускиот банкарски систем. Не испадна така. Наместо тоа, само се обелодени спремноста на Бајденовата администрација да стави шепа на трилиони долари кои странци легално ги поседуваат. Опасен преседан. “

Што се случи следно? Паметни странци почнаа да го напуштаат американскиот долар. Затоа што тој веќе не е доверлив и сигурен чувар на вредноста. Одеднаш тој стана политичко оружје. Што ако ја критикувате миграционата политика? Што ако ја критикувате трансџендер идеологијата? САД може да ве оценат како неморален и да ви го конфискуваат тоа што го имате. Затоа што веќе го имаат сторено тоа, со Русија.

И така доларот стана сè помалку привлечен за остатокот од светот. Де-доларизацијата започна со неверојатна брзина, речиси без никаков медиумски интерес. Русија тргува во своја и кинеска валута, Бразил и Кина тргуваат во свои валути, Пакистан исто а долго време беше американски сојузник, Индија и Малезија исто, дури и една Франција која ја имаме ослободено, користи јуани за трговијата со течен гас.

Ова се случува со брзина која никој не можеше да ја предвиди. А се чини дека никој во Вашингтон не сфаќа што се случува. Ако сакаш да го утепаш доларот, почни да го користиш како политичко оружје или да печатиш пари без мерка. Тоа е економија за шесто одделение.

Ама Бајден не може да се секира за тоа. Минатата недела тој најави 9,5 милијарди долари за „јакнење на демократии по светот“. Во меѓувреме, масовно се празнат нашите стратешки петро-резерви а златните резерви не ни се полни со генерации.

Како ова се поправа? За почеток, со итно запирање на војната во Украина, што можеме да го направиме. Наместо тоа, ние се буткаме кон директен конфликт со нуклеарна Русија.

Поразување на Русите во Украина не е нашата најважна задача. Таа е многу, многу подолу од заштитата на вредноста на доларот. Ако нашите неодговорни лидери продолжат вака, сè повеќе држави во светот ќе го напуштаат доларот.

И што ќе се случи потоа?

Сите тие долари од надвор ќе ни дојдат дома а нивната вредност уште повеќе ќе се ничкоса. Тоа ќе води кон сиромаштија во цела Америка, проследено со политички и културолошки земјотреси кои следат по економскиот колапс.

Катастрофа. Сме го виделе тоа и порано. Ги паметите оние слики од Вајмарска Германија во раните 20-ти? Куп пари недоволни за едно кафе, деца си играат со безвредни дојчмарк банкноти. Таа влада колабираше заради хипер-инфлација па настанаа комунистички побуни во цела Германија за сето тоа да заврши со доаѓање на нацистите.

Но, малкумина се сеќаваат што доведе до економскиот колапс кој го фрли цел свет во оган? Зошто германската влада ја уништи сопствената валута? Просто. Заради една бесцелна војна. Да, бесцелна војна го направи тоа.

Ние тоа го правевме со децении, во Виетнам, Ирак, Авганистан.... И успевавме да се извлечеме секој пат затоа што ја поседувавме светската резервна валута. Овојпат тоа може да биде многу, многу поинаку. Војна со Русија ќе биде последната војна која ние ќе можеме да си ја приуштиме.

п.с. Она што на малкумина Американци им е гајле (пошто имаат поголемо гајле по дома) е кога доларот ќе колабира и на Америка ќе ѝ искрснат еден куп проблеми, сите оние банана-држави кои таа ги одржува во живот, ќе се претворат во Сајгон и Кабул. Дури тогаш ќе биде весело овде.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.106
Поени од реакции
12.683
Потсетување:

Е па токму американците, а после нив и европејците, се тие кои мораат да расчистат со ваквите ѓубриња од луѓе наречени профитери наместо да гласаат за кандидати за јавни обвинители и други политичари кои се финансирани од нивните крвави раце.

Ама треба да им текне да ги однесат на суд и да расчистат со нив еднаш и засекогаш, како за свое добро, така и за доброто на целото човештво, но моментално - поточно веќе подолго време - имаат поважни занимации: бејзбол, рагби, фудбал, порнографија, наркотици и други опијати.

Карл Маркс рекол дека религијата е опиум за народите, но луѓето погрешно го разбрале тоа, бидејќи има бројни други далеку посилни опијати од црквата која денес ретко кој ја посетува и уште поретко кој ја слуша - ова не важи баш за арапите, ама повторно, тоа си е проблем кој западните држави свесно и своеволно си го предизвикаа.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.233
Поени од реакции
5.475
MМоже ли некој да објасни која е точната причина што го обвинуваат Трамп, според кој закон Трамп не смеел да и плаќа да молчи, јас колку што знам политичарите во САД си имаат измислено закон за лобирање каде законски смеат да си наплаќаат мито, па така зошто овој не би смеел на некому да му плати за да молчи, да речеме дека и платил со неоданочени пари ама тоа ќе се расчуеше до сега, не ми е јасно стварно.
За што точно е обвинет Трамп не е толку битно, оти реалната власт („длабоката држава„) во САД може да му накалеми било какво обвинение, по било кој основ. Според мое скромно мислење, Трамп е обвинет прес се‘ затоа што не се вклопува во шемата од типски поставените Американски претседатели и додека беше на мандат, беше прилично своеглав (видете само како ги мењаше своите соработници...), и конечно, беше прилично конзервативно и патриотски настроен кон својата земја, без намера да ја користи престедателската моќ за отпочнување уште една, кој знае која по ред, Американска војна против непослушните народи и држви.

Уште е поверојанто дека Трамп, дури и како бизнисмен, не доаѓа од мрачните тајни здруженија (од типот “Череп и коска„) од чии редови произлегуваат „прецедниците„ од САД. Напросто, тие центри на моќ не поднесуваат состојба во која некој си „скороевиќ„ ќе им се меша у штипки. Тоа е една од причините ради која своевремено беше елиминиран Џ. Кенеди.
Автоматски споено мислење:

Еве зашто Зоќета никој не го „пипа„, небитно што стори еден куп противуставни дејанија, од типот на „капитулација„.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.578
Поени од реакции
35.375
Е па токму американците, а после нив и европејците, се тие кои мораат да расчистат со ваквите ѓубриња од луѓе наречени профитери наместо да гласаат за кандидати за јавни обвинители и други политичари кои се финансирани од нивните крвави раце.

Ама треба да им текне да ги однесат на суд и да расчистат со нив еднаш и засекогаш, како за свое добро, така и за доброто на целото човештво, но моментално - поточно веќе подолго време - имаат поважни занимации: бејзбол, рагби, фудбал, порнографија, наркотици и други опијати.
Кој да расчисти, и со кој да расчисти?
Мислиш дека гласачите во САД/ЕУ го контролираат тоа?

Сорош е само видливиот дел од сантата мраз, работи за истата таа олигархија која ги контролира политиките на западот и голем дел од случувањата во светот. Во театарот кој не убедуваат дека се викал демократија, таму не се одлучува ништо суштинско.

поважни занимации: бејзбол, рагби, фудбал, порнографија, наркотици и други опијати....
Леб и циркус, тоа му се дава на народот за да биде мирен. Уште за врене на Римјаните (а и пред нив) се знаело тоа.
 
Точно, но тоа не го менува фактот дека тие проблеми се проблеми на целокупното општество, како во САД, така и во Европа, така и во целиот свет.

И секако дека гласачите се најмалку важниот фактор во целата приказна - под претпоставка дека воопшто се било каков фактор, се разбира.

Општеството е тоа кое треба да си расчисти со ваквите ѓубриња од луѓе наречени профитери доколку сака да има мирен, стабилен и пред се` слободен развој, како во сегашноста, така и во иднината.

Колку повеќе и подолго време општеството го одлага таквото расчистување со тие ѓубриња од луѓе, толку полесно и побрзо истите тие ѓубриња од луѓе ќе расчистат со општеството.

Или ќе се занимаваш со политика, или политиката ќе се занимава со тебе.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.440
Поени од реакции
7.816

Не си баш јасен.
Прво велиш гласачите биле најмалку важен фактор, а после општеството да расчистено.

Општеството нели е збир од гласачите, луѓето се општеството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom