На најбогатите во САД, и тие 1%, и тие што влегуваат во 10%, да им се одземат сите пари, ништо да не им остане, пак нема да има пари ни 10% од државниот долг да се покрие. Значи никаква корист. Освен сите да бидат еднакво сиромашни.Не, ама проблемот кај тебе е следниов: еве си успеал да им ги земеш парите на најбогатите 1% (никој не знае сеуште зошто) во САД и истите финансиски опаѓаат и се припојуваат кон најбогатите 10%. Тие најбогати 10% повторно ќе имаат многу повеќе пари и многу полесно ќе доаѓаат до ресурси отколку најсиромашните 10%. Секогаш ќе имаш ветерница со која ќе сакаш да се бориш.
Само и најбогатите 1% не се глупави, ќе го преселат капиталот.
Они се повикуваат демек, ќе им се помогне на ниската класа. Ако тоа им е целта, многу е едноставно. Секој што е на минималец или малку над минималец, ослободи го од придонеси и даноци, значи цела бруто плата нека ја добива, ништо да не иде во буџетот. Повеќе пари ќе им останува и ете, решен е проблемот. Арно амаааа....
Не бараат виновниците за државниот долг да се обесат и се да им се одземе, бидејќи ем повеќе потрошени пари, ем никаков позитивен резултат. Не бараат можности сиромашните да станат попродуктивни и поимотни, туку и тие поуспешните, уништи ги, нека бидат сите еднакво сиромашни.
Тоа е против природните закони и се надеваат дека така ќе си остане . Во природата се е различно, само се подеднакво подлежи на природните закони.