Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Не, ама проблемот кај тебе е следниов: еве си успеал да им ги земеш парите на најбогатите 1% (никој не знае сеуште зошто) во САД и истите финансиски опаѓаат и се припојуваат кон најбогатите 10%. Тие најбогати 10% повторно ќе имаат многу повеќе пари и многу полесно ќе доаѓаат до ресурси отколку најсиромашните 10%. Секогаш ќе имаш ветерница со која ќе сакаш да се бориш.

Само и најбогатите 1% не се глупави, ќе го преселат капиталот. :)
На најбогатите во САД, и тие 1%, и тие што влегуваат во 10%, да им се одземат сите пари, ништо да не им остане, пак нема да има пари ни 10% од државниот долг да се покрие. Значи никаква корист. Освен сите да бидат еднакво сиромашни.

Они се повикуваат демек, ќе им се помогне на ниската класа. Ако тоа им е целта, многу е едноставно. Секој што е на минималец или малку над минималец, ослободи го од придонеси и даноци, значи цела бруто плата нека ја добива, ништо да не иде во буџетот. Повеќе пари ќе им останува и ете, решен е проблемот. Арно амаааа....

Не бараат виновниците за државниот долг да се обесат и се да им се одземе, бидејќи ем повеќе потрошени пари, ем никаков позитивен резултат. Не бараат можности сиромашните да станат попродуктивни и поимотни, туку и тие поуспешните, уништи ги, нека бидат сите еднакво сиромашни.
Тоа е против природните закони и се надеваат дека така ќе си остане :facepalm: . Во природата се е различно, само се подеднакво подлежи на природните закони.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Истото му го кажа Круз на Берни. Затоа им ја посочив таа дебата (на последниве 2-3 страни тоа го напишав). :)

Сега зошто најбогатите би морале да го понесат товарот за подобрување на животниот стандард и за враќање на државниот долг (кога имаат повисоки и даночни стапки и даночни основи), останува Тенеке да ми одговори. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000

Затоа што САД не станаа толку просперитетни со олку ниски даноци. После втора светска војна некои даноци биле и 90% за богатите. Затоа бумерите ужуваа во животот како бубрези во лој, затоа што се практично се му беше бесплатно, прав социјализам.

Ама СССР му дишеше во врат на неолиберализмот, па мораа да ги усреќат и сиромашните.
 
Тенеке, претпоставувам е во средна класа и смета дека даноците ќе се однесуваат само на тие 1%, него нема да го опфатат.
Само што, во други постови, си има кажано, дека тие 1% ги поткупуваат одговорните од системот и караванот си тера. Не знам со кој памет се надева дека него нема да го опфати било какво зголемување на даноци, туку само тие 1% и тие баш така ќе се согласат.:toe:
 
Знаеш дека денес има натпревар меѓу одредени држави во САД, со цел да ги привлечат компаниите од другите држави и ги спуштаат даноците или не ги качуваат? Така има миграција од Њу Јорк и Калифорнија кон Флорида и Тексас. Види колку луѓе си отишле од Њу Јорк во последните 5 години.
Пак кажувај ти даноци. :)
 
Тоа не е проблем, баш напротив, ќе квичат Републиканците за некоја година :D
Автоматски споено мислење:

Тенеке, претпоставувам е во средна класа и смета дека даноците ќе се однесуваат само на тие 1%, него нема да го опфатат.
Само што, во други постови, си има кажано, дека тие 1% ги поткупуваат одговорните од системот и караванот си тера. Не знам со кој памет се надева дека него нема да го опфати било какво зголемување на даноци, туку само тие 1% и тие баш така ќе се согласат.:toe:
Бафра тоа е проблемот, што средната класа е јако оданочена од досегашните влади во САД. Тоа е тоа што треба да се смени. Баш заради тоа што на богатите му остануваат огромни количини на пари, паметни се и ги користат да потплаќаат политичари.

Тоа е и целта на Берни.

Бајден, како добро дете на Демократите, длабоко е завлезен во гомната на Клинтонови. За среќа последниве години левичариве претставуваат големо гласачко тело на Демократите, па мораат да му удоволат одредени работи. Берни не глуп, знае што може да постигне, а што не може.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Тоа не е проблем, баш напротив, ќе квичат Републиканците за некоја година :D
Не би рекол. Можеш да се залагаш за помали даноци за средната класа и не верувам дека некој ќе има нешто против.

Ти ги разбирам поентите. Историски гледано, кога се намалуваат даноците, се зголемува јавниот долг (тоа започнува со Реган), но исто така се зголемуваат и непродуктивните трошоци т.е. буџетските изливи (како 700 милијарди воен буџет, на пример) што не е вина на најбогатите. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Не би рекол. Можеш да се залагаш за помали даноци за средната класа и не верувам дека некој ќе има нешто против.

Ти ги разбирам поентите. Историски гледано, кога се намалуваат даноците, се зголемува јавниот долг (тоа започнува со Реган), но исто така се зголемуваат и непродуктивните трошоци т.е. буџетските изливи (како 700 милијарди воен буџет, на пример) што не е вина на најбогатите. :)
Како не е вина на најбогатите ? :)

Кој раководи со воениот сектор?

Убаво направи споредба со Реган, со него започнува пропаѓањето на средната класа. Не само што приходите не се прилагодени на инфлацијата, туку одредени трошоци како образование и здраство експлодираа, заради мешањето на разни лоби групи.

Имам еден пријател во САД, средна класа е човеков, си има бизнис, ми личи на некој што има 200.000 - 500.000$ годишно, квичи дека скапо било образованието и се плашел да појди во болница.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Како не е вина на најбогатите ? :)

Кој раководи со воениот сектор?

Убаво направи споредба со Реган, со него започнува пропаѓањето на средната класа. Не само што приходите на се прилагодени на инфлацијата, туку одредени трошоци како образование и здраство експлодираа, заради мешањето на разни лоби групи.

Имам еден пријател во САД, средна класа е човеков, си има бизнис, ми личи на некој што има 200.000 - 500.000 $ годишно, квичи дека скапо било образованието и се плашел да појди во болница.
Раководи секретар.

Со Реган не се уништи средната и ниската класа. Ниту ја зголеми сиромаштијата. Баш Клинтон и Буш помладиот имаа полоши резултати на тоа поле. Реган ја заврши рецесијата која ја мачеше САД. И пак, преку 70% поддршка, 3 претседателски мандати за републиканците по ред и пораз само во 1-3 држави, ако не се лажам. Вистинска чистка на електорската мапа направи. :)

По Реган поминаа 40 години. Зошто ништо не е променето? Обамакерот ништо всушност и не подобри. Демократите едно време имаа и 60 сенатори. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Бафра тоа е проблемот, што средната класа е јако оданочена од досегашните влади во САД. Тоа е тоа што треба да се смени. Баш заради тоа што на богатите му остануваат огромни количини на пари, паметни се и ги користат да потплаќаат политичари.

Тоа е и целта на Берни.
1. Колку им останува на богатите, ама баш ич не ме интересира. Ме интересира колку мене ми останува и што добивам за возврат од системот.

2. За богатите треба да те интересира на кој начин доаѓаат до тоа богатство. Треба на пример да те интересира како Гејтс и Безос се на оваа позиција сега, а тоа не е со иновација или праведно работење. Природно е да постојат 1%, ама да се дојдени на праведен начин, не со злоупотреба на системот.
Историски гледано, последици од републиканско уредување се олигархија. Ама човечката природа не се менува, затоа се се повторува. Така и оваа Западна цивилизација мора да пропадне и одново ќе се почнува.

3. Тоа што треба да се смени е да се забрани неконтролирано и толкаво задолжување, да се забрани членување во партии, да се забрани политичари од кариера да имаат моќ да носат 1000ци закони и регулации, да се забрани толкав % на администрација со приватен сектор итн.

Колку што знам, ти дома немаш 5 слугинки, не земаш кредити, за да имаш 5 луксузни автомобили, не им дозволуваш на неписмените и без искуство слугинки да ти кажуваат што смееш да работи, под кои прописи и колку да ти земаат од создаденото.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Многу е напорно да се дискутира со вас двајцата, затоа што сте како близнаци. Сега веќе ме свртивте во круг и пак сме на почеток.

Думбледоре пак се враќа дека тоа што некој победил на избори било добро, а во суштина со неговите политики се создадоа услови за оваа голема нерамноправност. Бафра измеша се во еден пост, не можам да го разберам, ваљдаа бара ново општествено уредување.

Обамакаре постигна многу. Беше крајно осакатен од страна на републиканците, но сепак толку е успешен, што во моментов 70% од американците го поддржуваат. Дури и 60% републиканци го поддржуваат.

И не само што го поддржуваат обичните граѓани, туку и малите и средните бизниси почнаа да го сакаат, затоа што увидоа дека му се намалија трошоците за здравствно за работниците.

Лагата во Обамакаре, беше дека ќе се зголемеле трошоците, што не е точно, трошоците за здраствено се до небо, а уредување на тоа од страна на државата ќе го спушти во нормални граници.

Впрочем @Dumbledore знаеш што е, можеби единствената добра работа што ја направи Трамп ?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Впрочем @Dumbledore знаеш што можеби единствената добра работа што ја направи Трамп ?
Еднојајчани или двојајчани?

2 пати направи чистка. Економски бум... култ кон Реган немаат само републиканците, туку и демократите. Менувањето на политичката клима влијае и врз бизнис климата во САД. Гледај и учи од миграцијата. Никој не бега од добро.

Просветли ме. :pipi:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Еднојајчани или двојајчани?

2 пати направи чистка. Економски бум... култ кон Реган немаат само републиканците, туку и демократите. Менувањето на политичката клима влијае и врз бизнис климата во САД. Гледај и учи од миграцијата. Никој не бега од добро.

Просветли ме. :pipi:
Каква чистка направил Трамп :confused: . Ниту Хилари ја чепна, ниту некој друг, чак што више дозволи Епстајн да се самоубие неколку пати :sneaky:

Да, економски бум направи, само потенцирај му на Тенеке дека тоа се случи откако ги намали даноците, што е сосема спротивно од неговото верување :D

Бафра измеша се во еден пост, не можам да го разберам, ваљдаа бара ново општествено уредување.
Епа затоа ти пишуваш контрадикторности, неефикасни (неприродни) мерки. Ај полека полека ќе сфатиш, како што почна да разбираш за имунитет :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Еднојајчани или двојајчани?

2 пати направи чистка. Економски бум... култ кон Реган немаат само републиканците, туку и демократите. Менувањето на политичката клима влијае и врз бизнис климата во САД. Гледај и учи од миграцијата. Никој не бега од добро.

Просветли ме. :pipi:
Никој не бега од добро? Немој така, другар ти, а можеби и ти, еве му предвидувате катастрофа на Германија, Шведска, Австралија, Канада :pos:

Единствената добра работа што ја направи Трамп е спуштањето на цените на инсулинот од некаде $200 на разумни $35. Ама многу му се налути фармацевтското лоби.

Серково Бајден ја поништи таа одлука.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Никој не бега од добро? Немој така, другар ти, а можеби и ти, еве му предвидувате катастрофа на Германија, Шведска, Австралија, Канада :pos:

Единствената добра работа што ја направи Трамп е спуштањето на цените на инсулинот од некаде $200 на разумни $35. Ама многу му се налути фармацевтското лоби.

Серково Бајден ја поништи таа одлука.
Германија, Канада и Шведска примаат премногу мигранти. Тоа им е огромна грешка. Не може ниту еден систем да издржи такво преоптоварување на долг рок.

Ги спушти цените и на другите лекови, не само на инсулинот. :pipi:
Автоматски споено мислење:

Каква чистка направил Трамп :confused: . Ниту Хилари ја чепна, ниту некој друг, чак што више дозволи Епстајн да се самоубие неколку пати :sneaky:

Да, економски бум направи, само потенцирај му на Тенеке дека тоа се случи откако ги намали даноците, што е сосема спротивно од неговото верување :D
Зборувавме за чистката на Реган, за неговите политики. Види ја електорската мапа. :)

Трамп ги копираше политиките на Реган.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom