Во Аризона има околу 450.000 непробројани гласови, тоа се гласовите од денот на изборите каде, вообичаено, доминираат републиканците. Ако соодносот на гласови биде 60-40%, тогаш Аризона може повторно да стане црвена држава. Во овој момент Кели, демократот, води со 80.000 гласови. Лејк, од друга страна, има подобар перформанс од Мастерс, што значи дека не се гласа чисто по партиска линија. Се преферира еден кандидат пред друг, и тоа кај републиканското гласачко тело.
Во Невада, мислам дека се пребројани 80% од гласовите, републиканците водат со 20.000 главоси.
Во Џорџија ќе има специјални избори. Варнок има предност од некои 35.000 гласови, но ги немаше освоено потребните 50% од гласовите. Републиканците ги имаат гласовите, Кемп лесно победи, но повторно се преферира еден кандидат за гувернер, а друг, демократ, за сенатор. Вокер е одличен кандидат, прашањето е дали може да извлече дел од гласачите на Кемп.
Во Охајо, Венс лесно си победи, но ако се номинирање Џим Џордан републиканците немаа да имаат никакви главоболки. Мора да му се признае за храброста на Тим Рајан, не сакаше Џо да застане зад него и отворено изјави дека Џо не треба повторно да се кандидира за претседател.
Од друга страна, за Пенсилванија. Дали Мекормик ќе беше подобар кандидат, републиканскиот кандидат кој тесно загуби од Оз? Тешко е да се каже, но лесно е да се биде генерал после секоја, веќе, завршена битка. Оз, на денот на изборите, влезе со негатива од 500.000 гласови, најголемиот дел од регистрираните демократи гласаа пред дебатата. Навистина не знам кој со сиот здрав памет би гласал за Фетерман. Пред се пд политички аспект. Политиките му се ужасно ужасни.
И во Њу Хемпшир се пресликува сликата од Џорџија и Азирона, се гласа за еден гувернер, кој прелесно победи, а за друг сенатор. Иако републиканците туку и немаа изгледни шанси. Разликата беше преголема, немаше премногу финансии вложени во сенаторскара трка, колку што имаше во гувернерскара.
За мене најголеми изненадувања беа Пенсилванија и Канзас. Другото беше помалку или повеќе очекувано.
Кратка забелешка за дел од кандидатите на демократите. Победи Њусам, победи Витмер! Она имплементираше доста стриктни Ковид рестрикции, но затоа што спаѓа во елитата за која не важат пропишаните правила, ги прекрши. Со Фетерман, топ 3 најужасните кандидати на овие избори, не само кај демократите, туку општо.
Воедно, мислам дека доаѓа крајот на (конгресменската) политичката кариера на Пелоси. Се зборува дека може да стане амбасадор во Италија.