Законите за ограничување на абортусот се глупи зашто нема да ја исполнат целта и второ, ги погодуваат само сиромашните жени. Некоја калаштура што се ебе наоколу и праи по два абортуси годишно, ќе има пари да си летне негде кај што прават абортуси и да си заврши работа.
Тука ќе наебе некоја хиспано чистачка или сиромашен пар на кој им се десило незгода. Уште полошо, ќе прибегнат кон други полоши опции и абортуси по подруми.
Е па токму во тоа е поентата.
Ако жена сака да абортира ќе го направи тоа легално или нелегално, исто како што и криминалците ако сакаат да се опремат со оружје ќе го направат тоа легално или нелегално, едноставно не постои закон на хартија кој може да влијае врз човечкиот менталитет и начин на размислување. Тоа што е потребно е поголема едукација, а не поголема легислатива која на крајот нема да резултира со ништо.
Левичарите и либералите се палат на правото на абортус како на света реликвија бидејќи е лесна алатка за привлекување на недоволно едуцирани луѓе, а особено жени - морав да спомнам луѓе, а не само жени, бидејќи има и мажи кои го поддржуваат абортусот, особено ако станува збор за нивно дете кое тие не сакаат да се роди.
И еве ги, уште од првиот ден кога Врховниот Суд на САД ја донесе пресудата, експресно со истите лаги "Врховниот Суд на САД го укина правото на абортус". Вистината е поинаква, вистината е дека абортусот и понатаму останува човеково право во САД, со разликата што повеќе не е загарантирано право на федерално ниво на САД, туку ќе биде право регулирано на ниво на сојузните американски држави, така што секоја сојузна американска држава ќе може самостојно да донесува закони со кои ќе го регулира абортусот.
Па дури и жените од сојузните американски држави како Мисисипи, каде што денес има цела ЕДНА клиника за абортус, ако навистина сакаат да абортираат, едноставно ќе си ги спакуваат парталите и ќе фатат џаде во најблиската држава која им гарантира неоспорливо и загарантирано право на абортус. Калифорнија на пример, несомнено ќе остане рај за левичарите и либералите, а правото на абортус најверојатно ќе им остане свето право кое калифорниските левичари и либерали со задоволство и бескомпромисно ќе им го гарантираат на сите жени кои ќе дојдат во нивната сојузна американска држава по абортус.
Повредените - и тоа само површински малку подизгребани, а не сериозно повредени - од ваквата пресуда на Врховниот Суд на САД, не се жените во САД, туку профитерите од бизнисот со абортирани фетуси, кои се колнат и ќе продолжат да се колнат во светото право на абортус само бидејќи е нивно свето право за профитирање од трговија со абортирани, но сеуште неумрени организми.
Е за ваквите ѓубриња од луѓе наречени профитери треба жените да бидат едуцирани подеднакво колку што треба да бидат едуцирани и за нивното право на абортус.