Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793

Автоматски споено мислење:


Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Тешко ќе му оди на Маск, води војна во која не смее да прави вакви глупости.

Акциите на Тесла многу паднаа и многу многу луѓе губат пари и не се среќни со тоа што го прави со Твитер, вклучително најголемите хеџ фондови како Блакрок.
Јас лично мислев дека после Треј Гауди, либерал-фашистите нема да видат повторно некој кој бара одговори и одговорност во американскиот Конгрес барем во наредните 50 (ПЕДЕСЕТ) години.

Вообичаено ваквите парламентарни театарски претстави речиси секогаш завршуваат без поднесени обвиненија, а дури и кога завршуваат со поднесени обвиненија, вообичаено обвиненијата речиси секогаш завршуваат без кривична осуда во судница.

Но мило ми е бидејќи сум згрешил бидејќи мислев дека после Треј Гауди во наредните 50 години нема да се појават нови ликови кои ќе бараат одговори и одговорност во американскиот Конгрес.



Оваа вторава женска Лорен Боберт дури и за украинската зеленика нема нешто љубов, барем не финансиска љубов.


https://off.net.mk/vesti/svet/za-vashington-stanuva-neprijatna-mokjta-na-mask

За Вашингтон станува непријатна моќта на Маск

24 март 2023 - 12:56

Тесла е еден од столбовите на климатската агенда на Бајден, Спејсикс е клучен за амбициите на НАСА за истражување на вселената со луѓе, Старлинк е највиталниот комуникациски систем за Украина и украинската војска, и сето ова е во рацете на еден човек, што беше доволно голем проблем и пред тој во својата колекција да го додаде и Твитер.



„ Но Твитер е каде Маск, самопрогласениот 'шеф-твит' на платформата, предизвикува најголеми проблеми за тимот на Бајден “, пишува Блумберг.

Со доаѓањето во Твитер, Маск освен што избрка над 70% од вработени, во исто време реши да скине добар дел од контролите и модерирањето на содржината што беа воведени од претходното раководство на компанијата. Блумберг проценува дека тој стана се поблизок со Републиканците кои тврдат дека се цензурирани од технолошката индустрија.

„ Во рамки на администрацијата на Бајден, некои од највисоките функционери се плашат дека меѓу неговата бизнис империја, неговото богатство и политички сојузништва, 51-годишниот Маск им е сосема вон дофат. Тој изгледа како самоволно да одлучува, на пример, како Украина може да го користи Старлинк сервисот - што наликува на претседателско однесување кое не е типично за компанија најмена од Пентагон.

Тие се плашат и дека заради се поголемото присуство на Тесла во Кина и зависноста на Маск од финансирање од Блискиот Исток за купувањето на Твитер, тој може да е ранлив на странска манипулација “, сметаат од Блумберг.

Американски функционери ја опишуваат Тесла како „кинеска компанија со подружница во Америка“, тврдејќи дека половина од глобалното производство на Тесла во 2022 доаѓа од Шангај, а во октомври демократскиот сенатор Марк Ворнер, изјави:

„ Мислам дека не постои друг Американец кој е позависен од дарежливоста на Кинеската комунистичка партија од Илон Маск “.

Кога Блумберг го контакира Маск преку меил и го прашува околу загриженоста на администрацијата на Бајден околу него, тој одговара: „ Јас верувам во Уставот? Дали и тие? “

Луѓе од истата оваа администрација шпекулираа дека владата еден ден ќе мора да ја растури бизнис империјата на Маск на ист начин како што му го направија тоа на Рокфелер пред повеќе од еден век. Најголема препрека тука е што американските судови последнава деценија не се многу наклонети кон такви одлуки.

Една алтернатива што се размислува е Маск да се закачи за купувањето на Твитер и тоа преку Комитетот за странски инвестиции во САД, кој може да блокира корпоративни трансакции во кои се вклучени странци по основа на загриженост за националната безбедност.

Причина за ова е што во купувањето на Твитер Маск доби финансиска помош од саудискиот принц Алвалид бин Талал, од основачот на Бинанс Чангпенг Жао, и суверениот фонд на Катар. Стравот е дека за возврат истите овие луѓе добиле пристап до корисничките податоци од Твитер.

„ Маск е проблем за администрацијата на Бајден во смисла на нивна меѓузависност. Неговите компании се порамнети со клучните елементи од агендата на претседателот, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на електрични возила кои се во оптек.

Ова повремено доведува до непријатен брак од корист, кој станува се потежок како што Маск почнува во својата реторика за иднината на човештвото да вмешува политика без ракавици “, смета Блумберг.

Пример за проблематичната меѓузависност беше состанокот на претставници на Белата куќа со Маск од февруари годинава. На нивно инсистирање тој се согласи својата мрежа на полначи за електрични возила (најголема во САД), да ја отвори и за останатите видови на електрични возила. Бајден кој обично избегнува да го споменува Маск кога зборува за својата зелена агенда главно заради отпорот што Маск го има кон синдикатите, овој пат директно му се заблагодари на сопственикот на Тесла. Кратко по ова неколку вработени од фабриката на Тесла во Бафало поднесоа жалба до државата во која обвинуваат дека биле отпуштени затоа што се обиделе да формираат синдикат.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.016
Поени од реакции
11.203


Нека трепка :icon_mrgr:
Оранж гангстер :icon_lol:
Бил и сукњата .
Интерконтинентал балистик твит :pos:
Ги искина братот.

Кој и да е типацов алал нека му е. Треба она карикатурата во С.Кореа да го ангажира типот што ги трола.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.801
Поени од реакции
8.390

Washington — The Senate on Wednesday voted to repeal the legal justifications used to attack Iraq in 1991 and 2003, endorsing a rare bipartisan effort by Congress to revoke the authority to wage war from the executive branch just days after the 20-year anniversary of the start of the Iraq War.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Washington — The Senate on Wednesday voted to repeal the legal justifications used to attack Iraq in 1991 and 2003, endorsing a rare bipartisan effort by Congress to revoke the authority to wage war from the executive branch just days after the 20-year anniversary of the start of the Iraq War.
:bravobe:

Значи сега по ново би било нелегално за американски претседател да си игра воени авантури во Ирак - барем во согласност со американските закони, меѓународното право од друга страна не вреди ни колку хартијата врз која е пишано, а која не ја бива ни за тоалетна употреба.

А ако било кој сегашен или иден претседател на САД сепак одлучи да изврши воени напади врз Ирак, каде ќе треба да се поднесе жалба против ваквите постапки на федералната влада на САД ?

И дали Ирак како нападната држава ќе има право да се жали против истите тие постапки на истата таа федерална влада на САД ?
 
Ф

Флеш

Гостин
Ќе го апселе Трамп денеска.
Тачно . Кои курви станаа Демокративе :pos:Знаат дека ќе тепа. Абе и платил на курва да не јаде гомна многу . Оваа типично за нејзе :pos:За банална работа го апсат .... Па на овој син му е тежок наркоман и исто плаќа курви .... Двојни принципи на дело
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Ќе го апселе Трамп денеска.
Тачно . Кои курви станаа Демокративе :pos:Знаат дека ќе тепа. Абе и платил на курва да не јаде гомна многу . Оваа типично за нејзе :pos:За банална работа го апсат .... Па на овој син му е тежок наркоман и исто плаќа курви .... Двојни принципи на дело
Најсмешното е тоа што и од затворска ќелија Доналд Трамп ќе има право да се кандидира за претседателски мандат, бидејќи не постои закон кој забранува лица обвинети за било какви незаконски дела да се кандидираат за јавна функција и да учествуваат на избори.

Целта на ваквиот лов на вештерки е да се испитаат предизборните води, сепак од кога Врховниот Суд на САД ја укина задолжителната вакцинација во јануари 2022, па наваму, на другарот Јосиф и неговата либерал-фашистичка дружина само неубави вести им пристигнуваат како од дома, така и од надвор.

Секако дека можат до бескрај да глумат лудило и да се преправаат дека се` е супер, ама американските закони велат дека пратениците во американскиот Конгрес се избираат еднаш на секои 2 години, пратениците во американскиот Сенат се избираат еднаш на секои 6 години, а американскиот претседател и заменик-претседател се избираат еднаш на секои 4 години, така што сите избори и/или референдуми секогаш се одржуваат во ноември, а избраните јавни функционери стапуваат на должност во јануари.

Наредни претседателски избори во САД, парламентарни избори за пратеници во американскиот Конгрес, како и парламентарни избори за 34 од вкупно 100 пратенички места во американскиот Сенат, треба да се одржат во ноември 2024, што им ја ограничува временската рамка за продавање магла на рајата на другарот Јосиф и неговите либерал-фашистички послушници и следбеници.

Обвинение и евентуален притвор на плавиот Трамп се само дел од малата залиха на магла што им е` останата за продавање на рајата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Па на овој син му е тежок наркоман и исто плаќа курви .... Двојни принципи на дело
Остај син му курви и дрога, снимано, туку што правиме со тие туширањата со ќерка му? Се жалело девојчето дека чекала во ниедно време да влезе да се тушира, да има помалку шанси Брендон да и влезе под туш. :unsure:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
@Bafra Алекс Џоунс све предвидел
Теориите на заговор се вообичаено досадни и неинтересни за рајата.

Кога ќе се покажат и докажат како точни и веродостојни, тогаш стануваат уште подосадни и понеинтересни за рајата.

Рајата сака добро шоу, сака спектакл, вистината не е ниту малку забавна, а уште помалку па спектакуларна.

А кога ќе завршат забавата и спектаклот, на рајата и` останува да си бара било какво средство за смирување и седативи за да избега од реалниот свет.

Некои бегаат од реалноста во црква, некои во потрага по мисија - дали света мисија од типот мир и љубов на Земјата, дали извитоперена мисија од типот власт на супериорната раса, или од типот спасување на околината и планетата по секоја цена, па макар и по цена на враќање на човештвото во Средниот век - некои бегаат во депресија, а некои одлепуваат и одлучуваат да си ги скратат сопствените маки трајно и неповторливо на експресен начин, понекогаш откако претходно ќе им ги скратат маките трајно и неповторливо и на други несреќници кои единствен грев во последните моменти од нивните животи била нивната местоположба на погрешно место во погрешно време веднаш до вистински манијак чии што родители/старатели, воспитувачи и наставници не го научиле дека животот е борба и дека човекот учи додека е жив.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.324
Поени од реакции
29.793
Отприлика така, еве и за Брендон толку работи има во јавност да никој не се замара веќе со него... Иако во исто време е многу важно тоа што Трамп наводно и платил на проститутка да не зборува услугите што (наводно) му ги пружила. Еј замисли eбeл курва, какво злодело. Во исто време за Бајден не е чудно што син му бил во надзорен одбор на Бурисма (украинската национална нафтена компанија, сега приватизирана) и куп други компромитирачки моменти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom